Во Скопје се одржува македонско-казахстански бизнис форум, посветен на унапредување на економската соработка


Македонско-казахстански бизнис форум, посветен на унапредување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан ќе се одржи денеска во Скопје, соопшти Стопанската комора на С. Македонија. Настанот ќе се одржи во просториите на Комората со почеток во 11:30 часот.  Во рамки на настанот ќе бидат потпишани Договор за основање на Бизнис совет помеѓу […]

Блек рок: Европските акции повеќе не се привлечни


Блек рок (BlackRock) предупреди дека растечките трошоци за енергија и повисоките проценки значат дека европските акции повеќе не се привлечна опција каква што беа пред само неколку месеци. Хелен Џуел, глобален главен инвестициски директор за фундаментални акции во фирмата од 13,9 билиони долари, изјави дека економскиот удар од високите цени на нафтата и гасот, како […]

Филипче за рудникот: Добро е ако се слушаат премиерот и градоначалникот, но клучно е да се слушне ставот на граѓаните


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање во врска со најавите за рудникот за антимон во кривопаланечкиот регион Луке и можноста за референдум во Крива Паланка, истакна дека клучно е да се слушне ставот на граѓаните. „Ако се слушаат премиерот и градоначалникот, како што кажуваат, добро е да се слушаат, да […]

Отров за стаорци пронајден во храна за бебиња во продавници во Австрија


Австриската полиција доцна синоќа соопшти дека отров за стаорци е пронајден во тегла со храна за бебиња HiPP, откако производот беше повлечен од повеќе од 1.000 супермаркети SPAR во земјата поради безбедносни причини. Австриската полиција соопшти дека примерок од една од теглите со храна за бебиња од 190 грама со вкус на морков и компир, […]

Владата го врати ДДВ за дизелот на 18 отсто, Мицкоски вели сме биле трети во Европа според преземените мерки


Македонија е меѓу трите европски држави што презеле најобемни мерки за ублажување на ефектите од ценовните шокови, а од утре се очекува ново поевтинување на бензините и дизел-горивото за денар и половина, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Владата, инаку, на вчерашната седница го врати ДДВ за дизел-горивото на 18 проценти, наместо претходните 10 проценти, бидејќи, […]

ЕК предлага работа од дома и субвенции за транспорт за да ја намали потрошувачката на горива


Европската комисија ќе го охрабри работењето од дома и субвенциите за јавниот превоз за да се намали потрошувачката на фосилни горива, додека земјите се справуваат со шокот на цените на енергијата предизвикан од војната на Блискиот Исток. Следната недела, Комисијата ќе им претстави на земјите-членки низа мерки за намалување на побарувачката, подобрување на енергетската ефикасност […]

Независноста на НБ и фискалната консолидација во фокусот на средбата на Славески и Димитриеска Кочоска во ММФ


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески и министерката за финансии Димитриеска – Кочоска остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон, соопштија во одделни соопштенија од НБ и МФ. Разговорите, како што се наведува во соопштението на […]

Рударството на Балканот „типична колонијална приказна“


Рударските проекти на Западен Балкан се претворија во сериозен тест за владеењето на правото и состојбата на демократијата, па затоа нашиот регион се соочува со модерна форма на колонијализам, предупредија авторите на студијата „Рударството на Западен Балкан: европски вредности или европски интереси“. Истражувањето што ја анализираше ситуацијата во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и […]

Мета ќе го започне првиот бран отпуштања на 20 мај; повеќе кратења подоцна во годината


Мета планира да го спроведе првиот бран големи отпуштања планирани за оваа година на 20 мај, а повеќе ќе следат подоцна, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со плановите. Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм ќе отпушти околу 10% од својата глобална работна сила, или близу 8.000 вработени, во таа почетна рунда, рече еден од изворите. […]

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени


 Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 4 мај. Согласно пресметките, како што се наведува во соопштението, очекувањата се дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука со […]

Додека Ормуз е затворен, за Трамп е добра и „нафтата на Путин“


Администрацијата на Трамп вчера издаде ново тримесечно ослободување од санкциите што привремено им овозможува на земјите да купуваат санкционирана руска нафта и нафтени производи од море, откако претходното ослободување истече на 11 април. Најновата одлука на администрацијата на Трамп е продолжение на претходното ослободување од санкциите на САД, кое истече на 11 април, и привремено […]

Индиските банки го сопреа увозот на злато и сребро


Индиските банки ги суспендираа нарачките за увоз на злато и сребро од странски добавувачи, додека тони скапоцени метали останаа заглавени на царината поради доцнење во издавањето на владина наредба за одобрување на увоз на златни прачки, соопштија трговски извори. Според изворите, повеќе од пет тони злато и околу осум тони сребро не можат да се […]

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката


Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. […]

Лагард предупреди на инфлациските ризици од војната со Иран


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска ги предупреди учесниците на конференцијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за инфлациските ризици што произлегуваат од војната на Блискиот Исток. Нејзините коментари дојдоа пред американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи да објават во одделни изјави дека Иран се согласил да […]

Какви нови давачки смислија авиокомпаниите откако им поскапе горивото?


Авиокомпаниите ширум светот воведуваат нови такси и откажуваат летови: Патниците треба да го знаат ова Растот на цените на млазното гориво предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран ја потресе глобалната авијациска индустрија, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги зголемат цените и да ги ревидираат своите финансиски изгледи. Цените на млазното гориво скокнаа од […]

Македонија најмногу крахирала во Западниот Балкан во привлекувањето странски инвестиции


Според табелата за прилив на странски директни инвестиции на Балканот за 2025 година, споредена со 2024 година, Македонија покажала најлош резултат.  Имено, податоците покажуваат дека Косово имало најголем раст, односно за 30% повеќе инвестиции од претходната година,  по што следуваат Словенија (+19%) и Црна Гора (+8%). Спротивно на тоа, Северна Македонија имала огромен пад (-61%), […]

Би-би-си отпушта 2.000 работници


Британската медиумска компанија Би-би-си објави дека во следните две години ќе намали помеѓу 1.800 и 2.000 работни места, што значи дека секое десетто лице ќе ја изгуби својата работа. Тие како причина ги наведоа „значајните финансиски притисоци“, објави SEEbiz. Привремениот генерален директор на Би-би-си, Родри Талфан Дејвис, рече дека Би-би-си мора да заштеди 500 милиони […]

„Бош“ објави прва годишна загуба од финансиската криза


Милијарди трошоци од отпуштања и американските царини ја турнаа германската индустриска група „Бош“ длабоко во минус минатата година. Добивката по оданочување беше минус 400 милиони евра (околу 470 милиони долари), објави главниот финансиски директор Маркус Форшнер за време на презентацијата на финансиските резултати на компанијата во четврток, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Во 2024 година, […]

„Ќе налетаат на тврд орев“: Мицкоски за отпорите за отворање на рудник на антимон


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека оние кои што се против отворањето рудник за антимон во нашата земја „ќе налетаат на тврд орев“ и нагласи дека овој рудник е важен за иднината на државата. Коментарот за рудникот на антимон, кој беше најавен деновиве како дел од стратешкиот дијалог со САД, беше даден како одговор […]

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач


„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“. Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот […]