Хрватскиот министер за финансии Приморац заминува од Владата, ќе стане потпретседател на ЕИБ


Потпретседателот на хрватската Влада и министер за финансии Марко Приморац заминува од Владата на премиерот Андреј Пленковиќ и ќе ја преземе функцијата потпретседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ), објави хрватскиот портал „Индекс“, повикувајќи се на неофицијални информации. Според истите извори, Приморац ќе остане на функцијата министер за финансии уште краток период, а се очекува ова […]

Во Црна Гора превозниците го блокираа и влезот во пристаништето Бар


Здружението на транспортери на Црна Гора започна гранична блокада на товарниот сообраќај, па нивните камиони се паркирани на проширувања во близина на неколку гранични премини јави Вијести. Се очекува блокадите да траат најмалку три дена. Шест од камионите на Здружението се паркирани на проширувањата на излезот од Тузи, односно на неколку километри од граничниот премин […]

Босанските превозници ги блокираа граничните премини кон Хрватска


Превозниците од Босна и Херцеговина денес ги блокираа граничните премини со Хрватска, односно со Европската Унија, во знак на протест поради проблемите со престојот на возачите во Шенген зоната, како и новиот систем за влез во ЕУ, јавија медиумите од БиХ. Возачи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Северна Македонија учествуваат во протестот […]

Во Србија камионџиите блокираат 15 гранични премини


Како дел од протестите на возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, напладне ќе бидат блокирани 15 гранични премини во Србија – Батровци, Шид, Нештин, Бачка Паланка, Богоево, Бездан, Бачки Брег, Келебија, Хоргош, Српска Црња, Ватин, Ѓердап, Градина и Прешево. Камионџиите ги блокираат граничните премини за товар кон земјите од Шенген […]

Пет исчезнати по пожарот во фабрика во Трикала, бројот на загинати се зголеми на четири (видео)


Голем пожар избувна рано утрово во фабрика за бисквити во близина на Трикала, во централниот грчки регион Тесалија, загинаа најмалку четворица, а една жена е исчезната, објави „Катимерини“. Пожарот избувнал околу 4 часот наутро во фабриката „Виоланта“, која се наоѓа на националниот пат Трикала – Кардица. Фабриката работела во моментот на инцидентот бидејќи функционира со […]

Вучиќ на седница на Владата ги искара министрите: „Што е ова, луѓе?“


Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера учествуваше на тематската седница на Владата на Србија. На почетокот на седницата, министерот за финансии зборуваше за организацијата на светската изложба Експо 2027. „132 земји го потврдија своето учество. Ова ќе биде најголемата изложба досега. Потпишавме договори со 41 земја, уште 16 договори се подготвени за потпишување. Имаме меѓународна верификација […]

Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала


Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната […]

Словенија ја зголемува минималната плата


Минималната плата во Словенија годинава ќе изнесува 1.482 евра бруто, што е за 15,97 отсто повеќе од лани, најави словенечкиот министер за труд Лука Месец. Како што пишува Форбс Словенија, повикувајќи се на изјавата на министерот, зголемувањето на минималната плата претставува значаен чекор напред во заштитата на стандардот на вработените, но повторно ја отвори дебатата […]

Црна Гора ќе ги затвори пристапните преговори по Поглавјето 32 – Финансиска контрола


Во Брисел попладнево ќе се одржи 25-та Меѓувладина пристапна конференција меѓу ЕУ и Црна Гора на која треба да бидат привремено затворени преговорите по Поглавјето 32 – Финансиска контрола. Со конференцијата ќе претседава кипарската заменичка-министерка за европски прашања Марилена Рауна, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. Црна Гора ги има отворено сите 33 поглавја […]

Додик поканет на молитвениот појадок во Вашингтон


Неформалниот лидер на Република Српска, Милорад Додик, е поканет на молитвениот појадок организиран од американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон на почетокот на февруари, само три месеци откако беа укинати санкциите под кои беше со години поради сепаратистичките потези во БиХ. Во интервју за белградскиот весник „Политика“, Додик потврди дека добил покана да присуствува на […]

Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот


Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на социјалната мрежа X, по синоќешниот национален протест на опозицијата, осудувајќи ги актите на насилство и уништување на јавен имот, изразувајќи солидарност со полицајците кои беа повредени за време на судирите. Рама нагласува дека протестот е демократско право, но организираното насилство нема никаква врска со слободата на изразување. Додава дека […]

Додик со нова иритирачка изјава: БиХ е распадната држава, нема причина да постои


БиХ е распадната држава, поделена во секој поглед и нема историска причина за нејзиното постоење, изјави лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик. Додик изјави дека БиХ никогаш не била држава, но дури и да била, сега нема реални услови за неа. Тој истакна дека БиХ е само неопходност обезбедена од сила наречена […]

ГЕРБ го стави на „нишан“ Радев, неговата политика била „балон“


Нема конкретност зад зборовите на Радев. Тој е на власт 9 години, видовме што е способен преку неговите службени функции. Секој може да продава соништа и да надувува балони, но важно е што всушност може да направи, изјави заменик-претседателката на парламентарниот состав на ГЕРБ-СДФ, Деница Сачева. Таа потсети дека Румен Радев е во претседателска кампања […]

Инциденти пред владата во Тирана на вториот национален протест, Бериша порача дека се на километар до триумф


Во организација на опозициската Демократска партија вечерва пред владата во Тирана, на плоштадот ” Народни херои”  одржан е вториот голем национален собир, на кој присуствуваа граѓани од речиси сите делови на земјата. Целта, како што рече лидерот Сали Бериша, е соборување на премиерот Еди Рама, кого тој  го нарече “главниот крадец на нацијата“ и формирање […]

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија


Европскиот парламент цврсто верува дека ЕУ нема да биде целосна и комплетна без земјите од Западен Балкан, а меѓу нив и Србија, порача шефицата на делегацијата на ЕП што вчера престојуваше во Белград, португалската европратеничка Марта Темидо по завршувањето на посетата. – Сепак, за тоа клучно е целосното почитување на демократијата, владеењето на правото и […]

Бериша пред утрешниот масовен протест: Му велам на Рама, ако си маж, утре остани во канцеларија


 Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша на денешната редовна неделна прес-конференција со медиумите, изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”. -Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат […]

Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија


Илијана Јотова денеска стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка. Јотова му се заблагодари на Радев (шеф на државата во периодот 2017-2026 г.) за деветгодишната заедничка работа, нагласувајќи дека останале доследни на заложбата за работа во интерес на граѓаните и Уставот. […]

Лиценцата за работа на НИС е продолжена до 20 февруари


Американското Министерство за финансии ја продолжи лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија до 20 февруари,  јави РТС. Во писмо до Министерството за финансии на Србија се наведуваат условите под кои е валидна лиценцата за работа – трансакциите да не вклучуваат американски субјекти или американскиот финансиски систем, ниту, директно или индиректно, кој било друг […]

Грција подготвува потег што Турција го смета за објавување војна од 1995 година


Грција објави планови за проширување на своите територијални води, потенцијално во Егејското Море над шест наутички милји, и покрај предупредувањето на Турција за „casus belli“, потег што има сериозни импликации за сојузникот на НАТО, Турција. Ова соопштение означува намерна потврда на суверенитетот, што повторно отвора една од најчувствителните точки во односите со Турција. Говорејќи во […]

Европарламентарци се во посета на Белград


Делегацијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ ЕП) денеска во Парламентот на Србија ќе се сретне со потпретседателката на Парламентот Елвира Ковач, а потоа одделно со членовите на опозицијата и парламентарното мнозинство. Во рамките на посетата на Белград се планирани средби и со претставници на Владата на Србија, невладиниот сектор, медиумите и […]