Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија


Косовски камонџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс. На камионџиите кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се […]

Србите го презентираа логото на ЗСО, ќе ја формираат на 20 април


Претставници на косовските Срби денеска одржаа средба во северниот дел на Митровица, на која учествувале 120 делегати и претставници на 10 општини со мнозинско српско население. На средбата било договорено на 20 април да се формира Заеднцата на српски општини, а било презентирано и логото на заедницата. Лидерот на „Српска листа“ Горан Ракиќ, нагласил дека […]

Анекта: Дури 81 отсто Срби се против признавање на Косово во замена за ЕУ


Повеќето, односно 81 отсто од граѓаните на Србија не би поддржале признавање на косовската независност дури ниту како услов за членство во ЕУ, 45 проценти сметаат дека Косово не е загубено, а 43 отсто оценуваат дека поранешнат покраина сепак е загубена. Вкупно 55 проценти од Србите веруваат дека независноста на Косово нема да ја признае […]

Србите пред самопрогласување автономија во Косово


Драматичните настани во соседството на Македонија. Албанските аналитичари сепак сметаат дека тензиите во Косово се користат за замаглување на договорот за демаркацијата со Црна Гора. Ситуацијата предизвикана од приведувањето и протерувањето на директорот на српската канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, постепено се смирува, но претходно предизвика големи реакции во Косово, Србија, ЕУ и во САД. […]

Србија: Полицијата ги сослушува Слаѓана Велков и Јелена Крлеуша оти ширеле пропаганда против вакцините


Белградската полиција почна да сослушува јавни личности од Србија против кои група граѓани поднесе кривична пријава поради предизвикување паника со своите објави против вакцинирањето од морбили. Во полиција на распит вчера беше професорката Мира Совиљ, а неколку часа по неа и лекарот Тодор Јовановиќ, објави српскиот весник „Блиц“. Сослушувањата се спроведуваат откако кон почетокот на […]

Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека вчерашните настани во Косово не смеат да се повторат и дека ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап. Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу […]

Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија


Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез денеска почина од морбили. Во тешка здравствена состојба,со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили. Селото Берише,од каде се децата,од петокот се уште е завеано во снег. Ова е трет смртен случај во Албанија […]

Тачи: Одлуката на Српската листа доказ дека се е провокација на Белград


Одлуката на Српската листа за напуштање на косовската Влада е доказ дека вчерашниот инцидент по „илегалната“ посета на српскиот владин слубеник Марко Ѓукиќ на Митровица претставува провокација на Белград, изјави денеска претседтлот на Косово, Хашим Тачи. Според Тачи, сето ова се случува откако тој наложи да започне изработката на статутот на Заедницата на српски општини, […]

Харадинај за одлуката на Српска листа: Едностраните мерки не се добри


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изрази надеж дека партијата Српска листа ќе ја преразгледа одлуката за напуштање на неговата Влада. – Едностраните мерки и прекинот на соработката не се добра работа, изјави Харадинај по вонредната седница на косовскиот Совет за национална безбедност. Седницата на Советот беше одржана по вчерашниот инцидент во Косовска Миторовицa и денешната одлука […]

Могерини попладнево на средба во Белград со Вучиќ


Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини попладнево ќе пристигне во Белград на разговори со српскиот претседател, само ден по бруталните сцени во Косовска Митровица и Приштина и апсењето на директорот на владината Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ. Тоа го потврди Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕК. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе се […]

Српска листа ја напушта косовската Влада и најави формирање на ЗСО


Српската листа излегува од косовската Влада, а 10-те општини со мнозинско српско население во Косово на 20 април ќе ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска претседателот на партијата Горан Ракиќ. Тој информираше дека одлуката била донесена по консултациите со српскиот претседател Александар Вучиќ, кого постојано го информирале за вчерашните случувања во Косовска Митровица […]

Захарова: Москва адекватно ќе одговори на протерувањето руски дипломати


Москва адекватно ќе одговори на одлуките на Вашингтон и повеќе западни земји за протерувањето руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека тоа се однесува на протерувањето на руските дипломати и затворањето на Конзулатот на Русија во Сиетл. – Адекватен одговор ќе биде даден на сите чекори […]

Пицула: Ако се затресе Балканот ќе се тресе и Европа


Европратеникот и поранешен хрватски министер за надворешни работи Тонино Пицула предупредува дека мирот стабилноста и иднината на Европа зависат од состојбата на Западен Балкан, нагласувајќи дека балканскиот регион е многу чувствителен и нестабилен и доколку се затресе, ќе се тресе и цела Европа. Во авторски текст за „Еуропиен Вестерн Балкан“, Пицула нагласува дека не смее […]

Каменос: Ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје


Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос. Во интервју за утринска емисија на грчката телевизија „Антена“, тој не само што ги повтори неговите позиции […]

Могерини: Им се јавив на Вучиќ и Тачи, потребно е смирување на ситуацијата


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, вечерва соопшти дека разговарала телефонски со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи, и дека го осудува тоа што се случи во Косово. – Им се јавив на Вучиќ и Тачи. Го осудувам тоа што денеска се случи на Косово. […]

Косовските власти го ослободија српскиот висок функционер Марко Ѓуриќ


Претседателот на Косово Хашим Тачи и косовската полиција соопштија дека е ослободен Марко Ѓуриќ, главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ. Ѓуриќ беше уапсен денеска во Косовска Митровица. Косовскиот претседател Тачи рече дека полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија. – Тој случај […]

ЕУ: Осуда на настаните на Косово, Белград и Приштина да покажат воздржаност


Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ остро ги осудува денешните случувања во Косово, по апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. – Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово, изјави Коцијанчич. Таа додава […]

Тензично во Косовска Митровица, Вучиќ итно го свика Советот за безбедност


Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика за вечерва во 19.30 часот седница на Советот за национална безбедност, јави Танјуг откако попладнево во Косовска Митровица беша приведен директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. Tанјуг јави дека полицијата го однела Ѓуриќ во Приштина. Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ кој е повреден […]

Во Косовска Митровица приведен Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово


Припадници на специјалната полиција го приведоа денеска директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ кој е повреден во обидот да се спротистави на апсењето, јави Танјуг. Засега не се знае каде е Никола Селаковиќ, генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Србија. Ѓуриќ е […]

Во Албанија прогласени двајца руски дипломати за непожелни


Албанија денеска прогласи двајца руски дипломати како непожелни со образложение дека нивните активности во земјата не одговараат на пријавениот дипломатски статус. Рускиот амбасадор во Албанија, Александар Карпушин денеска беше повикан во албанското Министерство за надворешни работи, при што му било најавено прогласувањето на двајцата руски дипломати за непожелни. Потегот на албанското МНР е во момент […]