Треба да се најде решение за возачите на камиони од надвор од ЕУ, вели хрватскиот министер за транспорт


Хрватскиот министер за транспорт Олег Бутковиќ изјави дека треба да се најде решение за возачите на камиони од надвор од ЕУ кои не можат да останат во Европската Унија повеќе од 90 дена во период од шест месеци, поради што протестираат и предизвикуваат големи сообраќајни метежи и застои на граничните премини, јави Хина. Запрашан за […]

Ослободени тројцата уапсени за експлозијата во фабриката во грчкиот град Трикала


Сопственикот на фабриката, техничарот за безбедност при работа и дежурниот техничар, кои беа уапсени за експлозијата и пожарот во фабриката за бисквити во грчкиот град Трикала, по исказот пред јавен обвинител, доцна синоќа беа ослободени без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, тројцата уапсени биле ослободени бидејќи истрагата сè уште […]

Марта Кос ги осуди брзите измени во правосудните закони во Србија


Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата. – Овие амандмани беа усвоени на многу брз […]

Утре почнува повтореното судење за родителите на Коста Кецмановиќ


Во Вишиот суд во Белград, утре, на 29 јануари, ќе започне повтореното судење на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет деца и училишен чувар, а рани пет деца и наставничка по историја, пренесува Телеграф. Се очекува Милјана Кецмановиќ да дојде […]

„Блиц“: ЕУ ќе го отвори прашањето за долгорочен престој во Шенген за професионалци – возачи


Во Брисел утре се очекува да биде отворено прашањето за визна стратегија што ќе се однесува за долгорочен престој во Шенген зоната, објави српски Блиц кои имале увид во работниот документ. За првпат, ЕУ ќе го отвори прашањето за долгорочен престој во Шенген на институционално ниво за професионалци кои мора да се движат меѓу земји-членки […]

Истекување на пропан по контакт со искра причина за експлозијата во фабриката во грчкиот град Трикала


Подземното повеќемесечно истекување на пропан што дошол во контакт со искра предизвикана од електромеханичка опрема во фабриката е причината за експлозијата што се случи во понеделникот наутро во грчкиот град Трикала, во која животот го загубија пет работнички, информираше началникот на Националниот координативен центар за управување со кризи Анастасиос Михалопулос, јави дописничката на МИА од […]

Хрватска ја одби поканата да се приклучи на Одборот за мир на Трамп


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ денес разговараа телефонски, јавува Н1. Пред седницата на Комитетот за финансии, на која ќе го претстави кандидатот за министер за финансии Томислав Ќориќ, премиерот Пленковиќ се обрати на јавноста. Тема на разговорот беше повикот Хрватска да се приклучи на Одборот за мир. „Со оглед на тоа […]

Укината е неработната недела во Црна Гора, била неуставна


Уставниот суд на Црна Гора ја укинал денеска одредбата од Законот за внатрешна трговија со која се воведоа неработните недели во трговијата оценувајќи ја како неуставна, бидејќи ја нарушува слободата на претприемништвото и принципот на еднаквост на сите пред законот, односно на една група претприемачи им е дозволено да работат во недели и за време […]

Грција дава ваучери од 10.000 евра за преселба во конкретни региони


Програмата „Релокација“ на грчката Влада, воведена минатата година за преселба во регионот на Еврос, сега се проширува во шест други области во северна Грција, а граѓаните кои ќе одберат да се преселат ќе добијат финансиска помош од 10.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на летото, во рамките на мерките на грчката […]

Бизнисмените во Федерацијата на БиХ ги повикаа камионџиите да ја прекинат блокадата


Здружението на работодавачи на Федерацијата на Босна и Херцеговина (УП ФБиХ), Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина (ВТК БиХ) и Трговската комора на ФБиХ ги повикаа домашните логистички компании веднаш да ја прекинат блокадата на граничните премини. Како што објавија, тие ги разбираат проблемите на овие компании бидејќи тие ги претставуваат проблемите на сите бизнисмени […]

