Објавено видео од мигот на букнување на трагичниот пожар во Грција во кој загинаа 96 лица


Трагичните пожари што избија во областа Атика во Грција зедоа најмалку 96 животи. Сега се појави снимка од која се гледа како избувна пожарот на 23 јули. Снимката ја објави грчкиот дневен весник „Катимерини“. Се верува дека одговорен за пожарот е локален жител, кој случајно ја предизвикал оваа трагедија. Се верува дека само сакал да […]

Србија прави анализи за враќање на задолжителниот воен рок


Министерството за одбрана по наредба на претседателот на Република Србија и врховен командант на војската на Србија Александар Вучиќ почна со изработка на студија за сите модалитети и можности за враќање на задолжителниот воен рок. Во изјава за Н1, претставник на српското МО потсети дека воениот рок во земјата никогаш не е укинат, туку со […]

Харадинај бара обележување на границата со Србија


Претседателот на Владата на Косово Рамуш Харадинај информира дека побарал од Државната комисија за надзор врз границата да започне со работа за обележување на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовскиот премиер на прес-конференција денеска рече дека веднаш по ратификацијата на договорот за демаркација со Црна Гора, пред шест месеци, побарал од […]

Казни до 1.000 евра ако изнесете камења од плажа во Грција


Властите на островот Скијатос сакаат со високи казни да ги сочуваат белите камења кои природата ги мазнела со векови, а туристите ги земаат во џебови и така сериозно го нарушуваат изгледот на плажата позната токму по белите камчиња кои ги заплискува синото море. Геолозите предупредуваат дека континуираното земање камчиња од плажата може трајно да ја […]

Србија произведе нов авион после 30 години


Новиот авион „сова“ (був), произведен во фабриката за авиони „Утва“ во Панчево, ќе го има првиот пробен лет. Програмата, „41 М“, попозната како „сова“, беше финансирана од „Југоимпорт“ , а фабриката „Утва“ беше ангажирана во дизајнирање, модификација, производство на прототипот, тестирање и сертификација на авионот. Овој тип авиони е произведен во „Утва“ минатата година, а […]

Лавров: Косовските Албанци не го почитуваат договорот со Србија, постигнат со посредство на ЕУ


Косовските Албанци, во текот на многу години, не го спроведуваат договореното со Србија, постигнато со посредство на ЕУ, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ. – Русија секогаш се залага за целосна и безусловна имплементација на Резолуцијата 1244, поддржуваме активности кои ги презема Белград за да […]

Вучиќ: Руските „мигови“ ќе ги носат имињата на српските војници убиени од НАТО


Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека борбените авиони МиГ-29 кои Србија ги доби од Русија ќе бидат именувани според српски војници кои биле убиени во Косовската војна во 1999 година. Вучиќ денеска присуствуваше на церемонија по повод приемот на два од шесте донирани авиони. – Мој предлог, а се надевам дека Војската на Србија тоа […]

Истанбул не дозволи жртвување на животни во близина на Босфорот


Градските власти во Истанбул годинава не дозволија за Курбан бајрам да се колат животни во близина на морето. Со тоа, за првпат по подолго време, водите на Босфорот не се зацрвенија од крв од жртвуваните животни, јави Си-Ен-Ен Турк. Градските власти ги запечатиле канализациските шахти во сите делови на градот каде постои можност крвта од […]

(ВИДЕО) Хрватска новинарка истури фекалии пред Владата во Загреб


Хрватската новинарка Ива Анзуловиќ денеска истурила кофа полна со фекалии пред влезот на хрватската Влада во Загреб. Според „Вечерњи лист“, ова е втор пат новинарката да го стори тоа, а причината е несериозноста во борбата против корупцијата во Хрватска. – Ќе ги поливам со измет сите за кои аргументирано, според новинарски текстови, се знае дека […]

Албанското МВР демантира дека има нов извештај на ЦИА


Албанското Министерство за внатрешни работи, по информацијата на медиумите за извештајот на ЦИА и острите обвинувања на опозицискиот демократски лидер Љуљзим Баша, реагираше со соопштение во кое појаснува дека „веста објавена во медиумите е неточна“. – Веста објавена на медиумите во врска со некаков нов извештај на ЦИА за безбедносната ситуација во Албанија е неточна […]

