Снегови и дождови ги затворија училиштата во Грција


Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја. Според одлуката на официјалните лица, наставата во училишта во повеќе области во Тракија ќе се одвива онлајн, додека училишта остануваат затворени поради обилни снежни […]

Турција: Најмалку 16 лица загинаа во две одделни сообраќајни несреќи


Најмалку 16 лица загинаа, а повеќе од десетина се повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случија денес во близина на Анталија, кога се преврте патнички автобус, и во покраината Бурдур, каде што два автомобила се судрија челно. Во тешка сообраќајна несреќа во турската покраина Анталија, кога патнички автобус излета од патот и се […]

Вучиќ: Јас сум најслободниот претседател. Никој не може да ми наредува, дури ни ЕУ


Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“ и сега тврдат дека државата стои зад скандалот со откривањето на пет тони марихуана. Во гостувањето на ТВ Пинк, тој исто така рече дека е „најслободниот претседател на светот“ и дека никој, дури ни Европската Унија, не може да му […]

Шидер: Ако продолжи со ова темпо на реформи, Албанија ќе биде во ЕУ до 2029 година


Тирана – Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Андреас Шидер, изјави дека интеграцијата на Албанија во Европската Унија може да се постигне во рамките на oваа деценија. Според него, доколку албанскиот парламент и влада го одржат ова темпо на спроведување реформи, членството во ЕУ може да се постигне во рамките на мандатот на сегашниот Европски парламент, […]

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба


Софија – Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање на стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија. Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до […]

Јотова: Следниот технички премиер мора да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процесе


Софија– Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека од вторник ги започнува консултациите со парламентарните групи за именување на нов технички премиер кој ќе треба да одговори на очекувањата на граѓаните за фер и транспарентни избори. Јотова денеска информираше дека веќе остварила сериозни разговори со потенцијалните кандидати од списокот утврден со Уставот. – Разговорите беа содржајни […]

Милорад Додик пак беше кај Виктор Орбан


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата во својата канцеларија ги прими Милорад Додик, поранешен претседател на Република Српска, претседател на партијата Независни социјалдемократи, и Ана Тришиќ-Бабиќ, вршител на должноста претседател на Република Српска, објави МТИ. Милорад Додик и Ана Тришиќ-Бабиќ ја посетија Унгарија по повод балот за Свети Сава, организиран од Српската православна епархија […]

Бугари и Турци масовно купуваат имоти во Северна Грција. Поведена е истрага од полицијата


  Грчката Служба за национална безбедност истражува масовно купување земјиште и имот од бугарски и турски граѓани во Северна Грција, објави Бугарското национално радио. Според локалните медиуми, странците масовно стекнуваат имот во Северна Грција. Бугарите купуваат напуштени куќи во депопулирани села по многу ниски цени, кои ги реновираат со намера да се населат таму. Исто […]

Бојко Борисов: Ние сме на масата со оние што донесуваат одлуки


  Луѓето во Европа имаат одлично разбирање за Бугарија и мора да го искористиме тоа за брза индустријализација и за економијата да работи брзо, рече лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во видео објавено на неговиот Фејсбук профил. Борисов учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб, Хрватска, на кој учествуваат лидерите на членките […]

Јануари во Србија: Назадување во три дела


  Крајот на јануари 2026 година, во својата последна недела, беше обележан со два важни дела од актуелната политичка сложувалка од назадувањето на Србија. По итна процедура во српскиот парламент, беше усвоен сет закони, а би се рекло уште поитно потпишан од претседателот, сет закони со кои српската влада „во име и во интерес на […]

Просечната нето плата во Црна Гора е 1.022 евра


Просечната нето плата во Црна Гора во декември 2025 година изнесувала 1.022 евра, додека за истиот период просечната бруто плата (со даноци и придонеси) изнесувала 1.220 евра, според податоците на Статистичкиот завод Монстат. Тие додаваат дека просечната нето плата во декември 2025 година во споредба со ноември 2025 година забележала раст од 0,4%, додека во […]

И возачите на камиони од Босна и Херцеговина ги прекинаа протестите на границата по ветувањата од ЕУ


  Петдневната блокада на граничните премини со Европската Унија во Западен Балкан, организирана од возачите на камиони по укинувањето на рестриктивните мерки за нивниот престој во Европската Унија, заврши. Возачите од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, кои ја започнаа блокадата на 26 јануари, ги прекинаа протестите откако добија ветувања дека Европската Унија ќе […]

Превозниците од Србија ги прекинуваат блокадите на товарните терминали на граничните премини


Превозниците од Србија се согласија денеска да ги прекинат блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини. Засега немаат информации дали и нивните колеги од Босна и Херцеговина ќе ги прекинат блокадите. Протестот на превозниците на товарни возила и блокадите на граничните премини започна пред пет дена поради заострената постапка за влез во шенген-зоната. Одлуката за […]

Српскиот министер за правда поднесе кривична пријава против претседателот на Високиот совет на обвинителството


Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека министерот за правда на Србија, Ненад Вуиќ, поднел кривична пријава против претседателот на Високиот совет на обвинителството (ВСТ), Бранко Стаменковиќ. Тужбата е поднесена до Специјалното одделение за сузбивање корупција поради наводно сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На Стаменковиќ му е доставена покана за сослушување како осомничен, […]

Во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК за проблемите на превозниците


Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, […]

Дел од камионџиите ја прекинаа блокадата на границите со ЕУ, други продолжуваат


  Возачите на камиони во Црна Гора и Северна Македонија денеска ставија крај на блокадите на карго терминалите на границите на ЕУ, откако блокот објави нова визна стратегија која ќе биде пофлексибилна за професионалните возачи кои треба да патуваат низ Европа. Возачите во овие две земји ги прекинаа блокадите што започнаа во понеделникот, но оние […]

Во близина на Крушевац српската полиција заплени пет тони марихуана


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека во денешната операција на Управата за криминалистичка полиција во околината на Крушевац се запленети околу пет тони марихуана. Тој нагласи дека станува збор за рекордна заплена на наркотици, чија вредност на нелегалниот пазар се проценува од седум до 10 милиони евра. Дачиќ изјави дека се […]

Во Романија од грип починаа 17 лица за една недела, вкупниот број жртви се искачи на 57


Вкупно 17 лица починаа од грип во Романија во третата недела од јануари, со што вкупниот број на жртви од почетокот на сезоната се искачи на 57, соопшти Националниот институт за јавно здравје. Најкритична е состојбата во округот Клуж, каде се регистрирани 11 смртни случаи. Статистиката покажува дека мнозинството од починатите (47 лица) биле на […]

Вучиќ: Ме интересира само дали се уставни нашите закони за судството


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се огласи по критиките од ЕУ за новиот сет закони во судството нагласувајќи дека не ги прочитал судските закони усвоени од српскиот Парламент, туку само ја проверил нивната уставност со експерти. Тој не одговори конкретно дали ќе ги потпише. „Законите мора да бидат во согласност со Уставот, и тоа е […]

Најзначајните археолошки откритија во Турција во 2025 година


Богатата историја на Турција е обликувана од цивилизациите кои живееле на нејзините простори со милениуми наназад, правејќи ја земјата неисцрпна ризница на значајни археолошки откритија. Културното наследство што е скриено под површината, станува достапно за пошироката јавност благодарение на проектот „Наследство за иднината“, кој има за цел да ги истакне овие извонредни богатства, проширувајќи ги […]