Филипче: Владата должи 200 милиони евра за поврат на ДДВ – фирмите се пред колапс


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја доведува економијата во сериозна криза, а компаниите се соочуваат со огромни проблеми поради неисплатениот поврат на ДДВ. Филипче истакна дека државата должи близу 200 милиони евра кон компаниите, средства кои се неопходни за нивното тековно работење и ликвидност. „Нема поврат на ДДВ-то […]

ЕСМ в година ќе покрива 70 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, што значи тоа за сметките за струја


Државната компанија АД ЕСМ веќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Следната година, наместо досегашните 100 проценти, ќе обезбедува најмногу 70 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова, како што рече денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, е последната обврска од реформската агенда. Сите останати се […]

Министерката Божиновска најави кампања за промоција на македонскиот рубин


 Кампања за промоција на македонскиот рубин во европски и светски рамки, најави денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, откако на брифинг со новинарите соопшти дека овој наш, уникатен полускапоцен камен е и официјално заштитен. Како што рече Божиновска, предвидено е да се заштитат и одредени видови мермер, за што допрва ќе се разговара со Геолошкиот […]

Трамп: „Епл“ и „Интел“ ќе произведуваат чипови заедно во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека технолошката компанија „Епл“ се согласила да соработува со „Интел“ за дизајн и производство на чипови во Соединетите Американски Држави. Ова претставува нов чекор во напорите на Вашингтон за зајакнување на домашното производство на полупроводници, пренесува Ројтерс. Трамп изјави на социјалната мрежа Truth Social дека „Епл“ и „Интел“  ќе […]

Пресечена црвената лента: По Скопје, „Пепко“ доаѓа и во Охрид и во Струга


  Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Pepco, водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за македонските потрошувачи со истовремено отварање на две големи продавници во Скопје: во Капитол мол (Capitol Mall) и во Рамстор мол (Ramstore Mall).     Големото отворање беше […]

Нов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена


На плоштадот покрај Македонскиот народен театар во Скопје е поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј дизајн е внимателно приспособен на амбиентот и архитектурата на една од најзначајните културни локации во главниот град. Со својата форма и препознатливите црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и секојдневните банкарски услуги можат да бидат […]

Заштитен македонскиот рубин како македонски уникатен полускапоцен камен


Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцени камен. Со ова, македонскиот рубин добива статус на заштитено национално минерално наследство. – Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита […]

Николоски од Солун: Овој самит е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои им припаѓа и ќе стане економски најзначаен во Европа


Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 – проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска […]

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци


„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за […]

„Пепко“ влегува на македонскиот пазар – од денес ги отвора своите продавници во Рамстор мол и во Капитол мол


Pepco од денес (18 јуни) ги отвора првите продавници на македонскиот пазар во Рамстор мол и во Капитол мол во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја. Отворањето го означува дебито на Pepco на македонскиот пазар и им нуди на потрошувачите нова дестинација за стилски секојдневни потреби со […]

ИЕА очекува послаба побарувачка за нафта оваа година


Глобалната побарувачка за нафта ќе ослабне во 2026 година, бидејќи намалената понуда од регионот на Персискиот Залив значително ги зголеми цените, процени Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во среда. Побарувачката ќе се намали за 1,1 милион барели дневно оваа година, пресмета ИЕА во својот редовен месечен извештај, што би значело дека ќе падне на околу […]

Европски расходи за одбрана: Полска троши поголем дел од БДП од САД


Трошоците за одбрана во европските земји членки на НАТО се на највисоко ниво од Студената војна, при што земјите најблиску до Русија трошат најмногу. Но, континентот се дели помеѓу државите на првата линија кои се движат кон 5 отсто од БДП и голема група која го прави минимумот, анализира Еуроњус. Секоја членка на ЕУ или […]

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат стратешкото партнерство и воведуваат нови картички


Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти, соопшти банката.  „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката има значителен процент во вкупното портфолио на картички под овој бренд. […]

Средба Божиновска – Попов: Македонски експерти да ги креираат стратешките политики за енергетиката и рударството


 Воспоставувањето поинтензивна соработка меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и највисоката научна институција во државата во креирањето на стратешките политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини беше тема на разговор на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и академик Живко Попов, претседател на […]

Трибина во НБ: Довербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност


„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација […]

Хакери тврдат дека украле повеќе од еден терабајт податоци од „Ново Нордиск“


Група за рансомвер тврди дека украла повеќе од еден терабајт податоци од фармацевтскиот гигант „Ново Нордиск“ и ја истражува можноста за продажба на дел од податоците откако не успеала да изнуди 25 милиони долари од компанијата. FulcrumSec, група за рансомвер што се појави во октомври 2025 година, во долга порака објавена на својата веб-страница изјави […]

„Спејс Икс“ на Маск го престигна „Амазон“ на Безос неколку дена по излегувањето на берза


„Спејс Икс“ на Елон Маск го престигна „Амазон“ и стана петтата највредна компанија во светот по силниот раст на цената на акциите. Само неколку дена откако беше котирана на берзата Насдак во Њујорк, фокусирана на технологијата, на најголемата јавна понуда досега, нејзините акции скокнаа за повеќе од 50 проценти. Тоа ја проценува вселенската компанија на […]

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента


 Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година.  […]

Стапката на вработеност на младите дипломирани лица во ЕУ порасна на 83 отсто


Стапката на вработеност на младите луѓе на возраст од 20 до 34 години во Европската Унија, кои неодамна завршиле средно или високо образование, во 2025 година порасна на 83,0 отсто, од 82,3 отсто претходната година, објави Евростат. Според податоците што ги соопшти европската статистичка служба, во последните 11 години стапката на вработеност на оваа група […]

Продаден еден од најголемите синџири за пицерии во светот


Yum Brands објави во вторник дека го продава Pizza Hut, вториот најголем синџир за пицерии во светот, во договор вреден 2,7 милијарди долари. Новите сопственици го преземаат брендот со речиси 20.000 ресторани во повеќе од 100 земји, вклучувајќи седум ресторани што работат во Хрватска, објави Forbes Croatia. Синџирот за пицерии го купува инвестициската фирма LongRange […]