Баша: Албанија не заслужува премиер поврзан со криминал


Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша, реагирајќи на последниот извештај на американската разузнавачка агенција ЦИА во кој се наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и мигранти, изјави дека „Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал“. Реакцијата на Баша е преку видео снимка на социјалните мрежи во […]

Повторно пожари во Грција, евакуирано село на Пелопонез


Село во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез беше евакуирано откако во близина избувна шумски пожар, кој почна да се приближува до семејните куќи, објави „Катимерини“. Деведесет пожарникари, со 30 противпожарни возила се борат со пожарот во Дафниотиса, во близина на градот Амалијада, потпомогнати од три противпожарни авиони и еден хеликоптер.

Жените од Косово креваат глас: Полицијата ги штити убијците на жени


Невладината Мрежа на жените на Косово по вчерашното, последно во низа, убиство на жена во Ѓаковица, ја обвини косовската полиција дека ги брани убијците на жени, јави дописникот на МИА од Приштина. Повод за оваа реакција на Мрежата беше полициското соопштение, во кое се наведува дека сега покојната 61-годишна жена, мајка на осум деца, доцна […]

Дачиќ: Невозможна е еднострана демаркација на границата


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги денешните изјави дека во Приштина се разгледува можноста за демаркација на границата со Србија, изјави дека тоа не може да се стори еднострано и дека за демаркација е неопходен договор на двете страни. – Каква демаркација, добро знаете дека постои административна линија кој речиси 20 години […]

Целосно се урна потпорниот ѕид на коридорот 10 од Србија кон Македонија


Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат. Овој потпорен ѕид, кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изгрдба кон Македонија, на делницата Горно Поле- Царичина долина, во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати. Попорната конструкција вчера […]

Започна уривањето на изгорените куќи од пожарот во областа Атика


Од денеска започнува уривањето на куќите што претрпеа сериозна штета во пожарите во источниот дел на областа Атика на 23 јули. По спроведените контроли од инженерите од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, куќите кои беа обележани со црвена боја, односно кои се опасни за живеење, ќе се рушат, јави дописничката на МИА од […]

Македонци и Бугари ја освоија Беласица


Над 15о туристи од Македонија и од Бугарија го покорија врвот Тумба на Беласица. Иницијативата беше на друштвото „Калабак“ од Петрич со поддршка на струмичкиот „Ентузијаст“. Походот се реализира веќе 18. година по ред, пишуваат бугарските медиуми. Интересно, на Тумба се искачи и првиот човек на Петрич, Димитар Брчков. На врвот што е распостелан на […]

Бурек во Ниш за Гинис: Пита тешка 200 кг, ја снема за 15 минути


Најголем бурек на Балканот направен е во Ниш, а синоќа бил бесплатно поделен на граѓаните од овој град на традиционалната манифестација денови на бурекот. Овој бурек во пречник од околу два метри тежел 200 килограми, а, како што објавија медиумите, тоа не било доволно колку граѓани сакале да го пробаат. Ако се мерело времето од […]

Хрватската опозиција доби нов прекар


Едномесечен притвор поради страв од повторување на делото и е одреден на Вера Бегиќ-Блечиќ, функционерка на хрватската СДП (Социјалдемократска партија) во Хрватска, затоа што во четвртокот под дејство на алкохол предизвика сообраќајна несреќа во која загина едно лице. Несреќата се случи во Ријека, кога раководителката за спорт во овој приморски град, со 1,81 промил алкохол […]

Романската премиерка во писмо до Јункер ја оправдува употребата на сила против демонстрантите


Премиерката на Романија Виорика Данчила испрати писмо до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во кое ја оправдува употребата на сила против демонстрантите за време на антивладините протести, кога интервенираа полициски сили, а беа повредени повеќе од 450 луѓе. Таа тврди дека други политичари, вклучително и претседател Клаус Јоанис, се обидуваат „насилно да ја отстранат […]