Александар Радовановиќ од ССК: Колку подолги блокади, толку потешки ќе бидат последиците


Раководителот на Центарот за регионална соработка од Српската стопанска комора, Александар Радовановиќ, изјави дека колку подолги се блокадите поради новиот систем за влез и излез од ЕУ, но и несоодветната реакција на ЕК и земјите од шенген-зоната во однос на третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на шенген-територијата, последиците ќе бидат сè […]

Уапсени три лица за експлозијата во фабриката во грчкиот град Трикала


Три лица, меѓу кои и сопственикот на фабриката „Виоланда“ во грчкиот град Трикала се уапсени и денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител за експлозијата и пожарот во понеделникот наутро во кој животот го загубија пет работнички, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека припадници на Дирекцијата за истрага […]

Седум навивачи на ПАОК загинаа во ужасна сообраќајка во Романија


Во ужасна сообраќајна несреќа што се случи во близина на Темишвар, најмалку седум навивачи на ПАОК, кои со комбе одеа на натпреварот на нивниот сакан клуб, го загубија животот. Според романските медиуми, повредени се три лица, а се претпоставува дека сите се грчки државјани и навивачи на тимот од Солун. Тие патувале за Франција, каде […]

(Видео) Хаос во Солун, експлодираше цевковод – четворица повредени


Обвинителството во Солун отвори истрага за работната несреќа што се случи за време на градежни активности за поврзување нов водоводен цевковод на градската водоводна компанија ЕУАΘ (EYATH), на улицата „Агиу Димитриу“. Во инцидентот се повредени четворица работници од екипата што работела на терен, а целта на истрагата е да се утврдат точните околности и дали […]

Македонското друштво “Илинден“-Тирана предупредува на организирана кампања за бугаризација


  Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските […]

Директната штета од блокадите на превозниците е околу 100 милиони евра дневно, вели Чадеж


Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, нагласи дека директната штета од блокадите на премините и извозот од целиот Западен Балкан изнесува околу 100 милиони евра дневно. Тој утрово го посети граничниот премин Батровци, каде што повеќе од 50 камиони го блокираат товарниот сообраќај. „Срамно е кога станува збор за извоз на стока. Треба […]

Над 43.000 громови регистрирани во текот на денешниот ден во Грција


Во текот на денешниот ден заклучно со 17:30 часот по локално време, во Грција биле регистрирани вкупно 43.295 електрични празнења, од кои 5.644 над копното и 37.651 над морето, според податоците од инструментот Lightning Imager на метеоролошкиот сателит Meteosat-12, објави порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео објаснија […]

Најбогатите 10 отсто во Србија поседуваат речиси 60 проценти од богатството


Околу 10 проценти од најбогатите во Србија поседуваат речиси 60 проценти од богатството, додека половина од населението поседува помалку од пет проценти.  Ако се претворат тие бројки во пари – најбогатите 0,001 процент (50 лица) во Србија поседуваат просечно повеќе од 136 милиони евра, додека просечното богатство на посиромашната половина (околу 2,75 милиони возрасни) е […]

Црна Гора привремено затвори уште едно поглавје од пристапните преговорите со ЕУ


Во рамки на 25-от состанок на Меѓувладината пристапна конференција што се одржа попладнево во Брисел, Црна Гора привремено ги затвори преговорите во рамки на пристапниот процес по Поглавјето 32 – Финансиска контрола. – Задоволна сум што денеска ја гледам Црна Гора како затвора уште едно преговарачко поглавје. Со ова достигнување, привремено се затворени вкупно 13 […]

За 14 години во Србија речиси 580.000 повеќе починати отколку родени


Од јануари до декември 2025 година, во Србија е регистрирано намалување на живородените деца – 58.445, што е за 1.866 помалку, или 3,1 процент, во споредба со истиот период претходната година, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Од 2012 до крајот на 2025 година, поради негативен природен прираст, Србија изгуби 579.953 жители. Според податоците на […]