Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие


Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани седум пријави за семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор. Како што информираат од МВР, утрово во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај […]

Царинска управа приведе три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за шверцување медицински препарати


Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде што се пронајдени шверцувани непроверени дермални филери и други медицински производи што се користат за убавина, но и […]

Драма во Кочани во пресрет на Ѓурѓовден: Крадец се заглавил на оградата на „Св. Георгиј“, интервенирала пожарната, полицијата и брза помош


Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. На местото на настанот […]

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството


Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на […]

Пет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, две лица приведени


Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани пет пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, информираат од МВР. Како што соопштија од Министерството, вчера во 15:30 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава […]

Тинејџерка од Гостивар тешко повредена откако паднала при напад од улични кучиња


Тинејџерка од Гостивар завршила со тешки повреди откако паднала при обид да избегне напад од улични кучиња.  Во ОВР Гостивар, на 04.05.2026 година во 08:50 часот, од Медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била примена 19-годишна девојка од Гостивар. Според пријавеното, инцидентот се случил додека таа се движела […]

Кривични за четири малолетнички што малтретираа 13-годишно девојче, утре и за нивните родители


На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17-годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 […]

Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот


  БИТОЛА – Вандали кршеле и уништувале на повеќе локации низ НП „Пелистер“ и областа Смолево. Искршени се табли на детската патека, оштетни се летниковци, на нив се фрлале камења, а влезовите во НП „Пелистер“ служеле и како паркинг за несовесни возачи.  Вандализирани се и таблите на патеката Смолево.    „Националните паркови се најскапиот накит на една […]

Со исказ на вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со исказ не вешто лице од Судска медицина денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот.  […]

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола


МВР соопшти дека изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач […]

Моторџиите дојдоа на ред: Санкционирани 113 возачи, еден приведен


МВР соопшти дека во рамки на вчерашната акција на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за […]

Петмина уапсени поради насилство во семејството


Пет лица се лишени од слобода во одделни случаи на семејно насилство што се случиле во Куманово, Охрид, Струмица и Велес, информираат од полицијата. Во Куманово, 35-годишен маж бил приведен откако физички ги нападнал 31-годишната сопруга и нивните две малолетни деца. Во втор одделен случај во истиот град, полицијата привела и 57-годишник кој, според пријавата, […]

Поради семејно насилство, лишени од слобода три лица изминатото деноноќие


Поради семејно насилство, лишени од слобода биле три лица изминатото деноноќие на територија на државата.  Како што денеска информираа од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР – Велес лишиле од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава, дека ѝ се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред […]

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје


Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на почетокот на април. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во […]

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство


Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на […]

Спасувачка акција на автопатот Скопје-Велес: Шест лица спасени од излетано возило


Полициски службеници денеска успешно спасија шест лица откако патничко возило излетало од автопатот Скопје-Велес кај месноста „Манастири“. Според информациите, случајот бил пријавен во Дежурната служба на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи. Веднаш по пријавата, на местото на несреќата биле испратени полициски екипи, кои на тешко достапен терен […]

Кривична пријава против полициски службеник, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода


 Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднел кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”. Како што соопшти  МВР, на 24 октомври 2025 година околу 17:42 часот, пријавениот, надвор од работно време, на патот Битола–Новаци управувал патничко […]

Татко и син ја нападнале снаата


Семеен инцидент ексалирал во физичко насилство. Случајот во полиција бил пријавен среде ноќ.  –  На 29.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(28) и М.Д.(59), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.04.2026 околу 22:00 часот во домот физички ги нападнале […]

Тројца лични асистенти од Штип наплатувале часови што си ги натпишувале – поднесени кривични пријави


Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со […]

Штекли доби осум години затвор за трговија со дрога


Раде Трајковски Штекли денеска беше осуден на осум години затворска казна во скопскиот Кривичен затвор, за трговија со дрога. Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана. „Раде Трајковски судот го осудува на казна затвор од 8 години. […]