Размената со Велика Британија на брза патека – годинава има раст од 43 проценти


Силна е посветеноста и на македонската и на британската влада на договорот за стратешкото партнерство, што ќе овозможи реализација на клучни инфраструктурни проекти, како и доверба меѓу деловите заедници. Цврстите економски односи се проследени со раст на вупната трговска размена, но и на инвестициите од Британија во Северна Македонија,- беше истакнато денеска на одбележувањето на […]

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година


Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април […]

Мерката за ѓубривата е задоцнета и недоволна. Земјоделците бараат цел пакет мерки од Владата


  БИТОЛА – Мачкање очи е намалувањето на маржата за ѓубривата за 10 проценти, реагираат земјоделеците по вчерашната одлука на Владата да се намали цената на ѓубривата за 10 проценти. За земјоделците мерката е задоцнета и нецелисходна, бидејќи најголем дел од нив веќе набавија ѓубрива. Она што сега може да помогне е ретроактивна мерка и […]

РКЕ и Управниот суд ќе се поврзат дигитално


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС. Ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа, како што велат од РКЕ, […]

МЕМО: АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден


АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на пазарот во тековниот ден со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент, информираат од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во […]

Во Германија годинава би можеле да бидат затворени 200 илјади работни места, проценува „Алијанс трејд“


Повеќе од двеста илјади работни места во Германија се изложени на ризик оваа година поради очекувањата за зголемен број корпоративни стечаи што би можеле да достигнат највисоко ниво во последните 14 години, покажува анализата на кредитната осигурителна компанија „Алијанс трејд“. Проценката објавена во извештајот за глобалните трендови на стечаи, се базира на статистички модели и […]

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек


РЕсет платформата на „Реплек“ продолжува да ја шири својата инспиративна фитнес енергија низ земјава. Следна станица во рамки на серијата интерактивни активности е Штип, каде на 25 април, сабота, со почеток во 11.00 часот, во спортската сала на Државниот училиштен центар „Коле Нехтенин“, ќе се одржи осмото издание на настанот, со познатата фитнес инструкторка Елена […]

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп


Цените на нафтата останаа на високо ниво и покрај објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека примирјето со Иран ќе биде продолжено, додека пазарите покажаа малку знаци за смирување на тензиите. Нафтата од типот „Брент“ за испорака во јуни синоќа кусо се искачи над 100 долари за барел за првпат по околу една недела, пред […]

Почнува Делфи економскиот форум во Грција – учествуваат министерката Божиновска и заменик шефот на дипломатијата Димитровски


Под наслов „Шокот на новото“, со учество на 1.200 говорници – 760 од Грција и 440 од странство, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со планирани над 200 дискусии, во грчкиот планински град со античко и историско значење Делфи […]

Јужна Америка станува најважен извор на раст на понудата со нафта во светот


Одржливата цена на нафтата од 100 долари за барел би можела да ослободи до 2,1 милиони барели дневно дополнително снабдување во Јужна Америка до средината на 2030-тите, соопшти во среда компанијата за истражување на енергијата „Ристад енерџи“. „Ристад“ сега прогнозира дека барел нафта ќе чини просечно 89 долари оваа година. Уште во јануари, процени дека […]

Царината етапно ќе ги царини употребуваните автомобили, електронскиот Шваке систем е хакиран


Царинската управа (ЦУ), согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење. Притоа, посочуваат од ЦУ, ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. -Царинската управа […]

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси


Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, […]

Извештај на Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот, модернизација на железницата и одржливост на патиштата


Транспортната заедница порачува државата да се фокусира на активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот со продолжување и надградба на проектот „Безбеден град“ и координиран пристап од сите фактори во општеството. Оценките на Транспортната заедница, чии извештаи денеска беше презентирани во Собранието, се дека има подобрување во изградбата на патната инфраструктура со укажување да се […]

Се ограничува маржата на вештачките ѓубрива, оние на залиха ќе поевтинат 10 отсто


Ќе се ограничат маржата на вештачките ѓубрива и растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за 10 отсто ќе се намали продажната цена на резервите ѓубрива што продавачите ги набавиле по стари цени. Овие одлуки ги донела Владата на денешната седница, а ќе […]

Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто


Цените на горивата и на мазивата во Европската Унија во март нагло пораснаа за 12,9 отсто на годишно ниво, при што е забележан особено силен раст на цената на дизелот од речиси 20 отсто, објави денеска Евростат. Најголемо поскапување е забележано во Германија, каде што цените се зголемија за 19,8 отсто, по што следуваат Романија […]

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц


За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над […]

Медицински факултет доби сопствен извор на чиста енергија: ОКТА донираше фотоволтаична централа


Медицинскиот факултет во Скопје од денес функционира со ново, одржливо енергетско решение. Со донација од ОКТА, на покривот на Деканатот на институцијата е поставена фотоволтаична централа, која ќе обезбеди чиста електрична енергија, значителни заштеди и намалено влијание врз животната средина. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 40,3 kWp, која годишно ќе произведува […]

Се работи на решение за превозниците во Шенген зоната, уверува директорот на Транспортната заедница


Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек уверува дека се работи на решение за времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната за што вели дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци, процес во кој олеснувач е Транспортната заедница. Закоњшек денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за […]

Ќе поскапат летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран


„Нарушувањата во глобалното снабдување со нафта предизвикани од војната во Иран ја зголемија цената на авионските летови на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што најверојатно ќе доведе до повисоки цени на авиобилетите, соопшти невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (ТЕ)“, информираа белгиските медиуми. Според анализа на организацијата, зголемувањето на […]

АмЧам: Заштитата на интелектуалната сопственост е суштинска за економскиот развој, иновациите и довербата во пазарот


По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, Американска стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), организира серија од три настани посветени на актуелните предизвици и можности во оваа област, се наведува во соопштението од АмЧам. Целта на овие активности е да се поттикне јавна дискусија и да се зајакне свесноста за значењето на интелектуалната сопственост, како […]