Пожар во психијатриска болница во Хрватска, едно лице изгоре


Едно лице загина, а 16 други се повредени во пожар што избувна попладнево во психијатриска болница во Лопачка, во близина на Риека. Во моментот на избивање на пожарот во болницата имало стотина лица. Пожарот, кој избувнал на третиот кат, се проширил на четвртиот. На терен има околу педесет пожарникари. Пожарот е под контрола, но пожарникарите […]

Ослободена приведената пратеничка на Самоопределување од Косово


Пратеничката на Движењето Самоопределување (ВВ) Саранда Богујевци, која заедно со седум други активисти на таа опозициска партија беше приведена по протестот пред полицијата во Приштина, попладнево е пуштена од притвор, јави дописникот на МИА од Приштина. На останатите седум активисти, кои беа приведени по судирот со полицијата за време на денешниот протест организиран против неефикасноста […]

Објавена видеоснимка од кобниот лет на двајца параглајдеристи над Будва


Основното државно обвинителство во Котор ја истражува смртта на параглајдеристите Душан Симовиќ од Бjело Поле и туристката од Египет Маријана Микхаил, кои завчера им подлегнаа на повредите на пат кон болницата, откако се здобиле при принудното слетување во Јаз. Инспекторите од которското обвинителство истражуваат како можеле да полетаат од Брајиќи, каде што наводно нема регуларно […]

(ВИДЕО) Затворен кампот за воена обука на деца во Србија


По реакциите на јавноста, српската полиција го затвори младинскиот камп организиран од, како што јавија српските медиуми, руски и српски ветерански и патриотски здруженија на Златибор. Власите велат дека на летниот камп на планината Златибор учествувале деца на возраст од 12 години и возрасни над 23 години. Вкупно 34 машки 12 женски деца присуствувале на […]

Словенечкиот парламент го избра Марјан Шарец за мандатар


Словенечкиот парламент денеска го избра поранешниот комичар Марјан Шарец за мандатар за состав на новата влада. Шарец (40), чија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ) освои второ место на изборите на 3 јуни, доби поддршка од 55 од вкупно 90 пратеници во парламентот. Тој така го „турна во втор план“ поранешниот премиер Јанез Јанша, чија антиимигрантска […]

На Бајага не му дозволуваат да пее во Хрватска, Рамбо Амадеус ја знае причината


Своето мислење по повод откажаните настапи на српскиот пејач Момчило Бајагиќ Бајага во неколку хрватски града, што по сѐ изгледа овие денови е една од главните теми во земјата и во регионот, го искажа и легендарниот црногорски музичар и текстописец Рамбо Амадеус. Бидејќи не му е јасно зошто некој би го забранил концертот Бајага, тој […]

Македонците во Србија на 4 ноември ќе избираат членови на Националниот совет


Српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ денеска за 4 ноември ги распиша изборите за националните совети за малцинствата во Србија, меѓу кои и за македонското малцинство. Ружиќ на прес-конференција изјави дека во посебниот избирачки список до 15 август се запишале 475.000 граѓани кои можат да гласаат за 22-та национални совети. – […]

Визната либерализација за Косово на дневен ред на Комитетот ЛИБЕ на ЕП на 29 август


Комитетот за граѓански права, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент ќе ја разгледува визната либерализација за Косово на 29. август, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерството за евроинтеграции на Косово соопшти дека информацијата вчера, во телефонски разговор, на министерката Дурата Хоџа и ја пренел известувачот за Косово во ЕП, Игор Шолтес, кој […]

Орбан сака да го забрани Хајнекен


Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да ја забрани употребата на црвената ѕвезда, односно петокраката, па неговата партија Фидес подготвува закон со кој ќе биде стопирана нејзината секаква комерцијална употреба. Законот предвидува казна од друи 6,5 милиони евра или две години затвор за сите што ќе се осмелат сепак да ја користат црвената петокрака. Меѓу најпогодените […]

Се сруши ѕид од зграда во Нови Сад, дневната им остана надвор


Ѕид од зграда во Нови Сад се сруши, а собите на станарите буквално останаа под отворено небо, јавуваат српските медиуми. Луѓето слушнале силен звук и тресење, а подоцна сфатиле дека зградата им се распаѓа. Како причина за рушењето се наведува изградбата на друга зграда веднаш до срушената. Инвеститорот, кој ги поткопал темелите немал дозвола за […]

