„Изиџет“ ја отфрли понудата за преземање од американска приватна компанија, вредна 5,9 милијарди евра


Британската нискобуџетна авиокомпанија „Изиџет“ отфрли три неофицијални понуди за преземање од американска фирма за приватен капитал, од кои последната вредеше речиси 5,9 милијарди евра, или пет милијарди фунти, потврдија двете страни. „Касллејк“ (Castlelake) минатиот месец јавно го објави својот интерес за купување на превозникот, кој главно лета низ Европа, објави Еуроњус. „Касллејк“ соопшти во понеделник […]

„Самсунг“ повеќе не е највредната компанија во Јужна Кореја


Јужнокорејската SK Hynix денес ја престигна Samsung Electronics и стана највредната јавно тргувана компанија во Јужна Кореја, драматичен пресврт за производителот на чипови кој беше на работ на колапс пред две децении поради огромни долгови. Компанијата, сега водечки светски снабдувач на HBM (меморија со висок пропусен опсег) чипови што се користат во системи за вештачка […]

Земјоделците бараат интервентна субвенција за пченицата и јачменот


  БИТОЛА – Откупната цена на јачменот и пченицата ги загрижува земјоделците оти не им ги покрива производните трошоци. Според земјоделците, производствената цена на пченицата е зголемена за 2 до 3 денари по килограм и се движи од 17 до 20 денари. Нивните пресметки велат: при низок просечен принос од 3.500 килограми жито по хектар, […]

Како до силни јавни финансии: Форум на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ


Силните јавни финансии не се само економска категорија. Тие се темелот врз кој се гради секоја успешна држава. Тие се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството. изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ. Тој посочи […]

Алан Гринспен, поранешен претседател на Федералните резерви, почина на 100-годишна возраст


Алан Гринспен, долгогодишниот претседател на Федералните резерви, познат како „Маестрото“, кој стана еден од највлијателните креатори на економски политики во својата ера и познат по предупредувањето за „ирационална еуфорија“ (Irrational exuberance – ирационален ентузијазам / еуфорија), почина. Имаше 100 години. Влијателниот економист почина во понеделник од компликации од Паркинсонова болест, изјави неговата сопруга со која […]

Ребалансот на Буџетот скроен, ќе има поголем дефицит


Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. „Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го […]

АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при користење на системите и механизацијата во близнина на далекуводите од преносната мрежа


АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. -Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска […]

Стигнаа математиките на РKE: Дизелот поевтин седум денари за литар, бензините за 3,5 – 4 денари


Дизелот од вечерва на полноќ ќе биде поевтин за седум деанри за литар, а бензините за 3,5 – 4 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7,00 денари за литар, како и мазутот М-1 НС чија цена се намалува за 3,932 денари за […]

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за заштита од пожари


Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, ОКТА и оваа година продолжува со активностите за поддршка на институциите задолжени за заштита и спасување и за подигнување на јавната свест за потребата од поголема превенција. Во рамки на годишните активности, компанијата обезбеди донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите кои управуваат […]

Мицкоски не прифаќа изговори, очекува производите во маркетите да поевтинат


Во очи на денешниот состанок со трговците, дистрибутерите и со производителите, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува намалување на цените производите во маркетите, а доколку не дојде до тоа, Влада ќе примени други мерки, меѓу кои јавно објавување на оние кои нема да го сторат тоа. „Мојата порака ќе биде јасна, завршува кризата, граѓаните беа […]

Математиките на Мицкоски велат дека бензините ќе поевтинат 2,5-3 денари за литар, дизелот дури седум денари. Каква е математиката на Регулаторна


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува поевтинување на нафтените деривати, во очи на објавувањето на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. За бенизните тој очекува да поевтинат 2,5-3 денари за литар, а дизелот за околу седум денари. „Нашите математики се тие, треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија за енергетика“, рече […]

Гувернерот Славески на Конституенцата на ММФ и Светската банка: Ценовната стабилност и натаму приоритет во услови на светска неизвесност


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествува на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во која припаѓа нашата земја, под мотото „Претворање на неизвесноста во долгорочна можност“, што се одржува во Варна, Република Бугарија. На средбите, како што соопшти денеска прес-службата на Народната банка, се става акцент на одржувањето на […]

УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации


Управата за јавни приходи (УЈП) го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта, информира денеска прес-службата на УЈП.  Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна […]

Белград домаќин на Светскиот конгрес на економисти со 1.000 учесници од 80 земји, има и тројца нобеловци


Во Белград денеска почнува 21. Светски конгрес на економисти на Меѓународната економска асоцијација (ИЕА). Тоа е најголем меѓународен научен собир во областа на економијата. Меѓу клучните теми ќе бидат иднината на глобализацијата и прашањето дали тој процес завршува или продолжува во нови облици. Во следните пет денови на конгресот ќе учествуваат околу илјада учесници од […]

Мицкоски денес на средба со маркетите


Премиерот Христијан Мицкоски најави нов состанок за денес со маркетите и со дистрибутерите, но и законски измени со кои десеткратно ќе бидат зголемени казните за фирмите кои ќе имаат нефер трговски практики. Пред два дена тој ги повика компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да пријавуваат нефер трговски практики за да може државата да интервенира во […]

Денес одлука за намалување на цените на горивата


За новата цена на горивата кај нас  денес ќе одлучува Регулаторната Комисија за енерегетика. Според пресметките на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар. Премиерот Мицкоски претходно рече дека очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран.   […]

„Аустриан Ерлајнс“ почна да лета од Виена до Охрид


Воведувањето на авиолинијата Виена – Охрид има огромно значење за Охридскиот аеродром. Ќе придонесе за поголем број странски туристи и за економски равзој на Охрид и Охридскиот Регион, оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид викендов слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна […]

Николоски вели напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека со силно темпо и одлично напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани и дека целосно е завршен еден мост од четирите на кои се работи. -Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено […]

Мицкоски најави построги казни за маркетите со нефер трговски практики


Премиерот Христијан Мицкоски најави нов состанок со претставници на маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела, како и законски измени со кои значително ќе се заострат санкциите за компаниите што применуваат нефер трговски практики, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски посочи дека Владата ќе испрати јасна порака до учесниците на пазарот во однос на нивното […]

Намалување на цената на горивата од понеделник


Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари.  – Ние правевме наши калкулации, малку […]