Кичевка го оштетила ЈП „Македонски шуми“ за 230 илјади денари


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(49) од Кичево поради „несовесно работење во службата“, со кое на ПСШ „Лопушник“ – Кичево при ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, каде работела му причинила материјална штета од 233.288 денари. Како што информира денеска МВР, на 5 септември 2017 година во РЕ „Расадник Крушино“, вработени […]

Србин ограбил Јапонец во Охрид


Полицијата поднесе кривична пријава за жител на српскиот град Прешево, кој додека престојувал во хостел во Охрид ограбил јапонски државјанин. Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Прешево, Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 27 јуни во Охрид на улицата „Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, […]

Пчелар погоден од заталкан куршум во Струшко


Триесет и осумгодишен маж вчера бил погоден од заталкан куршум во левото рамо додека го надгледувал пчеларникот во струшкото село Бороец. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот во полиција било пријавено дека во атар на сео Бороец-струшко, А.Д.(38) надгледувајќи го пчеларникот, бил погоден од заталкан куршум во левото рамо. Тој […]

Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско


Во полициска акција на две локации во Тетово и село Џепчиште изутрината биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници. Како што информира МВР, денеска во периодот од 5:00 до 6:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање […]

Градоначалникот на Ново Село ми е добар пријател, ама не смеев да попуштам, вели Заев


„Не е тајна дека градоначалникот на Ново Село ми е добар пријател, а премиерската функција има моќ и влијание, но ако сега попуштиме, каде ќе го почитуваме законот“, рече премиерот Зоран Заев. одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Претходно, тој напомена дека неговиот адвокат Ване Андреев го застапувал и градоначалникот Боро Стојчев, но оти адвокатот […]

Маж со нож нападнал десетгодишно девојче во Тетово


Десетгодишно девојче било нападната со нож вчера во Тетово во близина на зградата во која живеело, соопшти МВР. Случајот во полиција го пријавил таткото на девјчето, кој кажал дека вчера околу 17 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож […]

Почина уште една родилка, бебето е спасено


Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје, денеска соопшти дека во претпладневните часови родилка починала како резултат на комплицирана бременост. Во соопштението се наведува дека родилката била породена со царски рез и оти родила живо новороденче, по што нејзината здравствена состојба се комплицирала и била префрлена во поранешната градска болница во Скопје, […]

Во Струмица силувани две 14-годишни девојчиња


Како што соопштуваат од полицијата, во Струмица во два одделни случаи биле силувани две 14-годишни девојчиња. Во првиот случај, завчера ПС Струмица од страна на 14-годишно девојче е пријавено кривично дело силување извршено од 17-годишен малолетник. По пријавениот настан од страна на СВР-Струмица во координација со ОЈО – Струмица се преземаат мерки за расчистување на […]

По трагедијата во Романовце: Возачот ја поминувал пругата на црвено?


Кандидатот за градоначалник од ДУИ, Исуф Бислими, во последен момент излегол од „голфот“ и се спасил од смрт. Но неговиот брат, мајка му и снаата не се спасија, товарниот воз кој сообраќал на релација Табановце – Гевгелија го парчоса „голфот“ додека ја поминувале железничката пруга кај кумановското село Романовце. Бислими на својот фејсбук-профил напиша „Од […]

Трагедија кај Романовце: Товарен воз удри во Голф, три лица загинаа


Три лица од скопско Арачиново, загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потври МВР. Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин. Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата […]

Тетовец си го „киднапирал“ синот од поранешната сопруга


Албанската полиција во соработка со Основното јавно обвинителство во Тирана почнала постапка за пронаоѓање и приведување на македонскиот државјанин Б.М. жител на Тетово. Триесет и четиригодишниот тетовец се сомничи дека без знаење на неговата поранешна сопруга со себе го земал десетгодишниот син И.М. Според албанските медиуми „киднапирањето“ на синот во полицијата го пријавила мајката Л.М.(32) […]

Обвинение за штитеничката која остана бремена


Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против жената која ја „продавала“ штитеничката од Завод за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје која остана бремена и мораше да абортира. Сите ќе одговараат за кривичното дело трговија со дете. Истражната постапка и доказите покажале дека жената од Кавадарци насилно, со […]

Во Липково се приредувале игри на среќа без лиценца


Триесет и седум годишен жител на кумановското село Черкези со иницијали М.А. без лиценца приредувал забавни и игри на среќа во објект во село Оризаре во општина Липково. Со неплатениот надомест по тој основ го оштетил Буџетот на РМ за 6.457.500 денари. Против М.А. полицијата поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично […]

Скопјанец си ја пронашол сопругата мртва во јама


Шеесетгодишниот Т.Т. (60) од Скопје вчера попладнето пријавил дека на улицата „Лисец“ ја пронашол неговата сопруга М.Т.(61) падната во дупка за јама полна со вода и оти таа не давала знаци на живот. Како што соопшти МВР, Т.Т. повикал Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт. Телото на починатата е извадено […]

Тешко повреден пешак во Скопје, возачот го напуштил местото


Седумдесет и двегодишната скопјанка М.А. вчера се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа откако патничко моторно возило „Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, удрило во неа, а по незгодата го напуштило местото на настанот. Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10:55 часот во Секторот за внатрешни работи […]

„Случај Саздовски“: Сторителите ќе одговараат за убиство извршенo на свиреп начин


Основното јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за бруталното претепување на Никола Саздовски (21) што резултираше со негова смрт. Наместо за нaсилство, тројцата сторители ќе одговараат за убиство извршено на свиреп начин. „Ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални и материјални докази, односно беа испитани повеќе сведоци, […]

Кривични за мајката, таткото и дедото на бебето кое беше оставено


Полицијата поднесе кривични пријави против мајката која го остави своето новороденче пред Домот за доенчиња во Битола, соопштуваат од МВР. Седумнаесетгодишната мајка од тетовското село Желино ќе одговара за напуштање на немоќно лице. Но, освен мајката за напуштањето на бебето ќе одговара и таткото на бебето, со кој девојката живеела во вонбрачна заедница, но и […]

Судска медицина до ОЈО го достави вештачењето за смртта на Никола Саздовски


Во Основното јавно обвинителство Скопје интензивно се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот поврзан со смртта на Никола Саздовски, кој почина по инцидент во скопската населба Автокоманда. – По разгледување на вештачењето во контекст и на другите прибрани материјални и вербални докази, Јавното обвинителство веднаш ќе одлучи во поглед на правната квалификација и […]

Скопјанка физички нападната на прославата во Градскиот парк


Непознато машко лице синоќа во 21:10 часот физички ја нападнал В.Џ.(26) од Скопје, која била на прославата во Градскиот парк. Како што соопшти МВР, нападот се случил додека В.Џ. била со неколку нејзини пријатели, држејќи платно со порака пред бината. Случајот В.Џ. синоќа во 23:15 часот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчитување […]

Болеста на судијата Шабани го одложи рочиштето за „Монструм“


Поради болест на судијата Осман Шабани, судијата Огнен Ставрев судењето за случајот „Монструм“ го одложи за 22, 24 и 31 август. Родителите на убиените деца негодуваа на ова и извикуваа дека ова е нарачно од ДУИ и од премиерот Заев. Судијата Ставрев рече дека не е ништо нарачано, ниту пак наместено. Родителите прашуваат како може […]