МВР: Досега нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир на гласачките места,


Досега нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир на гласачките места, информира за МИА портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. – Според информациите што ги имаме добиено заклучно со 9 часот нема нарушувње на јавниот ред и мир и изборите се одвиват мирно и во најдобар ред, изјави портпаролот на МВР, Ангеловски.

Во Кавадарци до 9 часот гласале 8,76 отсто, а во Демир Капија 10,25 отсто од избирачите


Во Кавадарци до 9 часот гласале 8,76 отсто, а во Демир Капија 10,25 отсто од избирачите, информираа претседателите на општинските изборни комисии, Зоран Костов и Стојна Топчиева. Тие нагласија дека засега гласањето на парламентарните избори се одвива без проблеми.

(Во живо): Прес-конференција на ДИК


Државната изборна комисија (ДИК) во моментов ја одржува својата прва прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори во нашата држава кои се одржуваат денеска. Државната изборна комисија денеска ќе одржи седум прес конференции, во 9.30, 11.30, 13.30, 15.30, 17.30, 19.30 и 21.00 часот како и дополнителна прес конференција за соопштување на првичните неофицијални резултати.

МОСТ : Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно, согласно здравствените протоколи


Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, сите гласачки места на кои Граѓанската Асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи се отворени навреме и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање. Како што беше потенцирано на првата денешна прес-конференција на МОСТ, гласањето се одвива безбедно, согласно здраствените протоколи. Во текот на денот, […]

Почна гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, 54.764 тиквешани со право на глас


Гласањето во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија се одвива без проблеми. Вкупно 54.764 тиквешани имаат право на глас на денешните парламентарни избори. Како што информираа од општинските изборни комисии, во Кавадарци 32.270 избирачи имаат можност да гласаат на 60 избирачки места, во Неготино на 28 избирачки места своето право на глас можат да го […]

ЦИВИЛ: Ситни нерегуларности и големо присуство на гласачките места


Обид за семејно гласање, групирање, присуство на неовластено лице на гласачко место и случај кога членовите на избирачкиот одбор не ги почитувале мерките за заштита од коронавирус се неколкуте регистрирани нерегуларности на самото отворање на гласачките места, што ги забележале набљудувачите на граѓанската организација ЦИВИЛ. Џабир Дерала на прес-конфернцијата нешто после 8 часот, ги објави […]

Избирачките места отворени навреме, гласањето без никакви проблеми


Избирачките места изутринава се навреме отворени,  гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат за МИА од Државната изборна комисија. Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат […]

Во седум канцеларии на омбудсманот телефонски линии за пријавување повреди на избирачките права


Во канцеларијата на Народниoт правобранител  поради одржувањето на предвремените парламентарни избори денеска во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. – Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, […]

Најмногу гласачи има во Куманово, најмалку во Вевчани


Во Северна Македонија денеска се одржуваат десетите парламентарни избори, петти предвремени избори. Право на глас имаат еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е […]

Шеесетина странски новинари акредитирани за известување од изборите


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесетина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 57 странски новинари, кои добија акредитации од Државната изборна комисија. Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс прес, Гласот на Америка, […]

Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат 2.708 домашни и странски набљудувачи. За мониторинг на изборите, акредитации од ДИК добија вкупно 2.551 домашни и 158 меѓународни набљудувачи и преведувачи. Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 1.254, на АКСИОС 2017 – 830, Цивил – Центар за слобода ќе има 315, Инклузив – Куманово […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии


Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, а 675 жени. Според статистичките податоци на ДИК, по возраст најмногу или 795 се меѓу 30 и 49 години. Изборот се прави со заокружување на редниот број […]

На гласање задолжително со маска, избирачките места дезинфицирани


Гласањето на денешните предвремени парламентарни избори, и покрај актуелната пандемија на КОВИД-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе одлучат да одат во избирачките места и да гласаат. Ќе се гласа во согласност со Упатството на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места, за членовите на […]

Право на глас имаат 1.814.263 граѓани


На десеттите парламентарни избори право на глас имаат 1.814.263 граѓани. Од нив, во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 лица кои се иселиле или работат во странство. Во посебниот избирачки список, пак, за лицата во затвор и во притвор се запишани […]

ДИК: Граѓаните да излезат на избори , исполнети се сите услови за безбедно гласање


На вториот ден од предвремените парламентрани избори, денеска до 15 часот  гласале 7.170 лица. Не биле пронајдени во обид за гласање или не сакале да гласаат 273 лица. Во домовите за стари лица од 357 пријавени за гласање, гласале 231. Три лица не гласале. Во казнено-поправните установи до 15.30 часот од 1.657 запишани избирачи гласале […]

Насер Зибери на Фејсбук објави дека не бил позитивен на Ковид-19


Откако веста дека е позитивен на корона вирусот беше објавена во јавноста, Насер Зибери по три часа молчење одговори на својот Фејсбук профил, тврдејќи дека тој немал Ковид-19 и дека целата работа била „злонамерна пропаганда“. Инаку, информацијата за инфекцијата на кандидатот за премиер на ДУИ ја потврдија од партијата за неколку медиуми. Еве го неговиот […]

Насер Зибери позитивен на корона, што станува со луѓето од неговиот изборен штаб


Веста дека кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, е позитивен на корона вирусот дојде неочекувано еден ден пред гласањето. Од ДУИ велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен и дека не знаат каде се заразил додека се среќавал со многу луѓе за време на кампањата. Инкубацијата на вирусот кај Зибери може […]

АВМУ: Телма и Алсат-М го прекршија изборниот молк, апел до радиодифузерите да ги почитуваат правилата


Телевизиите Телма и Алсат-М го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која прекршувањето го констатирала  при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за […]

Утре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите


Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули годинава среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и тој нема да се одработува, соопшти денеска владината Прес-служба. Од Владата додаваат, дека оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да […]

Во седум канцелари на омбудсманот ќе функционират телефонски линии за пријавување на повреди на избирачките права


Во Канцеларијата на народниoт правобранител утре на денот на одржувањето на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, соопштија од Канцеларијата на народниот правобранител. – Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии […]