Притвор за 14-годишно момче осомничено дека ја обљубило 13-годишната сестра во Гостивар


Вчера утрото, во Гостивар, полициски инспектори од ОВР Гостивар, во присуство на социјален работник, лишиле од слобода 14-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека полово ја вознемирувал и извршил полови дејствија над неговата малолетна сестра. Во службен разговор во присуство на претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи Гостивар, малолетничката појаснила дека вознемирувањето започнало пред […]

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана. Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека […]

Скопски возач на автобус превезувал патници без возачка дозвола


Мобилна полициска единица во општината Ѓорче Петров во Скопје уапси возач на автобус „мерцедес“ со скопски регистрации, кој вршел јавен превоз на патници без важечка возачка дозвола. За сопственикот на возилото се најавени санкции. „На улицата „Панајот Гиновски3 во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот […]

МВР растури нелегален нелегален онлајн пазар во Голема Речица


Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по информации добиени од ФБИ, спровел координирана истрага за нелегален онлајн пазар познат како ОЛХВ, при што во полициска акција во тетовското село Голема Речица биле приведени две лица осомничени дека биле администратори на платформата. Според истрагата, платформата била активна од јули 2023 година и […]

Лажела дека собира пари за лекување на болно дете и ќарила 3.300 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против Х.М.(19) од село Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 довела во заблуда повеќе луѓе така што лажно […]

Шестоодделенка во Ѓорче Петров била горена со цигари и присилена да јаде кучешки измет


Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за Вечер Прес. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината. Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон. „Пријавено е дека малолетно девојче, во […]

За 24 часа дури шест случаи на семејно насилство


Во последното деноноќие, полицијата регистрирала шест пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, соопштуваат надлежните. Во Куманово, 49-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од сопругата, а случајот е во фаза на расчистување. Во тетовско, 70-годишна жена пријавила дека била нападната од снаата (37), по што таа била лишена […]

80-годишник почина откако го прегази сопствениот трактор


Осумдесетгодишен жител на скопското село Љуботен почина по тешките повреди здобиени во несреќа што се случила во неговиот двор, додека го поправал сопствениот трактор. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 25 април 2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен […]

Голем пожар во Карпош утринава, изгореа два автомобили


Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти. Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен […]

Вработен во училиште во Гостивар силувал девојче – ОЈО бара притвор


Основното јавно обвинителство Гостивар информираше дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став […]

Скопјанка од капар за кирија за непостоечки станови заработила над 45.000 денари


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама”. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и […]

Судски полицаец и доставувач зеле мито за да „средат“ пресуда


Судски службеници, едниот судски полицаец од скопскиот кривичен суд, другиот доставувач, завршија во притвор за земање на мито за посредување пред Апелациониот суд и пред Врховниот суд, соопшти Кривичниот суд. Тие всушност требало да „средат“ пресуда  којашто била изречена пред скопскиот Кривичен суд во траење од една година за неовластено производство на оружје. Посредувањето требало […]

Загина еден од затрупаните работници на градилиштето во Кисела Вода, тројца се тешко повредени


  Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, […]

Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда


Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се […]

Македонец уапсен во Србија, лажно се претставувал како хирург


  Полицијата уапси четириесет и двегодишен државјанин на Македонија под сомнение дека лажно се претставил како хирург и, заедно со неколку други непознати лица, ја довел жртвата во заблуда дека итно ќе оперира член на семејството за пари, соопшти денес српското Министерството за внатрешни работи. Полицијата го уапси веднаш по предавањето на парите и кај […]

Силувал 18-годишна бремена поранешна партнерка


Осумнаесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била жртва на силување, а случајот се истражува. Според информациите од МВР, на 23 април околу 00:15 часот во СВР Скопје, девојката пријавила дека претходниот ден на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот поранешен вонбрачен партнер извршил обљуба врз неа. Според пријавата, таа била во поодмината бременост. Надлежните институции преземаат […]

Велосипедист прегазен утрово на крстосница на „Партизанска“


Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случи на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во близина на поликлиниката „Букурешт“. Велосипедистот, кој се движел по пешачки премин, бил удрен од автомобил. Неофицијално, со возило на Брза помош бил пренесен на лекување.  На местото веќе е излезена екипа на Министерството за внатрешни […]

Артан Груби останува во куќен притвор


Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор со 24-часовно полициско обезбедување, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерката. Од Обвинителството за „Фокус“ информирале дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а судот ја прифатил нивната иницијатива. Со тоа, Груби и натаму ќе остане во […]

Притвор за скопјанецот фатен со кокаин во Ѓорче


Притвор за скопјанец кај кого полицијата пронашла кокаин.  – Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и […]

Му фрлиле балонче со вода на мотоциклист – ги стигнал, ги натепал, па сега таткото на детето пријавува во полиција


Вчера, во 21:00 часот во СВР Скопје, М.З.(57) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Според пријавителот, неговиот син заедно со неколку другари наполниле балонче со вода и фрлиле кон лицето, кое управувало мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што лицето […]