Фудбалски клуб продал 18 играчи за да купи 10 кози


Турскиот фудбалски клуб Ѓулспор, кој игра во една од пониските лиги во таа земја, продал 18 јуниори за да собере пари за купување 10 кози. Клубот од продажба на играчите заработил околу 2.500 долари, а ќе купи 10 кози од кои заработката би можела да биде уште 830 долари во иднина и тоа само од […]

(ВИДЕО) Руски и српски ветерани им држат воена обука на деца на Златибор


Во Србија на Златибор е отворен првиот младинско-патриотски камп за деца, кој го организираат српски и руски ветерански и патриотски групи, јавуваат српските медиуми. На видеото објавено од руската агенција „Раша тудеј“ се појави снимка во чиј опис се наведува дека во кампот учествуваат триесетина деца на возраст од 14 до 23 години. „Децата ги […]

Пренчи предупредува на сериозни криминални случувања во Албанија


Поранешниот генерален директор на албанската полиција,Ахмет Пренчи, даде силно преуредување кога станува збор за безбедноста во земјата. Според него,во иднина, се очекуваат тешки,сериозни настани,поради поврзаноста на криминалците со власта. Тој во интервју за тиранскиот весник “Газета шќиптаре” вели дека политичката волја е единствениот инструмент за удар врз криминалот со прекинување на поврзаноста со власта. – […]

Турскиот министер за финансии: Турција ќе биде посилна од кога било


Министерот за финансии на Турција Берат Албајрак им изјави денеска на меѓународните инвеститори на телеконференцијата дека Турција ќе излезе од „курсните осцилации“ посилна отколку кога било. Албајрак денеска на телеконферецијата разговараше со неколку илјади инвеститори, за да ги извести за моменталната состојба на турската економија. Албајрак на инвеститорите им рекол дека турските банки се „здрави […]

Амбасада на САД во Приштина: Косово и Србија немаат неограничена слобода во преговорите


Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Приштина вели дека постигнувањето договор меѓу Косово и Србија е во рацете на овие две држави, но им порача на преговарачите дека „не можат да имаат неограничена слобода на дејствување“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот на прашањето на „Газета Експрес“ за најавите на некои од […]

Србија: Се помалку жени се решаваат да родат прво дете


Во Србија се помалку жени раѓаат свое прво дете, вели министерката задолжена за демографија и популациска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ и прецизира дека нивниот број во 2017 година е намален за 1.000 во споредба со претходната година. – Тој тренд е резултат на иселувањето на млади луѓе од државата, објаснува таа за Танјуг. Новото истражување […]

БИРН: Се продаваат СББ и Н1


Инвестициската група ППФ, која неодамна го презеде Теленор, е најсериозен потенцијален купувач на Јунајтед груп, во рамките на која се СББ (Serbia broadband – Српски кабловски мрежи) и регионалната телевизија Н1, наведуваат извори на БИРН. Два извора запознаени со преговорите тврдат дека оваа недела ќе бидат реализирани серија состаноци со потенцијалните купувачи, а потпишувањето на […]

Вулин: Да се запре ширењето на „голема Албанија“


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, идеја која според него, е најопасна на Балканот. – Сметам дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, најопасна политичка идеја на просторот на Балканот. „Голема Албанија“ значи војна и тоа не само војна со Србија и […]

Тачи ги осуди заканите врз специјалниот обвинител, кој поднесе оставка


Косовскиот претседател Хашим Тачи ги осуди заканите врз обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово, Елез Бљакај, кои, според медиумите, беа причина за неговата оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. – Владеењето на правото е темелот на една држава и на демократското општество и една од најзначајните карики во јакнењето на европската перспектива […]

(ВИДЕО) Поплавени улици во Белград, сообраќајот во колапс


Дождот предизвика хаос на улиците во Белград, Србија. Невремето го поплави градот, а сообраќајот е речиси во колапс. Како што пренесуваат тамошните медиуми по улиците течат реки со вода, а возилата буквално пливаат.