Населбите зафатени од пожарот по ноември ќе бидат соодветни за живеење


По ноември се очекува да се создадат соодветни услови за живеење во населбите зафатени од пожарот на 23 јули во западниот дел на областа Атика, според грчкиот професор по атмосферска физика и геолог Христос Зерефос. Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, тој објаснува дека до тогаш, есенските дождови ќе ги отстранат токсичните материи и […]

„Вашингтон тајмс“: Судските реформи спонзорирани од Сорос ја оставија Албанија без судски систем во полза на Рама


Престижниот американски весник „Вашингтон тајмс“ во еден од своите написи наведува силни обвинувања против албанската влада. Според весникот реформските процеси во земјата кои се спонзорирани од фондацијата „Сорос“ ја оставиле Албанија без судски систем,што „е во полза на премиерот Еди Рама“. -Процесот на проверка на потеклото на имотот и поврзаноста со криминални структури на судиите […]

Рама и Бериша користеле најмногу навредливи зборови во албанскиот парламент


Албанското собрание, кое бори 140 народни избраници, познато е по жешките распарви, инциденти, тензични ситуации за чие смирување мора да интервенира обезбедување, па дури и припадниците на Националнат гарда,поради што ништо невообичаено не е пратениците да се обраќаат еден кон друг со навредливи и погрдни зборови, објави порталот Албеу. Постои и список во кој се […]

„Економист“: Албанија прва во светот по употреба на кокаин


Престижниот британски весник „Економист“ објави дека Албанија го зазема првото место во светот по употреба на кокаин во однос на бројот на населението. Во репортажата под наслов „Зошто картелите профитираат“ се наведува дека борбата со дрогата се движи кон нова криза, а насилните нарко картели се борат за добивка од 320 милијарди долари годишно. Во […]

Двајца мажи пронајдени мртви во библиотеката во Белград


Двајца мажи се пронајдени мртви во Народната библиотека во Белград, изјави за српската новинска агенција ТАНЈУГ портпаролот на Брзата помош, Мирко Лутовац. Тој наведе дека Брзата помош примила повик дека две лица се задушуваат во просторијата каде се наоѓа системот за ладење. – Нашите екипи можеа само да констатираат смрт, посочи Лутовац, додавајќи оти се […]

Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа


Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме „за“, вели поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, а сега пратеник во Нова демократија, во интервју за радио „Практорио ФМ“ за Договорот од […]

Вучиќ: Воведување воен рок ќе ја чини државата меѓу 90 и 100 милиони евра


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека воведувањето на обврзен воен рок од три месеци според негови процеки, ќе ја чини државата меѓу 90 милиони и 100 милиони евра. Тој рече дека проценките на поранешниот министер за одбрана за 600 милиони евра се однесувале за рок од една година. – Тоа значи дека за половина […]

Се зголемува бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција


На 11 лица се искачи бројот на починати од вирусот Западен Нил во Грција според најновите информации од Центарот за контрола и превенција на болести на Грција. Вирусот со кој се заразени 107 лица е проширен во 42 области низ целата земја, а најголем број од регистрираните случаи се во регионот Атика, во пошироката област […]

Годинава Албанија ќе ја напуштат 5.000 илјади медицински сестри


Официјалните податоци изнесени од здружението на медицински сестри потврдуваат дека овој кадар масовно ја напушта Албанија и главно се вработува во Германија. – Многу наши колеги и колешки ја напуштија земјава а уште многу се поготвуваат да заминат. Во првите шест месеци од годинава земјата ја напуштилја 2.500 медицински сестри. Според нашите сознанија до крајот […]

За професорката Копа, договорот за името е добар и фер


Сметам дека Договорот од Преспа и добар и фер договор, пишува професорката на Катедрата за меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот факултет Пандио и поранешна европратеничка од ПАСОК, Марилена Копа, во нејзината колумна за весникот „Ефимерида тон сидактон“. – Договорот става крај на 26-годишниот спор и ниту една страна не е поразена или понижена.  […]

