Тракторист возејќи починал


Седумдест и четиригодишен скопјанец, вчера во село Ќоселери управувајќи трактор починал и излетал во река. Како што соопшти МВР, С.П. во периодот од 10:30 до 11 часот на некатегоризиран пат во село Ќоселери, општина Лозово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ починал на тракторот, изгубил контрола и излетал во река. Смртта била констатирана од лекар од Јавната […]

Починато бебе однесено во болницата во Штип


Во Клинчката болнца Штип, вчера во 10 часот од страна на таткото Џ.О. било донесено шестмесечно женско бебе од Штип кое било починато, информира МВР. Според полициските информации, од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.

Тешка сообраќајка кај Скопјанка, има повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата кај Скопјанка во населбата Аеродром, а неколку лица се повредени. Учесници во несреќата се четири автомобили. Како што раскажуваат очевидци, три од патничките возила штотуку тргнале на семафорите, а тогаш во нив со голема брзина влетал четвртиот автомобил. На крстосницата има слабо осветлување и намалена прегледност. Засега […]

Го фрлил кокаинот и бегал од полицајците на плажа во Охрид


Триесет и двегодишен битолчанец заработи кривична пријава кога при контрола на возило бил фатен дека поседува дрога. „На 30.7.2018 година околу 00.00 часот на локалниот пат од плажата „Голден бич“ кон плажата „Немо“ во Охрид, при контрола над паркирано патничко возило, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла 2,17 грама кокаин по што почнал да […]

Велешанец го повредил соседот со нож


Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош. Во СВР – Велес вчера околу 22:05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел […]

Еден загинат и 22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот


Едно лице загинато и 22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета. Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се […]

Скопјанец претепан на кеј, по десетина дена починал во болница


Скопјанец кој пред десетина дена бил претепан на Кеј, вчера починал во болница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 3 август, во 2 часот по полноќ на улицата „Кеј 13-ти Ноември“. Непознато лице го нападнал шеесет и шестгодишниот скопјанец и го претепал. Со модринки на левото око и расекотина на десниот […]

Двајца тинејџери загинаа во сообраќајка во струмичко


Двајца тинејџери загинале синоќа во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на локалниот пат меѓу струмичките села Петралинци и Балдовци. Според полицијата, животот го загубиле С.К (15) и А.М (15) од селото Дрвош. Трагичната сообраќајна несреќа се случила вчера вечерта кога момчињата кои биле на скутер се судриле со автомобил. Полициска екипа од СВР Струмица […]

Скопјанец ги претепал двегодишното дете и сопругата


Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. МВР соопшти дека пријавениот Ф.С. на 8 август […]

Момче тешко повредено по пад од тракторска приколка


Шестнаесетгодишник од гостиварското село Сенокос вчера се здобило со тешки телесни повреди по пад од трактор со приколка во селото Добри Дол, што ја управувал А.Ч. (25) од село Топлица. МВР информира дека момчето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Гостивар од каде поради карактерот на повредите било транспортирано во комплексот […]

Десет лица полесно повредени, а едно потешко во 14 сообраќајки во Скопје


Десет лица се полесно повредени, а едно се здобило со тешки телесни повреди во 14 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие. Од сообраќајките шест биле со причинета материјална штета. Сообраќајната полиција санкционирала 24 возачи за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 23 возачи од сообраќај, од кои 19 пред да […]

Кривична пријава за ревизорка за непријавување корупција


Ревизорка од општина Радовиш заработи кривична пријава за непријавување корупција и измама во постапката за јавни набавки од 2013 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Како што соопшти МВР, Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или […]

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје


Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 10:50 часот на улицата „Скупи“ во Скопје. Во сообраќајна незгода, акако што информира МВР, учествувале мотоцикл „БМВ адвентор“ со скопски регистерски таблици управуван од Б.Х.(48) од Скопје и патничко моторно возило „Хундаи И30“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.П.(50) од Скопје. По […]

Автомобил излета од обиколницата кај Стајковци


Патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје синоќа околу 22:00 часот излетало од патот на обиколница кај село Стајковци и удрило во метален браник и бетонска ограда. Како што информира МВР, по незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде […]

Џип излета од Мавровската крстосница, три лица повредени


Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај т.н. Мавровска крстосница – Маврови Анови, соопшти МВР. Несреќата се случила околу 23:40 часот. Со возилото управувал А.А. (26) од село Жировница кој е полесно повреден. Тој и А.З.(26), П.Б.(28) и С.Е.(25) се пренесени […]

Тешко повредено девојче во судир меѓу две возила


Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава. Како што соопшти МВР, се судриле две патнички возила „Фолксваген“ со струмички регистерски таблички управувано од К.Б. (26) од Струмица и „Рено“ со словенечки таблички управувано од Д.С. (25) со престој во Република Словенија. Во незгодата тешки телесни […]

МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки


Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството. – Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е […]

Граѓани во Аеродром и Велес измамени со огревни дрва


Во полицијата вчера биле пријавени два случаја на измами со огревни дрва, во Аеродром и во Велес. Во Полициската станица Аеродром Р.Т.(63) пријавила дека на 1 август околу 12 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ непознат сторител ја измамил за 14.000 денари. Додека истоварал огревни дрва кај нејзин сосед, измамникот и понудил на Р.Т. дрва […]

Таксист во Охрид нападнат и ограбен од тројца патници


Охрид, 4 август 2018 (МИА) – Триесет и едногодишен таксист Љ.Ј. од Охрид бил физички нападнат и ограбен од три лица кои претходно со такси ги превезол од дискотеката „Парк“ до булеварот „Туристичка“ во Охрид. Физичкиот напад и разбојништвото тој ги пријавил утрово во 4.25 часот во СВР Охрид. Како што соопшти МВР, тојцата засега […]

Неготинец пронајден мртов крај отворен трансформатор


Педесет и седумгодишниот М.Ј. вчера бил пронајден мртов од страна на неговата сопруга покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник, Неготинско. Како што соопшти МВР, случајот во Полициската станица Неготино го пријавиле вчера изутрина во 07:00 часот од Итната медицинска помош од Неготино. Извршен бил увид на местото на настанот. По […]