Јеремиќ: Вучиќ нудеше размена на територии


Вук Јеремиќ на седница на неговата Народна партија изјави дека Александар Вучиќ нудел размена на територии, но бил одбиен од меѓународната заедница, која не му „понудила“ ништо друго освен да потпише правно обврзувачки договор со кој Косово би се внело во Обединети нации. Тој ги отфрли критиките упатени од српскиот претседател дека „клучните грешки за […]

Во Валона запленети над 630 килограми марихуана во прав


Полицијата од албанскиот приморски град Валона, во близина на Орикум заплени 630 килограми марихуана во прав и 900 грама масло од марихуана. Во акцијата во која биле вклучени 40 полициски службеници се запленети и пет автомобили и еден моторен чамец, а уапсени пет лица. Тројца од упасените се жители на Орикум, додека останатите тројца  се […]

Весели му одговори на Ердоган: Не потклекнуваме на надворешен притисок


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели истакна дека е изненаден од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за преземените чекори на косовската Влада по депортацијата на шесте турски граѓани. Тој наведе дека дека таквите изјави не придонесуваат за пријателството меѓу двете земји, Косово и Турција и ги оправдува одлуките на премиерот Рамуш Харадинај за […]

Рама: Нема преговори за петте евра за патарина


Албанскиот премиер Еди Рама, ден по насилните протести поради воведување патарина на „Патот на нацијата“, изјави дека полицијата ја зачувала присебноста наспроти групата вандали кои ќе ја добијат заслужената казна. На прес-конеренција Рама, исто така, најави интензивна комуникација за објаснувања во врска со патарината бидејќи дезинформациите и манипулацијата на јавното мислење триумфирале над објаснувањата што […]

(ВИДЕО) Мафијашка пресметка среде Подгорица


Во центарот на Подгорица денеска се убиени две лица од страна на засега непознато лице. Центарот на Подгорица е блокиран, а црногорската полиција врши увид. Лицето кое пукало е во бегство, а полицијата интензивно трага по него. Црногорските медиуми јавија дека нападот се случил во кафулето „Форум“. Двете лица врз кои е пукано се пренесени […]

Вучиќ: Има две опции за решавање на косовскиот проблем


Претседател на Србија, Александар Вучиќ на денешното отварање на Националниот конвент за ЕУ, што се одржува во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт. – Најголем број од учесниците на внатрешниот […]

Вработени во српската Влада заболени од морбили, ќе се тестираат и министрите


Две лица вработени во Владата на Србија се заболени од морбили, поради што е организирано тестирање на сите министри и владини службеници, објави денеска белградскиот весник „Блиц“. Според весникот со морбили се заразени една хигиеничарка и еден припадник на обезбедувањето. Ако при тестирањето се докаже дека некој од вработените нема доволен број антитела веднаш ќе […]

Харадинај: Шестте турски државјани се депортирани без мое знаење


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека шестте турски државјани се депортирани без негово знаење, истакнувајќи оти тоа било „билатерална операција на разузнавачките служби на двете држави“. Харадинај посочи дека смената на министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на косовската разузнавачка служба (АКИ) Дритон Гаши, е основана. – Депортацијата е кршење на хиерархијата на […]

Петиција за смена на косовскиот претседател поради апсењето на „ѓуленисти“


Во Приштина е покрената петиција за смена на косовскиот претседател Хашим Тачи поради вчерашното апсење и депортација на шестте турски државјани, кои за официјална Анкара се припадници на движењето ФАТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен. Пратеничката Мимоза Кусари-Љиља на Фејсбук побара смена на Тачи, бидејќи според неа, тој ја наредил акцијата. – Треба да се […]

Србија: Први казни поради невакцинирање деца


Суд во Белград изрече 55 пресуди за родители кои не ги вакцинирале своите деца и тоа во 15 случаи изречена е парична казна, додека за 40 родители изречена е опомена наместо парична казна. Претседателот на Судот за прекршоци во Белград Милан Мариновиќ вели дека од почетокот на примена на Законот за заштита на населението од […]

