АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор за грант за когенеративна централа „РЕК Битола 1“


Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка […]

Европскиот парламент го потврди трговскиот договор меѓу САД и ЕУ


Европскиот парламент денеска одобри два законодавни предлози со кои се потврдува трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД, откако во него беа додадени безбедносни клаузули. Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во август 2025 година на голф теренот Трнбери договорија царински договор за ублажување на трговските тензии. Двете […]

По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон


„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности. За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа […]

Славески ги смета услугите во платниот промет за јавно добро, треба да бидат регулирани


Гувернерот Трајко Славески останува на ставот дека се потребни законски измени со кои ќе се регулира определувањето на провизиите на банките. – Мојот став е познат уште од првиот ден на мојот мандат – услугите во платниот промет ги сметам како јавно добро, јавна услуга која по ништо не е различна од снабдувањето на граѓаните […]

Зоните во Делчево, Берово, Виница… ќе се трансформираат во индустриски, ќе им се понудат и на домашни фирми


Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговорајќи на новинарски прашања, […]

Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница, најави Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот. – Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот, одговори кусо Мицкоски, на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра. […]

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата, информира Министерството за енергетика во соопштение што МИА го објавува интегрално. […]

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со ИФЦ е значајно за инвестициите, енергетската транзиција и конкурентноста на македонската економија 


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици, инвестициите, иновациите и силниот приватен сектор остануваат главни двигатели на економскиот раст, продуктивноста и отворањето нови работни места. “Нашата определба е да поддржиме […]

Народна банка ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени. Што ќе значи тоа за кредитите


  Народната банка на Македонија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто, што е резултат на зголемените инфлациски притисоци. Ова е и сигнал до деловните банки да реагираат и во својата каматна политика, но дали тоа ќе се случи и кога, ќе зависи од процената на секоја […]

Турска компанија од автоиндустријата ќе отвори фабрика во Тетово вредна 20 милиони евра


  Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори  500 работни места објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра. „Станува збор за браунфилд-инвестиција, која ќе почне со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, а капацитетите […]

Исплатени субвенции од 33 милиони евра на тутунарите за 2025


  Министерство за финансии денеска исплати 2 две милијарди денари (33 милиони евра) субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2025 година. Овие средства се наменети за 15.144 тутунопроизводители. „Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус […]

Голем пад на цените на гасот


Цените на гасот во Европа нагло паднаа во понеделник откако Иран и САД се согласија за текстот на меморандумот за разбирање за прекин на војната и објавија отворање на Ормускиот теснец по потпишувањето на документот. Мегават-час гас за испорака во јули се тргуваше по 43,55 евра вчера попладне на холандската дигитална берза TTF, што е […]

Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда


Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена. […]

Како ветерот и сонцето ги намалија сметките за струја во Шпанија


Шпанските домаќинства заштедуваат 10 евра месечно на сметките за струја благодарение на ветерните фарми и сончевите панели инсталирани во последните пет години, открива нов извештај. Според центарот за истражување на климата Ембер, стратешката експанзија на обновливата енергија по руската инвазија на Украина во 2022 година ги заштити шпанските домаќинства од најновите зголемувања на цените на […]

На која возраст Европејците го купуваат својот прв дом?


Во Европската Унија, 68,5 проценти од домаќинствата живееле во свој дом во 2025 година, што е пад од 2,2 процентни поени во споредба со 2010 година. Стапките на сопственост на дом значително варираат, од 47,2 проценти во Германија до 93,8 проценти во Словачка. Се поставува прашањето на која возраст Европејците купуваат свој прв дом, во […]

Инстант – плаќањата во фокусот, дводневна работилница на Народната банка со платежната заедница


Народната банка во соработка со Светската банка одржаа работилница за банките и другите даватели на платежни услуги и релевантните државни институции во земјава, посветена на воведувањето на инстант-плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС. Работилницата е дел од постојаните активности на Народната банка за подготовка на целата платежна заедница во земјава за воспоставување на […]

„Ден на ИФЦ“ во Скопје и панел дискусии за енергетска транзиција и извозно ориентирано производство


Во Скопје денеска ќе се одржи настанот насловен „Денот на ИФЦ во Северна Македонија“ на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, кој е фокусиран на улогата на приватниот сектор во поддршката на економскиот раст на земјата, приватните инвестиции и создавањето работни места. На настанот, како што соопштуваат од ИФЦ, воведни обраќања ќе […]

ЕУ ја поддржа стратегијата на ЕИБ со поголеми вложувања во енергетиката, технологијата и одбраната


Советот на гувернери на Европската инвестициска банка (ЕИБ), кој го сочинуваат министрите за финансии на државите членки на Европската Унија, ја поддржа новата стратегија на Групацијата ЕИБ насочена кон поголемо финансирање на проекти во областа на енергетската самостојност, технолошките иновации, безбедноста и одбраната. ЕИБ соопшти дека е на пат годинава да го задржи рекордното ниво […]

„Опен АИ“ отвора канцеларија во Мадрид, ги продлабочува врските со шпанските компании


OpenAI, компанијата зад ChatGPT, ќе отвори канцеларија во шпанската престолнина како дел од својата стратегија за проширување во Европа и со цел продлабочување на соработката со компании, програмери и институции во земјата. Канцеларијата ќе започне со работа подоцна оваа година. Бројот на неделни активни корисници на ChatGPT во Шпанија се зголеми за повеќе од 40% […]

Почна со работа новата фабрика на „Брејнчајлд“ за опрема за спортови на вода и ветер


Денеска во во битолската индустриска зона Жабени свечено беше отворена новата фабрика на „Брејнчајлд“ за производство на опрема за спортови на вода и ветер. Како што истакна истакна Ралф Гросел, сопственик на фабриката, овој погон ќе направи позитивна промена во животот на вработените, но и на економијата во целина.  „Со отворањето на нашата фабрика ние […]