Владата преку јавен повик бара партнер за ХЕ „Чебрен“ што ќе инвестира 570 милиони евра


Владата преку меѓународен јавен повик што беше објавен денеска, бара партнер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“ на Црна Река. Проектот е предвидено да се реализира по пат на јавно-приватно партнерство, при што јавен партнер во име на државата ќе биде АД ЕСМ. Оваа компанија ќе треба да го изгради  пристапниот пат до електраната, приклучокот на […]

Ангеловска го стави јавниот долг на увид на јавноста – достигна 5,54 милијарди евра


Јавниот долг во моментов изнесува 5,54 милијарди евра или 48,9 отсто од Домашниот бруто-производ, а до крајот на годинава се предвидува да се зголеми за уште речиси 600 милиони евра и да достигне 50,4 отсто од БДП, како што е и предвидено во Фискалната стратегија 2020-2023 година. Ова денес на прес конференција го рече Министерката […]

Шпанија ќе воведе дигитален данок, очекува 1 милијарда евра приходи


Шпанија има намера да воведе нов данок што ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, изјави министерката за финансии Марија Хесус Монтеро. Левичарската влада ги усогласи ставовите за воведување данокот, кој според министерката ќе генерира приход од околу една милијарда евра годишно, пишува „Сеебиз“. Даночната стапка ќе изнесува три проценти […]

Премиерот Спасовски очекува до 2024 невработеноста да падне под 10 отсто


Премиерот Оливер Спасовски очекува стапката на невработеност во земјава да се намали под 10 отсто до 2024 година. Тој оваа оптимистичка прогноза ја кажа денес во Стопанската комора на Македонија, каде што присуствуваше на свеченоста за одбележување на 98-годишнината од работењето на СКМ. Тој рече дека голем дел од мерките на Владата биле донесени како […]

Македонски Телеком лани со профит од околу 24,5 милиони евра


Македонски Телеком минатата година ја заврши со нето добивка од 1,5 милијарди денари или околу 24,5 милиони евра, покажува извештајот за работењето на компанијата објавен на Македонската берза. Како што соопшти компанијата, приходите од продажба во 2019 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 3,6 отсто и изнесуваат 10,8 милијарди денари. Оперативната добивка […]

Корона вирусот го нападна и „ајфон“


Компанијата „Епл“ соопшти дека поради корона вирусот е погодено производството и продажбата на „ајфон“, како и дека привремено ќе ги ограничи испораките на мобилните телефони ширум светот. „Епл“ е првата голема американска компанија која соопшти дека епидемијата предизвикана од опасниот вирус во Кина, ќе влијае негативно врз нејзините приходи, но не прецизира колку, пишуваат медиумите […]

Европа преплавена од сомнителен кинески мед, дали го има и кај нас


Доколку на пазарот најдете нелогично евтин мед, тоа е сигурен знак дека станува збор за фалсификат, а не за прирден мед, предупредуваат пчеларите. Според нив технологијата за производство на лажен мед од разни видови сирупи толку напреднала што сега дури и густината па и стврднувањето, односно зашеќерувањето, не е веќе сигурен показател дека медот е […]

Последиците од корона вирусот нема да ја поштедат ниту македонската економија


Ширењето на корона вирусот може да ѝ зададе тежок удар на светската економија, а во тој случај од последиците тешко дека ќе остане имуно и македонското стопанство, предупредуваат економистите. Најчувствителни се глобалните синџири на снабдување, во кои се вклучени и дел од домашните компании, пред се оние во слободните економски зони, потоа транспортот, туризмот и […]

Ангеловска до Димитриескa-Кочоска: Наместо меѓупартиски препукувања енергијата да се насочи кон работа


Граѓаните се уморни од дневно политички препирки и ако енергијата која се троши на политички меѓупартиски препукувања и дневно поентирање кон работа и конструктивност, економијата и општеството ќе имаа многу подобри резултати, одговори министерката за финансии Нина Ангеловска на новинарско прашање на дневен настан за обвинувањата за нетранспарентност и несоработка од страна на дополнителната заменик […]

Министерката Ангеловска и дополнителната заменичка Димитриеска-Кочоска во клинч за капиталните инвестиции и за платите


Различното толкување на исти податоци денеска повторно ескалира во Министерството за финансии, откако дополнителната заменичка Гордана Димитриеска-Кочоска реагираше на изјавите на министерката Нина Ангеловска за реализацијата на капиталните инвестиции и за (не)навремената исплата на платите за вработените во градинките и образованието. „Веќе подолго време Нина Ангеловска се фали со реализацијата на капитални инвестиции од 78 […]

