Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај


Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница.  Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари.  За храна биле […]

Интернет преку оптичка мрежа користат 228.581 претплатници, со широк опсег 555.415


Бројот на претплатници  со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал лани во државава изнесувал 228.581 – раст од 2,57 проценти споредено со претходниот квартал, а од 14,24 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации.  Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку […]

Иста валута, различни каматни стапки. Станбените кредити низ еврозоната варираат многу


Позајмувањето за купување дом во Летонија чини двојно повеќе отколку во Малта, со каматни стапки од 4,18 отсто во Рига и 2,08 отсто во Валета. Иако станува збор за иста валута и монетарна политика што ги води истата централна банка, трошоците за станбените кредити драстично се разликуваат низ еврозоната. Тој јаз, поголем од два процентни […]

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море


Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека […]

Емисиите на јаглерод и енергетската транзиција клучен тест за конкурентноста на македонската индустрија: Трибина на „Фајнанс тинк“


Македонија се наоѓа во клучен период на енергетска и индустриска трансформација и иако изложеноста на Механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (CBAM) е концентрирана во неколку сектори – пред сè железо, челик и електрична енергија – неговите ефекти ќе се почувствуваат многу пошироко низ синџирите на снабдување, инвестициските текови и конкурентноста на извозно ориентираните компании. […]

НБ: Во мај годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 13,4 проценти на вкупната кредитна поддршка


Во мај годинава, анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6 проценти поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, додека вкупните кредити се со раст од 13,4 проценти како резултат на повисоките кредити кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, информира Народната банка.  Паричната […]

Потребни ни се институции кои ќе размислуваат за следните две децении, а не само за идната година, вели Мицкоски


Повеќе од кога било е потребно да имаме институции кои нема да размислуваат само за следната година, туку и за следните две децении. Токму затоа Националната развојна стратегија 2024-2044 година претставува еден од најважните документи кои се создадени во поновата историја на државата. Не затоа што е уште една стратегија усвоена од институциите, туку затоа […]

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“


Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“, потврдувајќи го континуитетот на својот врвен квалитет и меѓународна конкурентност. Во исклучително силна конкуренција од речиси 17.000 вина од 58 земји од светот, кои учествуваа на годинешното издание на „Decanter“, […]

Наместо да заробуваат пари во станови, граѓаните да инвестираат во ХЕЦ „Чебрен“, предлага претседателот на РКЕ


Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на […]

Македонскиот претприемач Илиевски објави бизнис – книга на „Амазон“


Македонскиот претприемач Игор Илиевски, извршен директор на компанијата AMENEX, ја објави својата нова бизнис-книга „The Big Pain: Trust Without Structure“ (Големата болка: доверба без структура), достапна на платформата Amazon во Kindle и хартиено издание – https://www.amazon.com/dp/B0GXC175CV/ Глобално, книгата беше објавена на 25 април годинава. Подоцна, официјално беше презентирана пред меѓународна бизнис-публика на Global Power Summit, […]

„Мајкрософт“ се откажува од договор со „Оракл“ вреден 3 милијарди долари


„Мајкрософт“ се повлече од долгоочекуваните разговори за изнајмување инфраструктура за облак-компјутинг во вредност од околу 3 милијарди долари од долгогодишниот конкурент „Оракл“, сугерираат медиумските извештаи, откривајќи сè поголеми пукнатини во френетичната трка на Силиконската долина за обезбедување хардвер за вештачка интелигенција. Пропаѓањето на повеќегодишниот договор истакнува растечка точка на триење за најголемите технолошки компании во […]

Дали е добра инвестицијата во „Спејс Икс“? Просечниот купувач по почетната понуда е речиси во загуба


Просечниот инвеститор кој купил акции на „Спејс Икс“ на отворениот пазар по нивното деби сфати дека речиси сите негови добивки исчезнуваат, бидејќи остриот пад избриша голем дел од растот на акциите по почетната јавна понуда (ИПО). Акциите на „Спејс Икс“ паднаа за 3,6% на нешто помалку од 184,98 долари по акција во четврток. Петдневната просечна […]

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами


Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на Регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една […]

Цените на нафтата паднаа под 78 долари, но залихите се на најниско ниво од 1990 година


Цените на нафтата паднаа под 78 долари на меѓународните пазари денес, што одразува бран оптимизам кај трговците по потпишувањето на рамковниот документ за преговори меѓу САД и Иран, кој предвидува отворање на Ормускиот теснец и дозволи за извоз на иранска нафта. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне за 2,03 долари пониска цена за барел, […]

Лани во светот биле произведени 5 милијарди литри пиво помалку отколку во 2024 година


Најголемите пиварници во светот произведоа околу пет милијарди литри пиво минатата година помалку отколку во 2024 година. Производството на 40-те најголеми групи се намали за 3,1 процент, на нешто помалку од 159 милијарди литри, според анализата на нирнбершкиот трговец со хмељ Барт Хаас (BarthHaas). Оваа водечка група вклучува и шест германски концерни за пиво. Сепак, […]

ЦДХВ воведува нов надоместок, ќе наплатува за централно чување на хартии од вредност


Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) донесе измени на тарифата на услугите што ги врши за учесниците во работата на Депозитарот и корисниците на неговите услуги, на кои Комисијата за хартии од вредност даде согласност. Станува збор за први посеопфатни измени на тарифниот модел по подолг временски период, со кои се врши […]

Хрватите годишно трошат 1,2 милијарди евра за обложување, што ако тие пари се инвестираат


Големите фудбалски турнири, како што е Светското првенство што моментално се одржува во Канада, САД и Мексико, традиционално го зголемуваат интересот за спортско обложување. Бидејќи милиони навивачи ги следат натпреварите и ги бодрат своите фаворити, се зголемува и бројот на облози поставени кај обложувалниците. Според проценките засновани на податоци од Даночната управа, годишните облози поставени […]

Дали „Чебрен“ и „Галиште“ ќе ги гради ЕСМ зависи од обезбедувањето синдициран заем, вели Мицкоски


Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Според досегашните информации, тие обиди се успешни – вели премиерот Христијан Мицкоски. – […]

Платежната недисциплина во Европа: Дигитализацијата клуч за подобрување, ЕОС Матрих Македонија како регионален фактор


Платежната недисциплина во Европа продолжува да биде сериозен предизвик за компаниите и финансискиот сектор, покажува најновата студија „Европски платежни практики 2025“ на EOS Group, спроведена меѓу 2.200 финансиски менаџери од 11 европски земји. Според резултатите, од околу 18 милијарди фактури кои секоја година се издаваат во Европа, приближно секоја четврта се плаќа со задоцнување или […]

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во „Каде се парите? со Горан Теменугов” потенцираше дека иако во овие две години вратени се 4,6 милијарди евра стари долгови, сепак државата проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, додека долгот е намален како процент од БДП и воедно се справивме со најголемата енергетска криза […]