Поплавите во Европа ќе бидат се почести


Поплавите ќе станат се почести во Европа поради глобалното затоплување, дури и ако светот успее да го ограничи порастот на температурите на 1,5 степени Целзиусови, предвидуваат научниците во студијата објавена во магазинот „Клима“. Авторите на истражувањето предвидуваат три сценарија: глобално затоплување од 1,5 до три степени во однос на прединдустрискиот период. Најоптимистичкото сценарио за глобалното […]

Орбан: По Брегзит, ЕУ да се прошири кон Балканот


По напуштањето на Велика Британија, Европската унија треба да се прошири кон Балканот, изјави денеска во Виена унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц. – Гледаме дека Велика Британија ја напушта ЕУ и затоа се соочуваме со нови предизвици, а Унгарија не крие дека активно се залага за проширување на ЕУ, […]

Над 400 зоополицајци ќе бидат распоредени низ цела Бугарија


Над 400 зоополицајци ќе работат на територијата на Бугарија, соопшти директорот на „Национална полиција“ Христо Терзијски на редовниот месечен брифинг. Терзијски наведе дека 433 лица се истражни полицајци и оперативци, кои изразиле желба да работат и во таа сфера. – Ако се случи инцидент со животни, тие ќе одговорат соодветно, бидејќи се запознаени со постапките […]

Нимиц утре на средби со Коѕијас и Кумуцакос


Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, утре ќе оствари средби и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Состаноците и разговорите во Грција, Метју Нимиц, ќе ги започне во 10.30 часот по локално време, со средба со […]

Каменос: Скопје нема причина да инсистира на име кое велат дека го користат во последните 70 години


Лидерот на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката Влада и актуелен министер за одбрана, по заедничкиот состанок на парламентарната група и на извршниот комитет на партијата рече дека не верува дека до Самитот на НАТО ќе се исполнат сите предуслови за решение на проблемот, одговарајќи на новинарско прашање што ќе прави на следниот состанок на […]

Бугарија: Истрага за потеклото на парите на богатите граѓани


Бугарски обвинители денеска соопштија дека ќе покренат истрага за потеклото на парите на богатите граѓани кои поседуваат луксузен имот или автомобили. Главниот обвинител нареди истрага за потекло на парите на Бугарите кои во 2015 и 2016 година купиле имот во вредност повеќе од половина милион лева или околу 255.000 евра. Истрага ќе има и за […]

(Видео) Повредени работници при експлозија во фабрика за оружје во Црна Гора


Експлозија се случи во фабриката за оружје „Тара“ во Мојковац, Црна Гора. Во експлозијата со сериозно повреди се здобиле две лица. Според неофицијални информации што ги објави порталот ЦДМ, експлозијата се случила во момент кога се запалила мешавина која се употребува за производство на експлозив. Повредените се префрлени од Здравствен дом Мојковац, а оттаму со […]

Рама: Албанија е спремна за почеток на преговорите со ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја е поблиску од било кога до исторскиот момент на започнување преговори за членство во Европската унија, благодарејќи на неговата Социјалистичка партија. – Дојдовме до таму каде што многу луѓе мислеа и пропагираа дека не можеме. Ние ги вклучивме правосудните реформи во програмата со убедување дека времето ги […]

Микис Теодоракис ќе ги поздрави учесниците на протестот во Атина за „Македонија“


Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис ја прифатил поканата на организаторите да биде дел од протестот во Атина за „Македонија“ и доколку не може да биде присутен, тогаш со снимена порака ќе ги поздрави присутните. – Микис Теодоракис откако рече дека е горд за огромниот собир на грчкиот народ за Македонија што се одржа во Солун […]

Анастасијадис не успеа да победи во првиот круг на изборите во Кипар


Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис освоил меѓу 38 и 42 проценти од гласовите на денешниот прв круг гласање на претседателските избори, јави новинската агенција ДПА повикувајќи се на кипарската државна телевизија. Доколку резултатите се потврдат, Анастасијадис ќе мора да оди на втор изборен круг, каде ќе се соочи со комунистичкиот кандидат Ставрос Маљас. Николас Пападопулос, син […]

