Рударството во плус, снабдувањето со струја и гас во минус во јануари


Индустриското производство во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи раст од 0,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, бележи пораст од 9,4 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од […]

Извлечени се 15 добитници по 100 илјади денари од наградната игра МојДДВ


Како што соопштуваат од Министерството за финансии вчера се извлечени 15-те најсреќни добитници на награда по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари. Љупчо Николовски, Живко Поповиќ, Тони Ристовски, Иван Митевски, Јово Костовски, Зоран Тушевски, Дејан Мијајловиќ, Мартина Анчевска, Наташа Станојковска, Имран Широки, Зорица Кочоски, Небојша Арсиќ, Ласте Петрински, Мица Пачковска […]

Ангеловска: Буџетот е во одлична кондиција, подготвени сме да се справиме со евентуален шок поради коронавирусот


Има фискален простор за да се справиме со евентуален потенцијален економски шок што би можел да настане поради коронавирусот. Во позиција сме да реагираме во секој поглед. Буџетот е во одлична кондиција, одлична е и реализацијата на приходната страна, а раст има и кај сите даноци, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во вечерашната „Топ […]

„Луфтханза“ приземји 150 авиони поради корона вирусот


Германскиот авиопревозник „Луфтханза“приземји 150 авиони од вкупно 770 воздухоплови, колку што го сочинуваат возниот парк на авиокомпанијата. Причина е корона вирусот, јави „Ројтерс“. „Ние динамично ги прилагодуваме нашите планови кои ги рефлектираат вонредните околности“, рече портпаролот на „Луфтханза“, додавајќи дека 25 од 150 приземни авиони се со летала за долги релации. Минатата недела „Луфтханза“ соопшти […]

Законот за безбедност на работа се сведе на формалност


Законот за безбедност и здравје при работа во изминатите 12 години не ги даде очекуваните резултати. Бројот на несреќи и смртни случаи на работното место не се намали. Потребна е негова вистинска имплементација во реалноста и подигнување на свеста кај сите работници и компании за важноста од ова прашање, порачаа учесниците на дводневниот регионален форум […]

Филипче: Патниците на „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава


Патниците со авионите на „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен  лопкатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава. – Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки […]

Светската банка ќе подели 12 милијарди долари помош заради коронавирусот


САД– Светската банка издвоила 12 милијарди долари за пaкетот итна помош на земјите погодени од коронавирусот за да ги ублажат економските последици од епидемијата. Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, изјави дека се уште има „многу непознаници“ за прашањето на ширењето на вирусот и дека можеби ќе требаат „многу повеќе пари“, пренесуваат британските медиуми. Тој […]

Жените влегуваат во бизнис од потреба, главно фокусирани на микро и малите компании


Тренд во регионот и во светот е растот на женското претприемништво, но она што е карактеристично е што тоа бавно расте и главно е фокусирано во делот на микро и малите претпријатија. Причините за тоа се што жените најчесто влегуваат во бизнис од потреба и што сакаат да воспостават баланс меѓу професионалниот и приватниот живот. […]

Австриски „Граве“ купува 75 отсто од „Еуролинк осигурување“


Австриски „Граве“, односно компанијата Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, доби согласност да купи 75 отсто од капиталот на „Еуролинк осигурување“, соопшти регулаторот, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Ваквата одлука е донесена на седница на Советот на експерти  на  Агенцијата за супервизија на осигурување што се одржа на 27 февруари, постапувајќи по барањето […]

„Емирати“ бара од персоналот да земе неплатен одмор


ОАЕ- Авиокомпанијата „Емирати“ побара од членовите на персоналот да земат неплатено отсуство во траење од еден месец, откако брзото ширење на новиот коронавирус предизвика откажување на летови низ целиот свет. „Емирати“ ги откажа летовите кон Иран, Бахреин и голем дел од Кина. Главниот оперативен службеник на компанијата, Адел ел Рада рече дека „Емирати“ имаат повеќе […]

Ангеловска-Бежоска: Потребно е одржливо финансирање на енергетската транзиција


Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Влијанието на енергетската транзиција врз нашите економии и финансискиот сектор – предизвици и можности“, што ја организираше Холандската централна банка, информираа од кабинетот на гувернерката. На овој настан што се одржа во Амстердам, учествуваа гувернери и заменици на гувернери на централни […]

Бизнисот бара мерки за да се намалат економските и социјалните последици од корона вирусот


Корона вирусот ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата, нарушувања во синџирот на снабдување, ослабена побарувачка за стоки и пад на довербата на потрошувачите, предвидува Бизнис конфедерацијата на Македонија. Од таму порачуваат Владата, како и сите останати чинители брзо, ефикасно и паметно да дејствуваат, да ги следат глобалните индекси и да преземаат […]

Епл казнет со 500 милиони долари за забавување на постарите „ајфони“


САД– Американскиот технолошки гигант Епл ќе треба да плати вкупна отштета од 500 милиони долари на корисници, по обвиненијата дека компанијата ги правела постарите „ајфони“ побавни. Според објавените документи на Окружниот суд на Сан Хозе, Калифорнија, САД, прелиминарната спогодба сè уште чека на одобрение од судијата. Случајот отпочна 2017 година, кога корисниците почнаа со забелешки дека […]

Почина Џек Велч, легендарниот директор на „Џенерал Електрик“


Џек Велч, под чие водство, во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век,  „Џенерал Електрик“ стана највредната компанија во САД, почина на 84 годишна возраст, јавија светските агенции. Велч беше познат како „Неутрон Џек“, поради кратењето на илјадници работни места – купуваше и продаваше голем број бизниси, проширувајќи ја дејноста на индустрискиот гигант во финансиските […]

ЕУ подготвува мерки за помош на економијата погодена од корона вирусот


Комесарот за економија на Европската унија, Паоло Џентилони, соопшти дека ЕУ е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за да се справи со негативното влијание што го има корона вирусот врз европската економија, откако здравствените ризици во Европа се покачени на високо ниво. Џентилони изјави дека е потребен „координиран фискален одговор“ од европските земји […]

Тутунски комбинат Прилеп лани со добивка од 39,2 милиони денари, прва по неколку децении


Над 39 милиони денари добивка за Тутунски комбинат од Прилеп покажа завршната сметка на компанијата. Ова е успех на компанијата која по петгодишно партнерство со Филип Морис Интернационал во заедничката компанија ПМТКП успеа да излезе од листата на загубари. Позитивните резултати на компанијата се должат на зголемената ефикасност и модернизација на компанијата. „Оперативната добивка за […]

Ангеловска: Буџетот има капацитет за какви било шокови со короноварирусот


Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради коронавирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови,  вели министерката за финансии Нина Ангеловска. Првична реакција, укажува, имаше на пазарот на капитал, а […]

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 550 денари за една обична акција


Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат дивиденда од 550 денари за 1 обична акција, соопшти банката во најавата објавена на Македонската берза за претстојното Акционерско собрание што ќе се одржи на 2 април. Согласно Предлог – одлуката на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, овој износ е 55 отсто од номиналната вредност (1.000 денари) на акциите […]

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините


Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) […]

„Корона“ одбра лоша недела да промовира ново пиво


Рекламен твит за пиво од брендот „Корона“ наиде на негативни реакции   Ширењето на корона вирусот не можеше да дојде во полошо време за „Констелејшн брендс“ кое потроши 40 милиони американски долари за лансирање на нов производ со брендот „Корона“ – Corona Hard Seltzer.  Дел од промоцијата вклучува спонзориран твит, кој предизвика критики заради употребата […]