Прво издание на „Кичево филм фестивал“


 Од денеска до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на „Кичево филм фестивал“ кој, како што најавија организаторите, ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо. Фестивалската програма опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, настапи на диџеи […]

Патувачкото кино на „МакеДокс“ повторно тргнува на пат низ Македонија


По седумнаесетти пат, Патувачкото кино на „МакеДокс“ тргнува на пат, натоварено со документарни приказни и подготвено за проекции под отворено небо. Од 10 до 17 јули, караванот на Патувачкото кино ќе помине низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко […]

Студенти од странство дел од Летната археолошка школа BEAM, истражуваат на локалитетот Барутница


Студенти по археологија од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија и други држави, ова лето стекнуваат практично искуство на археолошкиот локалитет Барутница кај селото Амзабегово, како дел од Летната археолошка школа BEAM (Birth of Europe – Excavations at the Neolithic site of Amzabegovo), која се реализира од 4 до 31 јули. Летната школа е заедничка […]

„Приказната за Силјан“ со две „Еми“ номинации испиша историја


Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска испиша нова страница во историјата на македонската кинематографија, со две номинации за 78. Emmy Awards, најпрестижните награди во светската телевизиска индустрија. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран за Emmy Awards, со што успехот на „Силјан“ добива историско значење не само за Македонија, туку и за […]

„Кинотека на Скопско лето“ – седум филмски вечери на македонската филмска уметност


Од денеска до 17 јули, во соработка со Кинотеката на Македонија, фестивалот „Скопско лето“ ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето“, посветена на македонската филмска уметност. Во текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори.  Сите проекции ќе се одржат во Кинотека […]

Омаж за филмскиот педагог Стефан Сидовски Сидо


 Во Кинотеката на Македонија вечер ќе се одржи омаж за Стефан Сидовски Сидо, еден од најзначајните автори на македонскиот аматерски филм, филмски педагог. Како што посочуваат од Кинотека, филмовите на Сидо се препознатливи по својата интелектуална провокативност, сатиричен пристап и филозофски идеи, преку кои отвораат прашања за човекот, моќта, технологијата и современиот свет. Неговото творештво […]

Отворање на самостојната изложба „Огледало на срцето одек на чувствата“ на Чепишева во галеријата „Остен“


Самостојната изложба „Огледало на срцето одек на чувствата“, замислена како мултимедијален проект на наградуваната уметница Марија Чепишева, ќе биде отворена во четврток (9 јули) во 20 часот, во галеријата „Остен“ во ценатарот на Скопје, а ќе може да ја посетите секој ден до крајот на јули. Визуелно, звучно, сетилно и емотивно патување низ различните форми […]

Младиот уметник Бранко Манчев ја сфаќа уметноста како начин на размислување и живеење


  Бранко Манчев од Кочани е македонски ликовен уметник, професор по ликовно образование и главен уметник во Art Room. Активно твори во областа на современото сликарство, а паралелно е посветен на едукацијата и развојот на креативноста кај младите и возрасните преку различни уметнички програми и работилници.       Како започна Вашиот пат во уметноста? […]

„Билјана платно белеше“ во нов џез аранжман: Совршена увертира за 66. Охридско лето


„Билјана платно белеше’, една од најпрепознатливите македонски народни песни, добива нов живот, во пресрет на 66. Охридско лето, кое почнува в недела, на 12 јули. До 20. август, на Античкиот театар, во црквата „Света Софија“ и во нејзиното предворје, во Центарот на култура „Григор Прличев“, како и на сцената Долни Сарај ќе бидат реализирани вкупно […]

Љутков: Со ребалансот нема намалување на средствата за Агенцијата за филм, ниту пренамена за канцелариска опрема


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагираше на, како што наведува, изнесените неточни тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребаланс на Буџетот, оценувајќи дека тие не се во согласност со официјалните буџетски документи. Во соопштението од Министерството за култура и туризам се наведува дека, според Љутков, во официјалниот ребаланс не постојат тврдења […]

Цуцковски за актуелната светска оперска сцена, новитетите и јубилеите на 66.„Охридско лето“


Престижната културна манифестација „Охридско лето“ започнува на 12 јули, а свечено ќе ja отворат две големи оперски ѕвезди кои се во пикот на своите кариери, сопранот Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастраново, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на виртуозниот италијански диригент Марко Боеми. Публиката ќе има можност да ужива […]

Аја Софија низ објективот: Светлина, тишина и вечна убавина


Скопје, по Белград и Загреб, синоќа, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан , во рамки на 47. Скопско лето, и во соработка со Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, ја виде безвременската естетика на Аја Софија низ десетина фотографии на славните турски фотографи Изет Керибар и Мехмед Озчај.  Изложбата „Света Софија- Светлината на тишината“  […]

Македонскиот КИЦ во Софија го отвори новиот програмски циклус чествувања со омаж на Петре М. Андреевски


Македонскиот културно-информативен центар во Софија вчера свечено го отвори новиот циклус на културни и книжевни настани посветени на одбележувањето на значајни јубилеи и годишнини на истакнати личности и капитални дела што претставуваат темелни вредности на македонската национална култура, литература и духовност. Првиот настан од циклусот беше посветен на одбележувањето на дваесетгодишнината од упокојувањето на еден […]

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“


 „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, што ќе се одржува од денеска до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на […]

Мултимедијален перформанс на Игор Јосифов во рамки на „Скопско лето“


На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан вечер во 20, 30 часот во рамки на годинашното „Скопско лето“ ќе се одржи мултимедијален перформанс под наслов „Тело од оган“ на Игор Јосифов.  „Тело од оган“ го испитува прагот меѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Уметникот зафаќа запечатена структура, изведувајќи го чинот на согорување како намерна […]

 „Ладо“ го затвори Балканскиот фестивал во Охрид, следуваат заеднички концерти со Танец во Битола и Скопје


Со целовечерен концерт исполнет со богатството на хрватската фолклорна традиција, Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска ЛАДО го затвори јубилејното 65. издание на Балканскиот фестивал во Охрид. Настапот, како што информираат организаторите, беше проследен со голем интерес, а публиката ги награди изведувачите со долги аплаузи и овации. Во рамките на концертната програма беа […]

Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културата


Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад […]

Фотографска изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ вечер на „Скопско лето“


 На Факултетот за ликовни уметности – Сулиан вечер во 20.30 часот ќе биде отворена фотографска изложба  „Аја Софија (Истанбул) – Светлината на тишината“ на авторите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Настанот се реализира во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје. -Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи […]

Клуни ќе добие Златен лав за животно дело во Венеција: „Тоа значи дека сум стар“


Венеција – Џорџ Клуни ќе го добие Златниот лав за животно дело на годинешниот Венециски филмски фестивал, кој се одржува од 2 до 12 септември. „Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и добивањето на Златниот лав е огромна чест. Веројатно значи дека сум стар, но ќе го прифатам“, рече 65-годишниот американски актер, режисер и […]

Распишан конкурсот „Даница Ручигај“ за 2026 


Во согласност со член 33 став 1 алинеја 7 од Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во чест и спомен на поетесата Даница Ручигај (1934-1963), Управниот одбор на ДПМ на 3 јули 2026 г. го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга „Даница Ручигај“ за 2026 г. Во согласност со член 33 став […]