Вучиќ закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност


Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност без да ја наведе причината и темата на заседанието, но како што тврдат белградските медиуми, една од темите ќе биде косовското прашање. Вучиќ денеска имаше средба со австрискиот амбасадор во Србија, Николаус Лутероти, кого. како што соопшти неговиот кабинет, […]

Тачи нареди почеток на работата за формирање на ЗСО


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска наложи да почне работата на формирање на Заедница српски општини (ЗСО), соопшти портпаролот на претседателот. Весникот „Коха“ наведува дека одлуката на Тачи доаѓа по неговата петочна средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. Весникот наведува дека според […]

Ѕанакопулос за името: Инсистираме на ревизија на Уставот


Атина – Портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос изрази надеж дека што е можно што поскоро да се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името. Говорејќи за радиото „Сто Кокино“, тој објасни дека ова решение треба да биде во рамката што ја опишува Атина. Ѕанакопулос рече дека разговорите во Скопје […]

„Новости“: Загреб сака да дојде до документацијата на НДХ


Властите во Загреб сакаат од Белград да ја повлечат документацијата поврзана со усташката творба од времето на Втората светска војна, Независната Држава Хрватска (НДХ), со цел да ја „заробат вистината“, тврди во денешното издание белградскиот весник „Вечерње новости“. Според весникот, документацијата што ја бара Загреб содржи податоци за усташките логори и за злосторствата што ги […]

Коѕијас го известил Ципрас за разговорите во Скопје


За средбите во Скопје и текот на преговорите, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба во премиерската палата во текот на вчерашниот ден, објавија грчките медиуми. Според информациите во медиумите во Грција, Атина смета дека има напредок во преговорите. Разговорите во Скопје поминале во добра клима, […]

Уапсени тројца киднапери на мигранти во Солун


Грчката полиција уапси тројца државјани на Пакистан, кои се обвинети дека во еден магацин во предрадие на Солун како заложници држале 21 илегален мигрант, од кои барале пари за нивно солободување. Пронајдените мигранти – 13 Еритрејци, седуммина Пакистанци и еден Мјанмарец, во Грција пристигнале илегално во средата од Турција, по што биле пречекани од криумчарите, […]

Косово го менува српскиот телефонски код +381 со +383


Државниот „Телеком на Косово“ денеска соопшти дека прекинува со користење на меѓународниот код на Србија за фиксните телефонски повици и дека од сега во употреба ќе биде само новиот косовски код. „Од 24 март кодот +381 повеќе не може да се користи. Сега треба да се користи кодот +383. Ве молиме да ги информирате своите […]

Вучиќ да го повлече потписот од Бриселскиот договор


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека ќе му предложи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ да ги повлече потписите од Бриселскиот договор. – Јас го потпишав Бриселскиот договор како премиер, јас би го повлекол потписот и би кажал: Не сакате Заедница на српските општини, тогаш не го сакаме ниту ние сето […]

ПАСОК бара избори поради името


Ако Независни Грци не гласаат за договорот за името на северниот сосед, Грција треба да оди на избори, вели портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис во утринска емисија на грчката телевизија Скај. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Христидис, освен што упати критики до актуелната грчка коалициона влада во однос на тоа дека нема […]

Србите не сакаат во НАТО


Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО, две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето. Тоа се резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања. Денеска се одбележува […]

Нова демократија со критики до Ципрас


Со одговорот на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дека посакува следниот пат да се претстави како новинарка од Горна Македонија, Ципрас, според Нова демократија потврдил колку „неодговорно и површно управува со националните прашања“. Грчката опозициска партија, преку соопштение реагираше и побара од Алексис Ципрас да стане сериозен и да ги разбере неговите национални […]

Дачиќ: Србија никогаш нема да ја прифати прогласената независност на Косово


Србија нема намера да ги жртвува своите национални интереси за да стане членка на ЕУ, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за државната телевизија РТС. – Можам да кажам од свое име, од името на Владата, во име на претседателот Александар Вучиќ дека Србија никогаш нема да ја прифати еднострано прогласената независност на […]

Пролетниот снег и поплавите предизвикаа проблеми на Балканот


Обилните снежни врнежи и поплавите денеска предизвикаа многу проблеми во голем дел од Балканот, каде повеќе патишта се затворени, поплавени се куќи, а во прекин е и пловидбата долж брегот на Јадранското море. Освен во Македонија, снег денеска паѓаше и во Србија, Хрватска и Албанија, што беше изненадување за регионот во рана пролет, додека топењето […]

Вучиќ и Тачи во Брисел ќе разговараат за нормализација на односите


Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи утре би требало да се сретнат во Брисел за да ја разгледаат вкупната состојба во односите меѓу Белград и Приштина, примената на постоечките договори и за да разменат ставови за новата фаза од дијалогот за сеопфатната нормализација на односите. Состанокот во Брисел го организира високата претставничка […]

Ратко Младиќ ќе се жали на казната за доживотен затвор


Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ денеска поднесе жалба против донесената пресуда за доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изнесена во ноември минатата година од Хашкиот трибунал. Адвокатите на Младиќ, кој уште се нарекува „касап на Балканот“, побарале од „Апелацискиот суд да ги отфрли сите погрешни судски одлуки“ и […]

Самоопределување ќе бара оценка на уставноста на демаркацијата


Косовоското опозициско движење Самоопределување одлучи да побара оценка на уставноста на Законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше усвоен вчера во косовскиот Парламент, соопшти пратеничката на оваа партија Албулена Хаџиу. Според неа, Самоопределување следната недела ќе побара од Уставниот суд на Косово да се поризнесе за уставноста на Законот. […]

Могерини: Од Западен Балкан имаме тренд на позитивни вести


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека лидерите на ЕУ денеска на Самитот во Брисел ќе почнат разговори за Западен Балкан и оти на таа тема ќе се навратат на средбата на врвот во јуни. –  Верувам дека ќе имаме добар почеток на разговорите за Западен Балкан. На таа […]

(ВИДЕО) Куче намириса македонски наркодилер во Унгарија


Унгарската полиција заплени хероин вреден речиси половина милион евра во возило на македонски државјанин. Специјално полициско куче за откривање наркотици укажа на сомнителни супстанции под совозачкото седиште, по што службениците пронашле 15 пакети со 11.7 килограми хероин. Македонскиот државјанин е уапсен и против него е поднесена кривична пријава, јави РТС. Акцијата е реализирана на преминот […]

Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на демаркацијата


Официјална Тирана го поздрави изгласувањето на договорот за демаркација на косовско-црногорската граница,вечерва од страна на косовскиот Парламент, оценувајќи го како голем чекор за слободно движење на косовските граѓани. Шефот на албанската држава, Илир Мета во официјалната реакција денешното гласање го оцени како „исполнување на желбата на граѓаните на Косово за слободно движење и реализација на […]

Косовскот Парламент го усвои договорот за демаркација на границата со Црна Гора


По многу компликации  косовскиот Парламент со 80 гласови „за“ го усвои договорот за демаркација на гранцата со Црна Гора. Против гласаа единаесетте пратениците од отцепеното крило на Движењето Самоопределување, кое сега делува како независна група. По апсењето на најмалку дванаесет пратеници од Самоопределување, на гласањето присуствуваше само еден пратеник од овој политички субјект. На изгласувањето […]