Бушати: Албанија е против корекции на граници и размена на територии


Тирана, 13 август 2018 (МИА) – Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, на попладневната средба со претставниците на политичките партии на Албанците од Прешевската Долина, ставил до знаење дека Албанија не ја поддржува идејата за промена на границите или размена на територии меѓу Косово и Србија. Во соопштението од средбата јасно се покажува дека официјална […]

Каде е најевтино да летувате: Споредба на цените во Грција, Хрватска и Црна Гора


При изборот на места за летување, најголемо внимание се посветува на средствата што ќе треба да се одвојат за сместување, но исто така предвид се земаат и трошоците за храна и за сместување. Бидејќи цените за сместување од почетокот на сезоната не се променети, ако одлучите да го поминете летниот одмор во овој период од […]

Дејан Жидан избран за претседател на словенечкиот парламент


Лидерот на социјалдемократите, Дејан Жидан, кој беше вицепремиер и министер за земјоделство на Словенија од 2014 до 2018 година, денеска беше избран за претседател на словенечкиот парламент. Неговата кандидатура беше поддржана од 49 од 90 пратеници. – Ќе сторам сé за повторно да се подигне авторитетот на пратениците и парламентот, рече Жидан. Тој истакна дека […]

Вучиќ: Далеку сме од тоа некој да ни го нуди северот на Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека официјален Белград е далеку од решение за Косово и дека е далеку од тоа некој на Србија да и го нуди северот на Косово. – Далеку сме од тоа … Далеку сме од што и да е, изјави Вучиќ пред новинарите во Зрењанин, по потпишувањето на договорот со кинеската […]

Ѕанакопулос: Договорот ќе помине со широко парламентарно мнозинство


Ако политичките сили во земјата гласаат врз основа на јасни политички критериуми и идеологии, Договорот ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, вели министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ. – Што се однесува до македонското прашање, доколку се исполнат предусловите од соседната земја, ќе дојде […]

Ципрас ќе биде пречекан со протести против Договорот од Преспа на отворањето на Меѓународниот саем во Солун


Протести против Договорот од Преспа организираат здруженијата од грчката дијаспора и „Комитетот за борба за Македонија“ на 8-ми септември, односно на денот кога свечено ќе биде отворен 83. Меѓународен саем во Солун и свое обраќање ќе има грчкиот премиер. -На 8-ми септември на Меѓународниот саем во Солун, грчкиот народ ќе покаже дека премиерот Алексис Ципрас, […]

„Ер Албанија“ ќе почне со летови во почетокот на септември


Албанскиот национален авиопревозник „Ер Албанија“ првиот лет ќе го има во првата недела од септември. Тоа го соопшти албанскиот премиер Еди Рама,кој постираше и фотографии и видео запис околу последните подготовки пред почетокот со работа на компанијата. Првото пробно полетување ќе биде на 31 август. Станува збор за авион „Арибус 319“ кој ќе лета на […]

Дачиќ: Меѓу Србија и Косово нема граница, па нема ни демаркација


Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, по повод барањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да се почне со работа на обележување на границата меѓу Косово и Србија, изјави дека „меѓу Косово и централна Србија не постои граница, туку административна линија и оти не може да дојде до демаркација“. – Тоа е театар за дома, заостанати […]

(ВИДЕО) Босанец во инвалидска количка сам си направи спуштен тротоар за да ја премине улицата


Еден човек во инвалидска количка беше снимен како со помош на чекан удира по тротоарот за да си направи спуштен тротоар за да може да ја премине улицата. Видеото, како што се наведува, е снимено во Босна и Херцеговина во градот Горажде. Тротоарот е направен така што улицата не може да се премине со инвалидска […]

Церар заминува од премиерската функција и станува шеф на дипломатијата на Словенија


Досегашниот технички премиер на Словенија Миро Церар ја напушта таа функција и во иднина ќе биде министер за надворешни работи во новата владејачка коалиција, предводена од Марјан Шарец. – Од премиерската функција заминувам многу смирено, бидејќи за време на нашиот мандат успеавме Словенија да ја извлечеме од криза и да го подигнеме нивото на политичка […]