ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми


Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово. Денеска гласаат и болните и изнемоштени лица и луѓето коишто се сместени во Казнено-поправните установи, што значи вкупно […]

ЈО: Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите


Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите, при што известувањата веднаш се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. – Привремената Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против […]

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми


Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови. Во општина Струмица за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив гласаат и затвореници од […]

Десетти парламентарни избори, петти предвремени


Граѓаните на Северна Македонија на 15 јули по 10-ти пат од осамостојувањето на државата ќе избираат пратеници во Собранието. Предвремените парламентарни избори ќе бидат 23-то изборно изјаснување во осамостојувањето на државата. Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите […]

Гласаат болните, немоќните и затворениците


Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска гласаат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Најмногу болни […]

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација


До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии. Најдоцна до 21 […]

Сопругата на Пендаровски во избирачкиот одбор за лица во изолација или болни од Ковид-19


Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска беше дел од избирачкиот одбор на територија на општина Гази Баба, како медицинско лице, за гласањето на лицата кои се во изолација или болни од Ковид-19. Како што е познато, првата дама е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот […]

Во Гостивар гласаа заболените од Ковид-19 и лицата во изолација


Во општина Гостивар денеска гласаат 26 лица. Утре правото на глас од дома ќе го остварат 184 лица кои се евидентирани како болни и изнемоштени. Еден пријавен за денешното гласање починал, а еден е во болница. Според информациите од Општинската изборна комисија Гостивар, една од двете комисии со заштитна опрема денеска излегла на терен и […]

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги прифати барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од Државната централна комисија на Косово. Членовите на ДИК ги разгледаа и не ги усвоија приговорите за заштита на лично право за гласање поднесени од Игор Настов […]

Во Дебар заврши гласањето на болните од Ковид-19


Во Дебар заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19. – Поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19 за гласање беа пријавени 15 лица и сите го искористија своето право на глас. Ова право во текот на утрешниот ден треба да го остварат 29 болни и немоќни лица, изјави […]

Во Кичево гласаа 32 заразени со Ковид-19 и лица во самоизолација, тројца во Македонски Брод


Во Општинската изборна комисија Кичево за гласање на парламентарните избори се пријавиле 35 болни од Ковид-19 и лица во самоизолација, во општина Македонски Брод три лица, додека во општина Пласница немаше пријавени лица болни од Ковид- 19 и лица во самоизолација за гласање. Од пријавените 35, во Кичево гласале 32 лица, бидеќи двајца одбиле да […]

Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми


Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, изјави денеска во Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче. На ниво на цела држава денеска право на […]

Американската Амбасада донираше заштитни средства за организација на изборите


Амбасадата на САД во земјава денеска на Државната изборна комисија и предаде донација од 50.000 заштитни маски и 10.000 дезинфициенци како помош и поддршка во напорите на Владата да се одржат безбедни избори и да се заштити здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес. -Чест ми е што сум тука со претседателот на ДИК […]

Граѓаните може да пријават во Хелсиншкиот комитет прекршување на избирачкото право


Хелсиншкиот комитет за човекови права со оглед дека денеска почна гласањето за предвремените парламентарни избори ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право во Комитетот, на телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436, или на [email protected]. Хелсиншкиот комитет соопшти дека неговата канцеларија ќе биде отворена и в среда, 15 јули, од 7 до 21 […]

Изборите во Македонија во фокусот на странските медиуми


Северна Македонија организира парламентарни избори, во време на алармантен раст на бројот на случаи на заболени од коронавирусот во оваа мала балканска нација, наведуваат странските медиуми во своите осврти на гласањето во земјава. Медиумите потестуваат дека од јануари со земјава раководи техничка влада, откако водечките партии се договорија за одржување на предвремени избори по одлуката […]

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани соопшти дека право на глас имаат еден милион 814 илјади и 263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат различни […]

Под маски и во ракавици – почнува гласањето за нови пратеници


Денеска се очекува своето право на глас да го искористат 724 лица кои се во домашен карантин поради тоа што им е дијагностициран Ковид-19 или се во самоизолација   Заврши кампањата за десеттите парламентарни избори и денеска почнува гласањето за пратеници во идниот собраниски состав, кој би бил конституирaн кон почетокот на следниот месец. По […]

Влијателни странски медиуми ќе известуваат за изборите, најбројна екипата на Ал Џезира Балкан


Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија. Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс Прес, Гласот на Америка, […]

Избори во услови на корона, право на глас имаат 1.814.263 граѓани


Почнува тридневното гласање за десетите парламентарни избори, петти предвремени од независноста на земјата. Ова се најспецифичните избори што досега биле организирани во земјата имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот и мерките што треба да се почитуваат, како од страна на граѓаните со носење маска, држење растојание, така и од страна на членовите на избирачките одбори, […]

Филипче уверен: Ќе го добиеме и кредитот од Светска банка


Аплаузот е за лекарите и сестрите секаде, и во Куманово, кои успешно се справија со оваа криза. Ваква криза никој немаше предвидено во светот, не се случува во 100 години, нема димензионирани здравствени системи за ова, но навремено воведовме превентивни мерки, ја осигуравме инфраструктурата, го зголемивме капацитетот на тестирање, добивме откривање на асимтоматски случаи и […]