Си краделе струја на Попова Шапка – треба да платат над 22.000 евра


Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. „Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за […]

МВР со детали за сообраќајката на пешачки кај „Зебра“: Повредено 22-годишно лице


МВР соопшти детали за сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на улицата Васил Ѓоргов кај ТЦ „Зебра“, кога беше удрен пешак. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата учествувале патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (54) од Скопје и пешак Л.С.(22) од селото Кондово. Пешакот со возило […]

Со 3,16 промили алкохол правел неред пред зграда во Тетово


Пијан маж агресивно се однесувал пред зграда во Тетово, по што бил приведен од полицијата, информираа од МВР. Станува збор за Р.Ѓ. (56) од Тетово, кој на 20 април околу 14 часот бил затекнат пред станбена зграда во населбата „Блок 70“, каде го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите. По […]

Маж ја нападнал партнерката и кучето во Центар, се заканувал и на синот


Семеен инцидент во скопски Центар. Во полиција е пријавен напад од страна на маж кон партнерката и нејзиното куче.  – На 19.04.2026 во 22 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани […]

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие


 Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие три лица се лишени од слобода, а со четири е извршен службен разговор за семејно насилство.  На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда […]

Во судирот на пет возила во Ѓорче Петров повредени 10 млади лица


Ужасна сообраќајна несреќа, во која учествуваат повеќе возила, се случи доцна синоќа во скопската населба Ѓорче Петров. Се судрија повеќе автомобили. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека е предизвикана сериозна материјална штета. Сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија.   Тешко повреден е 19-годишниот возач […]

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (видео)


Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата. Професионалниот војник  при […]

Тројца пешаци во Скопје, Штип и во Битола настрадале во сообраќајки


Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола. Утрото, во 7:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус Mercedes со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р. (56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди […]

Изгореа пет автомобили на паркингот под Кале


Денеска на улицата „Лазар Личеноски“, во близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа зафатени и целосно опожарени пет паркирани возила. Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила и ги зафатила автомобилите кои биле паркирани на локацијата, при што тие целосно изгореле. Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш интервенирале и работат […]

Eксградоначалникот на Сарај, Беџети, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра


Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, и овластено службено лице од Град Скопје за Злоупотреба на службената положба и овластување. Денеска полицијата поднесе кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје и Б.Б. (49) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. З.Д. во […]

Беровец и струмичанец овозможувале бесправна сеча на шума


Вработени во МВР и Шумска полиција добија кривични пријави за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“. Од МВР информираат дека денеска Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против М.А. […]

Царината за две недели спречи четири обиди за криумчарење злато


Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра.  Ова, соопшти денеска Царинската управа, го истакна директорот на ЦУ Бобан Николовски […]

Ограбена вработена во казино во Аеродром


Вработена во казино, насилно била ограбена синоќа од едно лице, кое одзело пари од неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.04.2026 околу 23:10 часот пред казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила одзело пари од вработена. […]

Мајка на ученик нападнала учителка на родителска


Инцидент во училиште во скопски Аеродром. Мајка на ученик нападнала наставничка за време на родителска средба.  – На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка […]

Поранешниот градоначалник на Делчево договорил цена 12 пати пониска од другите понудувачи


Поранешен градоначалник на Делчево доби кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и […]

Ноќеска изгорела спортска обложувалница во Кисела Вода


Ноќеска во 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода. Во полицискиот билтен се наведува дека од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Таткото на Васил Јованов не му давал да вози без возачка, сведочат блиски од семејството


 Васил, дури откога положи теоретски дел и дојде на ред полагање за градско возење, откако првиот пат падна, покажа интерес да се проба со возилото, но сопругот беше категоричен дека тоа нема да се случи додека не положи – изјави Ана Јованова, мајката на Васил Јованов, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје […]

Девојче заврши во болница по пад од тротинет во Богданци


Вчера, во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Се запалил автомобил во Куманово – неколку лица пренесени в болница


На 12.04.2026 во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Тоде Мендол” во Куманово  настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус” со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале дим биле пренесени во Ургентен центар-Куманово за укажување на лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила екипа од […]

Жител на неготинско Пепелиште, пијан и со забрана за управување возило удрил во пешак


Жител на неготинското село Пепелиште бил лишен од слобода, откако возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во селото, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., 55-годишник од село Пепелиште. […]