Хисени се срами од припадниците на својот етникум што го претепаа до смрт Саздовски


Основачот и претседател на Здружението на ветераните од војната на ОНА, Даим Хисени, попознат како „Командант Валтери“, испрати писмо со сочувство до семејството на Никола Саздовски, во кое наведува дека е посрамен од криминалното злосторство извршено од страна на хулигани што припаѓаат на неговиот етникум. „Свесни сме дека вашиот син не можеме да го вратиме меѓу […]

Судско рочиште за седмообвинетиот во „Насилство во општина Центар“


Ново рочиште денеска во Кривичниот суд треба да се одржи за одвоената постапка за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“. Судијата на главната расправа за овој предмет одлучи за него да ја раздвои постапката и да му се суди одвоено. Крстев се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на […]

„Саздо беше следен цел месец, го претепаа пред девојка му“, велат неговите другари


Дваесет и едногодишниот Никола Саздовски, кој крвнички беше претепан пред десетина дена во скопската населба Автокоманда, вчера рано наутро им подлегна на повредите. По десетина дена минати во кома на Клиниката за реанимација и интензивно лекување, младиот Саздо не издржа. Саздовски при тепањето паднал на тротоарот, силно ја удрил главата, при што настанале тешки повреди […]

Струшки дилери на дрога и оружје паднаа во раце на полицијата


Шест лица се уапсени во денешната полициска акција во Струга и Струшко за сузбивање криминална група која се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје. Едно лице е во бегство. МВР соопшти дека карактеристично за групата е тоа што членовите  се осудени и издржувале казна затвор во казнено – поправниот дом од отворен вид […]

Шиповиќ ќе издаде книга за притворските денови


Поранешниот претседавач на Советот на Центар и претседател на разгранокот на СДСМ во оваа општина подготвува книга во која ќе биде раскажана неговата и голготата на неговите најблиски за време на процесот „Претседавач“ што се водеше против него за наводни злоупотреби во фирмата „Машинопромет“. Случајот против Шиповиќ беше отворен во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Акција во Струга за разбивање нарко-мрежа


Полициска акција за разбивање криминална мрежа на дилери на дрога се спроведува во Струга и Струшко. Според некои медиуми, приведени се повеќе лица, меѓу кои и функционер од јавна установа и полициски инспектор. Од МВР ја потврдија акцијата, ама не откриваат детали. Најавено е соопштение до крајот на денов.

Над осумдесет години затвор за напаѓачите на Села


Кире Георгиевски, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Александар Јаневски-Тошта, Оливер Ошавковски и Николче Димитриевски се осудени на вкупна затворска казна од над 80 години бидејќи, според образложението на пресудата, со умисла се обиделе да го убијат Села. Највисока затворска казна од 13 години и шест месеци доби обвинетиот Никола Војминовски, а на 13 години […]

Кривична пријава против Тодоровиќ за мостот „Око“


Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ поднесе Финансиската полиција, под сомнение за проневера на 436 илјади евра за изградба на мостот „Око“. Тодоровиќ, кој беше градоначалник во периодот 2009-2013 се твоари дека на 3 септември 2009 година склучил договор јавна набавка за изградба на мостот ,,Око“ со хрватската градежна фирма ,,Конструктор Инженеринг“ […]

Нова градинка во Џепчиште


Педесет деца во две смени е капацитетот на новата градинка што денеска беше отворена во Џепчиште. Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи вели дека објектот ги исполнува сите законски барања за овој капацитет на деца од предучилишна возраст. – Градинката во Џепчиште е дел од нашата политика за покривање на руралните делови од општината со […]

Бебето најдено пред Домот за доенчиња во Битола е згрижено и е во добра состојба


Министерството за труд и социјална политика информира дека ноќеска во 01.50 часот претставник на Центарот за социјална работа-Битола и полициски службеници, во Домот за доенчиња во Битола го сместиле новороденчето од женски пол, најдено пред Домот. – Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед, при што е констатирана добра […]

Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ одложено за 29 август


Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породилно боледување. Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација. Судијката Добрила Кацарска на претходното рочиште закажа 25 нови рочишта до октомври годинава. На Јанкулоска и се […]

Македонец и Срби го држеле наркопазарот во Виена


Австриската полиција уапси четворица Срби и еден Македонец поради шверц со наркотици. Акцијата била реализирана во Виена, запленети се 2.5 килограми хероин и 20 килограми марихуана, чија вредност се проценува на 350.000 евра. Уапсените се во притвор, пренесуваат австриските медиуми. Еден Србин и македонскиот државјанин на возраст од 33 години се приведени на 15 јуни. […]

Повредени две лица во железничка несреќа кај Демир Капија


Како што наведуваат од МВР, вчера околу 18 часот било пријавено дека на потегот од стојалиштето Дуброво и железничката станица Демир Капија, на отворена пруга, при дефект на товарен воз дошло до железничка несреќа. „Со намера возот да се отстрани од пругата, дошло до железничка незгода, односно од непозната причина машината удрила во другата машина […]

Ново рочиште за случајот „Монструм“


Со сослушување на сведокот Ахмет Бекир во Кривичниот суд почна денешното рочиште за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на […]

Теона не го дочека првиот роденден


Велес – Малата Теона за десетина дена требаше да го прослави првиот роденден. Таа беше гордост на семејството Давчевски. Едвај почна да оди, ги учеше чекорите, како сунѓер ги впиваше зборовите на повозрасните од неа. Беше миленичка на повозрасните браќа и сестри. Семејството, кое едвај врзуваше крај со крај, се двоумеше како да ја израдува […]

Полицијата не ја исклучува можноста да бил подметнат пожарот во куќата под ридот Вршник


Екипите на СВР Велес и основниот јавен обвинител при ОЈО Велес вчера завршија со увидот на терен, што траеше два дена по трагедијата во која во трошна куќа во долот под ридот Вршник во самата шума на 20 јуни попладнето околу 16 часот живи изгореа три дечиња на четри,две и една година. На новинарско прашање […]

Мијалков бара да биде ослободен поради аболиција на Иванов


Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара судот да ја запре кривичната постапка против него повикувајќи се на аболицијата што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов. – Предлагам судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков со кое ја запира постапката против него, рече адвокатот Љупчо Шврговски. На Мијалков му […]

На Јанкулоска ќе и се суди одвоено во „Таргет-Тврдина“


Пауза од еден час даде судијката Џенета Бегтовиќ на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ за адвокатот Петар Василевски да го достави пред Судот примерокот од одлуката на Врховниот суд на Грција, со која се ослободени од екстрадициски притвор поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Претходно, Судот констатира дека е примен поднесок на 14-ти овој […]

МВР: Демонстранти кршеле и и фрлиле солзавец во угостителски објект


Околу 21:30 часот околу 50 демонстранти кои биле дел од вчерашниот протест пред Собрание, во група се упатиле кон Плоштад Македонија и насилно упаднале во два угостителски објекти, каде искршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект демонстрантите врз гостите фрлиле солзавец. Ова го соопшти полицијата во […]

Епилог од вчерашниот протест: 10 полицајци повредени, 26 лица приведени


Министерството за внатрешни работи соопшти дека на вчерашниот протест повредени се 10 полицајци, а седум други лица побарале лекарска помош. Полицијата привела 26 лица за време на протестот. „Дел од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата […]