Затворска казна за син на поранешна судијка за настаните од 27 април


Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина. На судското рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство, пишува Макфакс. Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од […]

Превртен шлепер го закочи сообраќајот кај Росоман


Превртен шлепер близу Росоман го закочи сообраќајот од двете страни на магистралниот пат. Возилата што сообраќајат од Битола и Прилеп и обратно се принудени да чекаат да се ослободи патот. Но, засега нема информации кога ќе се случи тоа.

Се прислушувале ли новинари во редакциите на МПМ ?


Сомнежите дека новинарите, но и другите вработени во Медиа Принт Македонија, биле прислушувани стануваат сѐ поизвесни. На ваков заклучок наведуваат најновите сознанија до кои дојде правосудство.мк, а по неодамнешната објава дека „Телеком“, во МПМ инсталирал телкомуникациска опрема вредна 5.813.674 или 94.531 евро. Најновите сознанија до кои дошол порталот говорат дека, освен опрема, до централата на […]

Почина родилка во Штип


Дваесет и осум годишната Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев. Тој вели дека синоќа во 21 часот, по природен пат родилката на свет донела здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава околу […]

Кацарска закажа над 20 рочишта по породувањето на Јанкулоска


Судијката Добрила Кацарска ѝ порача на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да не си поигрува со судот и закажа вкупно 25 рочишта за случајот „Тенк“. Јанкуловска која има ризична бременост не дојде на денешното рочиште. Нејзината одбрана се повика на мислењето што го даде Клиниката за гинекологија и акуштерство, дека Јанкулоска треба да […]

Болеста на обвинетиот Филип Атанасов го одложи судењето за „Тортура“


Судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“ е одложено за 9 јули поради неприсуство на обвинетиот Филип Атанасов. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски достави писмена лекарска потврда од здравствената установа „Медикал сапорт“ со вчерашен датум во која пишува дека обвинетиот има висока температура и вироза. Шврговски до Судот достави и медицинска потврда за третообвинетиот Новица […]

Нови рочишта за „Тортура“ и „Тенк“


Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, каде обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата. Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување […]

Му се слоши на сведок од случајот „Монструм“


Му се слоши на еден од сведоците во случајот монструм Ахмед Бекир. Тој бил дента кога се случи убиството пред шест години. Сведокот е на возраст од седумдестина години со оштетен слух и му беше тешко да одговара на прашањата. Кажа дека дента ловеле риба со другарите кај Смилковското езеро. Момчињата кои беа убиени му […]

Софијанова и уште четворица обвинети не дојдоа на судењето за Тамара


Поранешната директорка на детската клиника Аспазија Софијанова, поранешната директорка на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова и уште тројца обвинети не дојдоа на судењето за смртта на малата Тамара. Судењето се одложи за на 4 јули, а во судницата не беа родителите на починатото девојче. Нивниот правен застапник Тодор Тодоров изјави дека е задоволен што конечно овој […]

Почнува судењето за малата Тамара


По повеќе од три години од смртта на малата Тамара, која почина чекајќи државата да ѝ одобри лекување во странство, денеска треба да почне судскиот процес во кој се обвинети 12 лица, но не и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров. Обвинение е поднесено против Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за […]

На 13 јуни пресуда за двајцата обвинети за нападот врз Села


Судот на 13 јуни ќе ја објави пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година. На денешното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото. Постапката за седуммина обвинети за нападот врз Села во Собранието […]

Александар Василевски – Нинџа сам се пријавил во Кривичниот суд


Кривичниот суд денеска потврди дека Александар Василевски – Нинџа, еден од осомничените за насилствата  во Собраниетона 27 април 2017 година, сам се пријавил во судот и оти откако го примил решението за притвор е упатен во истражниот затвор. – Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во […]

Се вработил во УБК со лажна диплома од Славјански институт


Поднесени се кривични пријави против неколку лица од приватна високообразовна установа во земјава, затоа што му овозможиле на 33-годишниот М.Б. од Куманово да се стекне со диплома на нелегален начин, одосно без вистински да ги полага испитите. Кривична пријава е поднесена и против М.Б., бидејќи тој со лажната диплома се вработил и напредувал во Управата […]

На обвинетиот Тошта му се слоши и падна во судница


На еден од обвинетите за нападот врз пратеникот Зијадин Села, Александар Јаневски – Тошта му се слоши во судница и падна, откако обвинителот соопшти дека за него нема измени во обвинетието и останува обвинет за обид за убиство врз Села. Тошта изреволтиран рече дека и покрај многу снимки што биле прегледани за овој случај, него […]

Обид за силување на 16-годишно девојче во Охрид


Шеснаесетгодишно девојче од Охрид, додека се враќало пеш кон својот дом, било следено од нејзиниот сограѓанин Н.Т., кој пред влезот од зградата во која живее почнал да ја допира по телото. Како што соопшти МВР, кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот. Случајот вчера во […]

Апелација ја укина пресудата за Богоевски за тужбата од Ахмети и Џафери


Скопскиот Апелационен суд донел решение со кое ја укинал пресудата што за изречена клевета, а по поднесени тужби од  лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вице-премиер Муса Џафери, му беше изречена на разузнавачот Слободан Богоевски. Согласно со донесената одлука, предметот повторно се враќа во Основниот суд Скопје 2 – Скопје кој, пак, ќе треба […]

Поголема група мигранти фатени во струмичко


Дваесет и пет мигранти од Пакистан изутрината биле фатени во близина на струмичкото село Костурино откако во половина час по полноќ во полицијата било пријавено дека непознати лица ги товарат во две патнички возила. Како што информира МВР, полициски службеници излегле на местото и го пронашле возилото „Форд Галакси“ со англиска национална ознака, кое било празно и […]

Кузмановски нападнат по мечот со Еурофарм


Ракометарот на Металург, Филип Кузмановски бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу тимот од Автокоманда и Еурофарм. Инцидентот го потврдија од МВР од каде информираат дека 23 – годишниот скопјанец со иницијали А.Б. го извршил нападот, кога ракометарот излегувал од соблекувалната. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР

Гостиварец нападнал полицаец зашто му кажал дека возилото го паркирал на пешачки премин


Гостиварец физички нападнал полицаец кој му укажал дека возилото го паркирал на пешачки премин. СВР Тетово соопшти дека полицаецот бил нападнат вчера на крстосницата на улиците „Мајор Чеде Филиповски“ и „Браќа Ѓиновски“ додека го регулирал сообраќајот. – По кусата вербална расправија, 69-годишниот гостиварец М.А го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го неколку пати по рамото, откако […]

Млад прилепчанец пронајден мртов на улица


Дваесет и седумгодишен прилепчанец е пронајден мртов на улица синоќа околу 20:50 часот. Полицијата денеска соопшти дека 27-годишниот Ј.Р е пронајден на улицата „Бистра планина“ во Прилеп. Извршен е увид на местото, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.