Фиат привремено го сопре производството во Србија поради вирусот во Кина


Компанијата „Фиат Крајслер“ соопшти дека привремено ќе го прекине производството во Србија поради нарушување на снабдувањето во Кина, јавија светските агенции. Ројтерс извести дека причината за ваквиот потег е „достапноста на одредени компоненти произведени во Кина“. Компанијата соопшти дека производството ќе го продолжи кон крајот на месецот. „Аутомотив њус Јуроп“, повикувајќи се на агенцијата Блумберг, […]

Македонските директори поголеми оптимисти од колегите во светот


Македонските менаџери се поголеми оптимисти за идниот економски раст во однос на извршните директори во светот, покажува глобалното истражување на „Прајсвотехаус Куперс“. Така, додека само 22 отсто од директорите на глобално ниво сметаат дека економскиот раст ќе се зголеми, кај нас тоа го очекуваат дури 40 отсто од анкетираните менаџери. Исто така, додека само 26 […]

Цукерберг се согласи Фејсбук да плаќа повеќе даноци во странство


Марк Цукерберг, главен извршен директор на Фејсбук, прифаќа дека неговиот гигант за социјално вмрежување може да плати повеќе даноци надвор од Соединетите Држави, како дел од глобалното промена на тоа како технолошките гиганти плаќаат даноци, според извадоци на забелешки што ги виде „Политико“ од говорот што тој ќе го даде в сабота. Говорејќи на Конференцијата […]

Војната меѓу „Самсунг“ и „Епл“ за доминација ги вжешти цените на мобилните телефони


„Самсунг во вторникот го почна својот настан „Галакси анпекд“ во Сан Франциско со пригодно промотивно видео во кое го претстави својот нов паметен телефон, „галакси З-флип“ (Galaxy Z Flip). Ребека Хирст, шеф на маркетинг на „Самсунг“ во Велика Британија, го претстави телефонот со зборовите „вакво нешто никогаш до сега не сте искусиле“. Се чинеше дека […]

Даночната евазија ги стопила ефектите од прогресивниот данок за 51 отсто


Прогресивниот данок лани ги зголемил приходите во Буџетот од персонален данок на доход, но сепак, ефектите се значајно помали од можните поради даночната евазија. Ова се вели во новата Стратегија за реформа на даночниот систем 2020 – 2023, што ја подготви Министерството за финансии и која деновиве била презентирана пред научната и стручната јавност. Прогресивниот […]

Во Осломеј ќе се гради фотоволтаична централа со моќност од 100 мегавати


На просторот на некогашниот рудник за јаглен ТЕЦ „Осломеј“, ќе се гради соларна централа која ќе испорачува електрична енергија за 20.000 семејства. Инвестицијата, која е конципирана како две електрани од по 50 мегавати, ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство во која АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер. Градбата на електраните ќе биде целосно инвестиција […]

НБМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на 2 отсто


Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка на Македонија ќе се задржи на нивото од 2 отсто, одлучи вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на НБМ. „Споредбата на најновите макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции не упатува на позначителни отстапувања во одделните сегменти од економијата“, […]

Светската фабрика е сè уште затворена


„Тоа е како Европа во средновековно време“, вака Јорг Вутке, претседателот на Европската стопанска комора во Кина ја опишува актуелната состојба во втората по големина светска економија, која е погодена од корона вирусот. „Во секој град се вршат проверки и прегледи“, ја пренесува неговата изјава за „Њујорк тајмс“, порталот аксиос.ком. Кинеските компании се едни од […]

Наместо овошни кашички, извезуваме свежи праски


Во земјоделско-прехранбениот сектор има барем 20-30 производи од конзервната, пекарската индустрија, како и во делот на преработка на овошје, мед и тн. кои имаат потенцијал да го зголемат извозот на овој сектор и на македонската економија во целина, истакна денес д-р Дарко Лазаров. Како пример, тој нагласи дека наместо кашички за деца од праски, крушки […]

Младите до 23 години може да аплицираат за месечен додаток од 3.000 денари


Младите лица до 23 години од денес можат да аплицираат за младински додаток, во центрите на вработување. Законот за младински додаток е објавен во „Службен весник“ и веднаш влегува во сила, соопшти Министерството за труд и социјална политика. „Со младинскиот додаток ги поттикнуваме младите лица да се вклучат на пазарот на труд. Мерката се однесува […]