Мицкоски ветува поголеми плати, пензии, рамен данок и 4 милијарди евра инвестиции


Поголеми плати најмалку за 25 отсто во наредните четири години и на пензиите најмалку за 20 отсто, економски раст од 4 отсто годишно, враќање на рамниот данок и негово намалување на 8 отсто, како и сведување на невработеноста под 10 отсто, најави денес на прес конференција претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изложувајќи дел од […]

Преку дигитален идентитет ќе се потпишуваат договори и ќе се вадат документи


Граѓаните на Македонија наскоро ќе можат да го користат нивниот дигитален идентитет за да добијат некој документ од јавните институции, да потпишат договор или да поднесат барање за кредит, за картичка и за други банкарски услуги. За таа цел денес во Владата министрите за информатичко општество и администрација и за финансии, Дамјан Манчевски и Нина […]

Почна реконструкцијата на делницата Крива Паланка – Деве Баир


Оперативата на „Гранит“ има рок од 24 месеци да ја заврши реконструкцијата на проширениот пат од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, со што треба да се модернизира оваа делница која сега претставува тесно грло во поврзувањето со Бугарија. Таков рок денес беше даден свеченоста на почетокот на работите, на која присуствуваа техничкиот премиер […]

РКЕ доби препорака за набљудувач во Aгенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ


Регулаторната комисија за енергетика е на пат да стекне статус набљудувач во Aгенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER – Agency for the Cooperation of Energy Regulators), откако Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) даде позитивно мислење дека се исполнети обврските и условите од Третиот енергетски пакет. Ова се вели во писмото кое директорот на Секретаријатот […]

Почнува втората исплата од МојДДВ – на сметките на граѓаните ќе „легнат“ 3,87 милиони евра


Почнува втората исплата на дел од Данокот на додадена вредност за граѓаните, соопшти на прес конференција Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Исплатата се однесува на скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2019 година. Како што рече Лукаревска, на 197.819 граѓани корисници на апликацијата ќе им бидат […]

Со грант од ЕУ набавена современа опрема за царинската лабораторија


Со грант-средства од Европската Унија, во износ од 372.650 евра преку ИПА-фондовите, набавени се софистицирана и модерна опрема и апарати за царинската лабораторија. Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники на кои се испитуваат обележувачи во црвена нафта и нафтени деривати, квалитетoт на нафтени деривати и содржина на сулфур, содржина на алкохол во […]

Државници и милијардери на Светскиот економски форум во Давос


Швајцарија- Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Главни теми на годинешниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“. Се најавуваат 3 илјади учесници од 117 земји во светот-милијардери, банкари и политичари  на светскиот […]

Административците следната недела ќе добијат колективен договор


Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Пеце Грујовски, денеска одговарајќи на новинарско прашање околу потпишувањето на колективен договор за администрацијата, посочи дека смета оти направиле солиден колективен договор што треба да биде потпишан до крајот на претстојнава недела. – Преговарањето за колективен договор за јавната администрација навистина […]

Ангеловска: Досега 114.000 вработени добија повисока плата поради мерката за субвенционирање на покачување плата


Во ноември и декември, благодарение на мерката за субвенционирање на придонеси за покачување на плати, 114.000 вработени добиле повисоки плати. Во ноември околу 8.200 фирми аплицирале за мерката, додека во декември дури три пати повеќе или 22.600 фирми, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференцијата одржана денес во Владата. – Благодарение на мерката за […]

Министерката за финансии Ангеловска на „Еуромани“- најголемиот финансиски форум во ЦИЕ


Mинистерката за финансии Нина Ангеловска ќе учествува на еднa од најголемите годишни конференции во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) од областа на финансиите. Станува збор за Форумот на „Еуромани“, кој по 25-ти пат се одржува во Виена, Австрија. Повеќе од илјада учесници – министри за финансии, гувернери на централни банки, раководители на финансиски институции и […]

Карпош со најскапи и најмногу продадени станови


Најмногу се продаваат најскапите станови, а само летово Македонците потрошиле над 80 милиони евра за да купат стан. Според статистиката на катастарот за периодот од јули до септември 2019, најмногу станови се продале во скопската општина Карпош 239. Во оваа општина просечната цена на метар квадратен е највисока во државава – 982 евра. По  број […]

Жените ќе се изедначат економски со мажите за 257 години


Жените ќе бидат еднакви во економските права со мажите за нешто повеќе од два и пол века, се нагласува во извештајот на Светскиот економски форум.Родовата еднаквост ќе се постигне само за стотина години, нагласува СЕФ во својот последен годишен извештај, мерејќи го родовиот јаз во економијата, образованието, здравството и политичката моќ. Напорите за постигнување еднаквост […]

Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница


Во Собранието од денеска на пленарна седница почнува расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година кој ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а во фокусот се инвестиции во човечкиот капитал. Приходната страна на Предлог-буџетот за 2020 година е предвидена за 3,6 милијарди евра што претставува раст […]

Денес почнува наградната игра Мој ДДВ


Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Секој ден се скенира за 10 дневни награди – 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус […]

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен


Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед, соопшти Министерството за финансии. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис во однос на ББ просекот. „Фич“ пишува дека […]

Даноци и придонеси не плаќале Самсоненко, Боки 13, МРТВ…


Звучни имиња кои некогаш, а некои од нив и сега, се сметаа за бизнис елита се наоѓаат на последната црна листа на неплаќачи на данок што УЈП редовно ја објавува. Најголем дел од неплаќачите се редовни „гости“ на оваа црна листа. И понатаму, кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу ѝ должи на државата 1,8 милиони евра […]

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје


Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. Лесно достапна за возачите, опремена со четири пумпи со најсовремена технологија, бензинската ќе понуди горива со врвен квалитет и интересни содржини за сите посетители. Со ова, малопродажната мрежа со брендот ОКТА се зголеми на вкупно 27 бензински станици, распространети низ […]

УЈП: До петок исплата на поврат од ДДВ


Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи. Ова е прва исплата од мерката на владата МојДДВ што почна во јули годинава и се однесува на периодот јули, август и септември 2019 година, а почна со исплата […]

Владата донесе решение да се укине Законот за пазарџиите


Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 годинa. Како што изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, анализите на Министерството покажале дека од законското решение ќе […]

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, цената на дизелот останува иста


Цените на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за денар и половина за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар. Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти и со […]