Американците се селат во поевтини градови


Многу Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, вклучувајќи ги Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк и се селат во поевтини. Во извештајот на Редфин, компанија за недвижнини, за миграцијата за четвртиот квартал од 2019 година се анализирани повеќе од еден милион корисници во 87 градски области низ САД меѓу октомври и декември. Податоците покажуваат дека […]

Заради коронавирусот најбогатите луѓе во светот за една недела загубија 444 милијарди долари


САД – Поради сериозниот пад на вредноста на акциите на светските берзи заради коронавирусот вкупната сума со која 500-те најбогати луѓе на планетата неделава беа „олеснети“ изнесува 444 милијарди долари, јави агенцијата Блумберг. Според анализата на агенцијата, тројцата најбогати луѓе во светот: извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и генералниот менаџер […]

Седум медали за вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини“


По трет пат годинава, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освојуваат медали на интернационални вински натпревари. Најнови во низата високи награди се медалите освоени на најголемиот и најпознатиот германски вински натпревар „Мундус Вини“. На овој престижен натпревар, златни медали освоија црвените вина „Domaine Barovo“ од бербата 2017-та и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од […]

„Алкалоид“ во 2019 со 18 отсто поголема добивка, 1 милијарда денари инвестиции и 218 нови вработувања


Фармацевтската компанија „Алкалоид“ од Скопје во периодот јануари – декември 2019 оствари раст на консолидираните продажби од 13 отсто, раст на консолидираната нето добивка од 18 проценти, инвестиции во износ од над 1 милијарда денари и 218 нови вработувања. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември 2019 година, продажбите достигнуваат 8.428.009.344 денари, […]

Недостигот на стручен кадар за компаниите е поголем проблем од корона вирусот


Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс оцени денес дека корона вирусот претставува опасност за целата економија во светот, а не само за македонското стопанство. Тој смета дека без оглед на застојот кој може да го предизвика, стопанството во земјава за кратко време ќе може да се опорави. За него поголем проблем […]

Македонија 14-ти трговски партнер на Германија меѓу 29 земји од Источна Европа


Според последните статистички податоци направени во врска со трговската размена на Германија и 29-те земји од источна Европа, Северна Македонија се наоѓа на 14-тата позиција, соопшти Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во неговата Утринска телеграма, што ја споделува преку официјални имеил пораки и преку социјалните мрежи. „Трговската размена во 2019 година помеѓу […]

Попова Шапка доби нова шестоседна жичница


На Попова Шапка денес беше свечено пуштена во употреба жичница шестосед, која е со капацитет од 2.400 скијачи на час и е една од најсовремените во регионот. Инвестицијата ја реализираше АД ЕСМ, а проектот е вреден над девет милиони евра. По повод пуштањето на жичницата на Попова Шапка беше премиерот Оливер Спасовски, кој најави изградба […]

Ангеловска: За приватниот сектор 6,7 милијарди денари од Буџетот


Приватниот сектор е и треба да биде двигател на економскиот раст во земјава. Затоа економските политики се во насока на поддршка на развој на конкурентноста на приватниот сектор, на поддршка на извозот, инвестиции во нови технологии и подобрување на адекватноста на работната сила на пазарот на труд. Во буџетот за 2020 предвидени се 6,7 милијарди […]

Стопанска банка Битола лани со нето-добивка од 16,97 милиони денари


Стопанска банка а.д. Битола минатата година ја заврши со нето-добивка од 16,97 милиони денари, за 9,33 отсто повеќе од планираното, покажуваат финансиските резултати на банката за 2019 година доставени до Македонската берза. Нето-приходите од камати за 2019 година изнесуваат 291,74 милиони денари, што претставува остварување на планот од 92,57 отсто и се должи на општиот […]

Ангеловска предлага регионална платформа за размена на искуства, политики и проекти


Да се развие платформа за споделување на знаење, каде што сите земји ќе можат да ги видат најдобрите практики од други земји. На овој начин земјите ќе можат да учат од најдобрите искуства, а владите да носат политики кои се засноваат на докази и претходно искуство. Ова било дискутирано на средбата помеѓу министерката за финансии […]

Горивата поскапуваат од половина до еден денар


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 […]

Екологистите ја поздравија новата стратегија за енергетика


Новата стратегија за развој на енергетиката во земјава за прв пат предвидува напуштање на јагленот како енергенс и транзиција кон обновливи извори на енергија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“. „Сакаме да ја поздравиме ваквата одлука на Владата која според нас значи движење кон нискојаглероден развој на земјата и ублажување […]

„Опел корса“ прогласен за автомобил на годината во Македонија


Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 25. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија. За автомобил на годината е прогласен „Опел корса“. Претодно, од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу два избора, Националното жири одреди шест финалисти кои рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил […]

Некои од водечките светски економии се на раб на рецесија


Берзите во светот минатата недела затворија со доза на загриженост. Не е тешко да се погоди зошто се случува ваквата неизвесност: корона вирусот продолжи да се шири и има знаци дека некои од најголемите светски економии би можеле да влезат во рецесија, што се должи и на претходно пројавените слабости. Економскиот раст на Јапонија на […]

За две ипол години на земјоделците им биле исплатени 340 милиони евра


Во изминатите две ипол години на земјоделците им биле исплатени 340 милиони евра, беше речено денес во Струмица на трибината „Млади 20-24“ на тема „Земјоделство“ во организација на СДММ. Учесниците на трибината зборуваа за актуелните состојби во земјоделството при што нагласија дека прв пат по 11 години субвенциите се исплаќаат навреме и фер. Од 1 […]

Последици од корона висрусот: продажбата на автомобили во Кина падна за 92 отсто


Продажбата на автомобили во Кина пропадна за 92 отсто, бидејќи корона вирусот предизвикува хаос во автомобилската индустрија. Асоцијацијата на патнички автомобили во Кина (CPCA) соопшти дека „едвај некој“ барал да купи возила во првата половина на февруари. Повеќето дилери останаа затворени како мерка на претпазливост. Падот на домашната продажба – намалена за 96% во првата […]

Странците тешко добиваат работни дозволи во Македонија


Инвеститорите од странство, кои што работат во Македонија се жалат на проблемот со добивањето неопходните дозволи за работа. Тие минуваат низ исклучително тешки процедури и тоа повеќепати е посочено од нивна страна, истакна денес претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев. На прес конференцијата со италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео тие […]

Анѓушев: Некогаш главен проблем беа финансиите, сега е недостигот на кадар


Недостигот на квалитетен и обучен кадар е главен проблем со кој што се соочуваат се поголем број домашни компании. Ова беше нагласено во Стопанската комора на Македонија на панел-дискусија за различните пристапи за успешно привлекување инвестиции, промоција на извозот и економска интеграција. „Ако некогаш главен проблем биле финансиите и идејата, сега број еден проблем е […]

Кожарците треба да работат четири години за да ја заработат годишната плата на програмер


Вработените во кожарската индустрија треба да работат четири години за да ги заработат просечните годишни примања на еден програмер, покажуваат најновите статистички показатели за исплатената нето-плата во декември лани и за цела 2019 година. Така, просечната месечна плата во 2019 година во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа била 14.833 денари, а […]

Во кои земји луѓето најдолго уживаат како пензионери?


Французите, а особено французинките можат да се пофалат дека најдолго уживаат како пензионери, покажува извештајот што го објави Светскиот економски форум врз основа на податоците на ОЕЦД. Според најновата статистика откако ќе се пензионираат, жените во Франција во пензија минуваат во просек речиси по 27 години, а мажите нешто помалку од 23 години. Ова е […]