Ѕанакопулос: Грчката влада во рамките на националната линија бара решение со соседот


Во рамките на националната линија на сите грчки влади, официјална Атина бара решение во спорот за името, е ставот на порптаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. – Во однос на името на поранешната југословенска Република Македонија, владата со чувство на одговорност ја брани националната линија што е заедничка основа на сите […]

Борисов: Бугарија нема да протера руски дипломати


Бугарија нема да протера руски дипломати поради „Случајот Скрипал“, изјави денеска бугарсиот премиер Бојко Борисов. Тој истакна дека Бугарија, која претседава со Европската унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија, во момент на тензични односи помеѓу западните земји и Москва поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија. – Бугарија изрази солидарност […]

„Шпигел“: Грција станува центар на кримучарите на луѓе во Европа


Грција се повеќе станува центар на криминалните активности на криумчарите на луѓе во Европа, имајќи предвид дека реонот на Егејското Море е под засилен мигрантски притисок од страна на четирите милиони регистрирани бегалци во соседна Турција, наведува магазинот „Шпигел“, повикувајќи се на таен извештај на германската полиција. Во документот се посочува дека во текот на […]

Харадинај не бил информиран за операцијата во која беа уапсени шест лица поврзани со Ѓулен


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не бил информиран за полициската операција, во која на Косово беа приведени шест турски државјани, за кои се претпоставува дека се поврзани со движењето на Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара дека стои зад обид за пуч во јули 2016 година. Харадинај посочи дека се обидува да ја разбере „уставната […]

Приведена екипа на РТС во Пеќ, по пет часа ослободена


 Екипа на Радио-телевизија Србија (РТС), која вчера ја снимала  четврта епизода на емисијата „Право на утре” за узурпираниот имот на Србите во Пеќ, заедно со пет адвокати, била уапсена од косовската полиција, соопшти денеска  јавниот сервис. Снимателот Александар Стипиќ, реализаторката Билјана Ердељан и возачот Далибор Милутиновиќ, биле уапсени во Пеќ околу 17:45, и со нив […]

Ѓуриќ: Во Приштина не сакаат мир, тие подготвуваат војна


Од изјавата на Рамуш Харадинај на сите им стана јасно дека во Приштина на функции се лица кои не сакаат мир, туку подготвуваат војна, вели директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ . – Харадинај е во право што вели дека не може да има поделба и размена на територии на Косово и […]

Вучиќ: Избрав мир наместо војска


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека разгледувал и опција за употреба на армијата и полицијата поради настаните на Косово, но избрал трпеливост и зачувување на мирот. На новинарско прашање дали е точно дека бил подготвен како претседател да даде наредба за испраќање армиски единици и полиција на границата, Вучиќ рече дека негова уставна обврска […]

САД ги повикаа Србија и Косово да ги нормализираат односите преку дијалог


САД остро ги осудија последните тензии меѓу Косово и Србија, истакнувајќи дека тоа може „непотребно да ги зголеми тензиите и да претставува закана за регионалната стабилност”. Реакцијата на САД уследи по случувањата околу апењето на  директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, кој накратко беше задржан во притвор, а потоа протеран од Косово во […]

Приштина: ЗСО што ќе ја формираат Српска листа нема да има легитимитет


Во првата реакција на најавата на Српска листа дека ќе ја формираат Заедницата на српски општини, од косовската Влада соопштија дека тој орган нема да има легитимитет. – Заедницата е обврска која Косово ја презеде во процесот на Бриселскиот дијалог и која ќе биде реализирана во блиска иднина. Ниту една иницијатива која не е занована […]

Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседите


Во рамките на грчките позиции за сложено ерга омнес име треба да постои решение, топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за третиот канал од Солун на грчката државна телевизија ЕРТ и уште еднаш […]