Почнува повратот на нелегалните царини на Трамп. Ќе се вратат 166 милијарди долари


Администрацијата на Трамп почна да прифаќа барања од компании за враќање на повеќе од 166 милијарди долари тарифи, неколку месеци откако Врховниот суд пресуди дека претседателот нема законско овластување да ги наметне. Администрацијата вчера лансираше дигитален систем за обработка на барањата, објавува „Гардијан“. Врховниот суд пресуди во февруари дека Законот за вонредна состојба од 1977 […]

Производителот на храна за бебиња „HiPP“ соопшти дека е цел на обид за изнуда


Производителот на храна за бебиња „HiPP“ соопшти дека е цел на обид за изнуда, откако во Австрија беше пронајдена тегла со детска храна контаминирана со отров за стаорци. „HiPP е жртва на изнуда“, се вели во соопштението на семејната компанија. Тегла од 190 грама со каша од морков и компир на „HiPP“, контаминирана со отров […]

Русија продава 22 тони злато


Руската централна банка продаде приближно 22 тони злато од почетокот на 2026 година за да го покрие буџетскиот дефицит, кој достигна 4,6 билиони рубли (61,3 милијарди долари) до крајот на март поради ниските приходи од нафта и гас. Продажбата на злато е еден од клучните механизми со кои Москва се обидува да ги финансира растечките […]

Кој е Џон Тернус, новиот извршен директор на „Епл“?


Ветеранот на „Епл“, Џон Тернус, ќе ја преземе компанијата од 4 билиони долари како извршен директор на 1 септември. „Откако ја поминав речиси целата моја кариера во ‘Епл’, имав среќа што работев под Стив Џобс и што го имав Тим Кук како мој ментор“, рече тој во соопштение за медиумите во понеделникот, објавувајќи ја неговата […]

Тим Кук се повлекува од функцијата извршен директор на „Епл“


Тим Кук, извршниот директор кој ја предводеше „Епл“ (Apple) до тоа да стане компанија вредна 4 билиони долари и го дефинираше нејзиниот идентитет во ерата по Стив Џобс, се повлекува од функцијата извршен директор, соопшти „Епл“ во понеделник. Џон Тернус, виш потпретседател на „Епл“ за хардверско инженерство, ќе ја преземе функцијата извршен директор од 1 […]

Купувате автомобил во готово? Еве зошто наскоро нема да биде можно


Купувањето автомобил во готово наскоро повеќе нема да биде толку лесно како порано. Новите правила што се воведуваат на ниво на Европската Унија носат ограничувања што особено ќе ги почувствуваат оние што плаќаат за своите возила „во готово“. Купувањето автомобил во готово е сосема нормална работа со децении, особено на пазарот на половни автомобили. Но, […]

Постои од 1892 година, а сега става клуч: Се затвора Железарницата во Зеница, без работа илјадници работници


Железарницата во Зеница ќе престане да произведува челик од 22 април бидејќи не може да се справи со нелојалната увозна конкуренција, додека властите во Босна и Херцеговина (БиХ) одбиваат да преземат мерки за заштита на домашното производство, објави денес раководството на компанијата, која сега работи под името Нова Жељезара Зеница, јави Хина. Како што објаснија, […]

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година: Македонија и натаму закована на дното


Бруто -домашниот производ (БДП) по глава на жител е клучен индикатор за споредување на економската сила на земјите, а проекциите од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажуваат дека тој ќе расте во речиси цела Европа до 2030 година. Сепак, овој раст не значи дека ќе има големи промени во рангирањето на најбогатите земји, бидејќи економиите најчесто […]

Македонија и Казахстан потпишаа два договори за интензивирање на економската соработка


Договор за формирање македонско-казахстански бизнис-совет и меморандум за промоција на трговијата и економската соработка потпишаа денеска Македонија и Казахстан на бизнис-форумот што се одржа во Стопанската комора. Целта на двата билатерални документи е јакнење на стопанските односи и зголемување на трговската размена. На потпишувањето присуствуваа заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и […]

Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денари за литар


Цените на бензините и на дизелот од полноќ поевтинуваат за 1,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика донесе. Како што се вели во соопштението до медиумите намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 2,13 отсто во однос на одлуката од 14.4.2026 година. Така, од 21.4.2026 година од 00:01 часот […]

Синдикална кошница незапирливо расте, за еден месец поскапе 979 денари, сега е 68.797 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, а споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесуваше 67 818,00 денари, е зголемена за 979,00 денари, соопштија од Сојузот на синдикати. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 84 172,00 денари. Зголемувањето […]

Награди за 30 жени менаџери по повод 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“


Агенција „Марили“ годинава, јубилејно, по 30-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава. Манифестација ќе се одржи на 23 април 2026 година, во Хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, како вечерна свеченост. На јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2026 ќе бидат наградени 30 жени менаџери за долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и […]

Наградна игра со Visa картичките од Комерцијална банка – Плаќај со Visa – Disneyland® Paris те чека!


Плаќај со Visa картичките од Комерцијална банка, собирај шанси и стани дел од магијата на Disneyland® Париз. Наградната игра на Комерцијална банка и Visa започна и секој корисник на Visa картичка со секое плаќање добива можност да стане добитник на атрактивната награда – премиум патување во Disneyland® Париз за четири лица. Во периодот до 31 […]

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади


Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека […]

Светска банка ќе обезбеди експертска поддршка за воведувањето на инстант плаќања во земјава


Светската банка (СБ) и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка (НБ) за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (Target Instant Payment Settlement) на Европската централна […]

Министерката Божиновска и заменикот-министерот Димитровски на Делфи-економскиот форум во Грција


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, ќе учествуваат на панел-дискусии на 11. Економски форумм што од 22 до 25 април ќе се одржи во малиот планински град Делфи во централна Грција – јави дописничката на МИА од Атина. Форумот, што традиционално секоја […]

Избрани најдобрите ученици на Националната олимпијада по економија


Во Сабота, 18 април 2026 успешно се одржа Националниот натпревар на Економската олимпијада, на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, собирајќи ги на едно место најталентираните средношколци во земјата од областа на економијата. По високо конкурентната регионална фаза што се одржа во 7 регионални центри (Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Прилеп, Струга и Гостивар), […]

Скок на цените на природниот гас на европските берзи


Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа откако Иран ја повлече својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина. На берзата во Амстердам договорната цена на природниот гас за испораките за еден месец порасна за речиси шест проценти и достигна 41,02 евра (48,26 долари) за мегават-час. Иран во текот на викендот ја повлече […]

Како земјите се справуваат со растечките цени на енергијата: различни модели на помош, ист предизвик за буџетите


Бензинот, дизелот и електричната енергија стануваат сè поскапи, поради што речиси секоја земја во Европската Унија воведе одредени мерки за поддршка на граѓаните и економијата. Сепак, разликите меѓу овие пристапи се значајни, додека трошоците за овие мерки сериозно ги оптоваруваат државните буџети, пишува Дојче Веле. Како европските земји реагираат на енергетската криза? Порастот на цените […]

Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран


Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. […]