(Видео) Како денеска би изгледала обновена и обединета Југославија


Џозеф Писнети на Јутјуб објави анализа во која се прашува „што би било кога би било“ и како би изгледала обновена и обединета Југославија. На почетокот на анализата наиде на проблем, а тоа е Косово. Имено, новата Југославија би ја сочинувале шест или седум држави, се зависи од бројот на држави кои го признале Косово. […]

Протестни ноти меѓу Загреб и Белград поради Јасеновац


Хрватска и упати на Србија протестна нота поради изјавата на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ во која се истакнува како изјавите на министерот Дачиќ покажале дека Србија продолжува со злоупотреба и со манипулирање на жртвите во логорот Јасеновац во дневнополитички потреби. Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска и упати нота на […]

Турската флота не му дозволи на Каменос да посети спорен остров во Егејот


Турската воена морнарица денеска го спречи грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во неговиот обид да посети турски острови во Егејско Море. Националистот Каменост се обидувал да стигне до островчињата Кардак или Имија на грчки, за кои спорат двете држави. Турските патролни бродови упатиле предупредување до бродот на кој бил грчкиот министер да не се […]

Ципрас: решение за име и за надворешна и за внатрешна употреба


По одвоените средби со грчките партиски лидери грчкиот премиер Алексис Ципрас имаше обраќање во јавноста во кое наведе дека е отворена можност за решавање на спорот откако  Владата на Заев покажала волја да преговара за взаемно прифатливо решение на проблемот што ги влоши односите меѓу двете земји измиинатите 25 години. Грчкиот премиер им објаснувал на […]

Харадинај се уште не добил британска виза, учеството на Самиот во Лондон под знак прашање


Приштина весникот „Коха диторе” објави денеска дека учеството на косовскиот премиер Рамуш Харадинај на инвестициски самит за Западен Балкан во Лондон идниот месец е неизвесно поради тоа што Британската амбасада се уште не му одобрила виза. Косовската влада потврди дека косовскиот премиер засега нема добиено виза за Велика Британија. „Коха”, вели дека Западот го изолира […]

И Хрватска казни осум словенечки рибари оти ловеле во хрватски води


Хрватската полиција во Пиранскиот залив забележала осум словенечки рибари кои ја преминале државната граница надвор од граничниот премин без дозвола и ќе им испрати казни на нивните адреси, објави хрватското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението на хрвтското МВР се вели дека „полицијата ги утврдила околностите на направениот прекршок ги собрала сите докази за покренување […]

Генимата до Ципрас: Сложено ерга омнес име и правни гаранции против иредентизмот


Правни гаранции што „ќе ги отстранат иредентизмот и фалсификувањето на името“, заедно со сложено ерга омнес име со географска одредница и свикување на лидерска средба се барањата до грчкиот премиер од претседателката на ПАСОК и лидер на Демократската коалиција. Фофи Генимата по средбата со Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, го повторила ставот […]

Хрватска и упати дипломатска нота на Словенија за казнување на рибарите


Хрватска испрати дипломатска нота до Словенија за казните кои им ги испрати на хрватските рибари за риболов во спорниот дел Пирански залив и објави дека ќе одговори со иста мерка. Словенечката полиција објави дека ги испратила првите 14 казни за хрватските рибари од Савудрија и Умаг, а следната недела ќе продолжи да го спроведува законот […]

„Газета експрес“: Тачи во Давос не беше добредојден


Опозициската Демократска лига на Косово (ДЛК) го критикуваше присуството на претседателот на Косово, Хашим Тачи, за време на Светскиот економски форум во Давос, бидејќи, како што велат, беше очигледно дека тој таму – не беше добредојден. Пратеникот ДЛК Лумир Абдиџику вели дека Тачи премногу време поминал шетајќи се по ходниците со претседателот на косовскиот парламент […]

Словенечката полиција ги казни првите хрватски рибари-ловеле во словенечки води


Словенечката полиција вчера издаде казни за 14 хрватски рибари за кршење на нејзините територијални води, соопшти МВР на Словенија. Паричните казни се испратени на адресите на сопствениците на 14 рибарски бродови од Хрватска. Хрватските рибари се обвинети за „неовластен пристап до словенечката поморска граница”, се наведува во соопштението на словенечката полиција. Оние кои нема да […]