МВР пријави ситни неправилности во изборниот процес во Скопје, Велес и Битола


Неколку пријави во врска со нарушување на изборниот процес во Скопје, Велес и Битола се регистрирани во дополнението на Билтенот што го објави денеска Министерството за внатрешни работи. Во Полициската станица Карпош, Ј.У.(75) од Скопје вчера во 9.20 часот пријавил дека добил СМС порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да […]

За десет отсто зголемена излезноста на југоистокот во период од 13 до 15 часот


Во интервал од 13 до 15 часот, општинските изборни комисии од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран пријавија десет отсто поголема излезeност на гласачите на предвремените парламентарни избори. Во општина Гевгелија излезеноста изнесува 44,02 отсто, поточно до 15 часот на гласање излегле 8.424 граѓани на 37 избирачки места. Десеттина отсто поголема излезност има и во општина […]

Во Новаци до 15 часот рекордни 51,5 отсто гласачи


Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки. Претседателот на ОИК Могила Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 15 часот гласале 33,8 отсто, додека пак претседателот на ОИК Новаци Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки […]

ДИК: До 15 часот гласале 31,78 отсто од вкупниот број гласачи


До 15 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 31,78 отсто од обработени 3.435 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Третата изборна единица, а најмала во Шестата изборна единица.Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на пресконференција соопшти дека излезноста е […]

Лице во струмичко нудело ваучери за гориво за глас


До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected], пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности. – Во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување […]

(Видео) Прес-конференција на ДИК


Прес-конференција на Државната изборна комисија во 15:30 часот за текот на гласањето на предвремените Парламентарни избори 2020.

МВР постапува по пријавени настани поврзани со изборите


Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11.00 до 12.00 часот   биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат. -Во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. околу 11:05 пријавил дека […]

Битолчанка наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија


Битолчанка денеска излегла на гласање но наместо гласачкото ливче во кутијата ставила обичен лист хартија. На избирачкото место бр. 102 во ОУ „Елпида Караманди“ битолчанката со право на глас се решила да го поништи своето гласачко ливче, токму на ваков начин велат од ОИК Битола. „Жената имала психички проблеми, влегла да гласа, дадено ѝ е […]

Излезноста до 13 часот е за 10 отсто помала од 2016 година


Податоците на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на денешните парламентарни избори во 13 часот е помала за 10,22 отсто во однос на изборите во декември 2016 година. На овие избори излезноста до 13 часот е 24,61 отсто, додека во 2016 таа била 34,83 проценти. Сегашнава излезност е помала и од вториот круг на претседателските […]

ЦИВИЛ: Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно


Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно, без посебни инциденти или поголеми проблеми во гласањето. Граѓаните се забележува дека излегуваат на гласање. Одѕивот е прилично солиден, рече денеска на прес-конференција претседателот на невладината организација ЦИВИЛ Џабир Дерала. Забележани се, вели, помали нерегуларности низ целата држава. Дерала информира дека во избирачкото место 2920 во ОУ […]

Избирачки одбори во Битола и Ресен имаат проблеми со апликацијата за излезноста на гласачите


БИТОЛА – Избирачки одбори од Битола и Ресен имаа проблеми со апликацијата во која треба да ги внесуваат гласовите, па сега општинските изборни комисии во овие два града, рачно и по телефон ги внесуваат податоци со што е забавен процесот за покажување на излезноста на гласачите на време. Оваа година беше воведена новина со која […]

ДИК: Излезноста до 13 часот 23,81 отсто


До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција. Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во […]

(Видео) Прес-конференција на ДИК


Државната изборна комисија ја одржува третата прес-конференција на која ќе биде соопштена излезноста на предвремените парламентарни избори со пресек до 13 часот.

Не знаат сите дека малите гласачки места се дислоцирани


Државната изборна комисија, поради мерките за заштита од корона вирусот, изврши проверка на избирачките места. Избирачките места кои не беа соодветни, односно беа мали, беа дислоцирани. Сепак, според “ЦИВИЛ”, не сите граѓани биле известени на време дека нивните избирачки места се преместени. Такви случаи има во Штип, Куманово, Кочани, Пробиштип, Скопје. Поради ова, голем број […]

Одзивот на гласање до 11 часот е над 15 отсто


Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто. Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи. Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk во Изборната единица 1 гласале 17,66 отсто од вкупниот број избирачи, во Втората изборна единица 14.34 отсто, во Изборната единица […]

Отстранети партиски знамиња во близина на гласачки места


За време на предизборниот молк, до 07 часот односно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес. Од МВР соопштија дека на подрачјето на СВР Скопје, во […]

Невообичаено висока излезност во центарот на Битола


БИТОЛА – Битолчани од центарот на градот излегоа од рано изутрината на гласање со што направија невообичаена атмосфера пред гласачките места. Од ОИК потврдија дека до десет часот излезноста во Битола е 14,54 проценти. Во избирачките места сместени во центарот на градот, во Битолскиот музеј и Универзитетската библиотека, пред десет часот се чекаше за гласање […]

Новаковски: Шпекулациите околу резултати од гласањето се лага


Шпекулациите кои се појавија овие два дена околу наводни резултати од гласањето се апсолутна лага! Не постои можност никој да знае, уште помалку да се даваат резултати. Партиите и со својата машинерија не можат тоа да го знаат, изјави во „Утрински брифинг“  Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК. -ДИК се надевам дека успешно ги заврши […]

Јавно обвинителство: Нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности


До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението,  пристигнати […]

ДИК: Излезноста до 9 часот е 5,19 отсто


Државната изборна комисија ја одржа првата прес конференција во 9.30 часот. Соопштија за излезноста до 9 часот, но од одработени податоци од 2.326 места од вкупно 3.480. „Според податоците кои ДИК ги собра до 9 часот од 2.326 избирачки места, на гласање излегле 94.167 места, или во проценти 5,19“, изјавија од ДИК од каде што […]