Ципрас на одделни средби со лидерите на политичките партии за прашањето за името


На одделни средби, со претседателите на сите политички партии со исклучок на Златна зора, грчкиот премиер Алексис Ципрас во текот на денот ќе разговара за прашањето со името, по средбата со македонскиот премиер, а во пресрет на посетата на Метју Нимиц. Алексис Ципрас, според грчките новинари, телефонски разговарал со лидерите на партиите и сите позитивно […]

Сириските Курди со закана до Ердоган: „Соодветно“’ ќе ги пречекаме турските војници


Сириските демократски сили (СДФ), коалиција на бунтовнички групи од северот на Сирија, во која членуваат и најголемите курдски вооружени групи, возвратија на заканата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за проширување на операцијата на северот на Сирија. Претставникот на СДФ, Редур Џели изјави дека доколку Ердоган „се обиде да ја прошири својата офанзива, ќе добие […]

Албанија: Рама стравува од закажаниот протест на опозицијата во Тирана


Сојузниците на опозицијата во Албанија денес се собраа во седиштето на Демократската партија за да решат одредени прашања за утрешниот протест. Љуљзим Баша, претседателот на ДП ги повика граѓаните да излезат на улиците, а со цел обединување на Албанците, тој истакна дека ќе присуствува на протестот заедно со неговото семејство. Според него, на овој начин […]

Светиот синод на ГПЦ го потврди и повтори ставот против терминот Македонија


Во името Македонија се содржани и кулминираат иредентистичките расположенија на државата на Скопје, соопштуваат од Грчката православна црква, по денешниот состанок на Светиот синод и уште еднаш повторуваат дека не прифаќаат терминот Македонија или изведените зборови да бидат вклучени во името на нашата земја. Според соопштението, поглаварот на ГПЦ ги информирал членовите на Светиот синод […]

В понеделник во Турција средба меѓу Ердоган, Вучиќ и Изетбеговиќ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ в понеделник ќе отпатуваат во Турција на средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган. Посета на Вучиќ и Изетбеговиќ на Турција ја потврди портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, кој престојува во посета на БиХ. Калин во Сараево […]

Ципрас ќе ги информира грчките власти за настаните околу името


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на одделни состаноци, ќе ги информира претседателот на државата, раководството на Министерството за надворешни работи, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии за последните случувања во прашањето со името. Според грчките медиуми, Алексис Ципрас утрово веќе имал средба со неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос, а […]

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за името


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пренесува „БГНЕС“. Борисов и Заев денеска имаа средба на маргините на Светскиот економски форум. „Дискутираме […]

Поради пожар евакуиран кат на белградската Воено-медицинска академија


Пациентите и вработените од вториот кат на белградската Воено-медицинска академија вечерва бил евакуиран откако избил помал пожар. Пожарот избил на одделението за хематологија. Триесетина пожарникари со десет возила интервенирале во болничкиот комплекс. Српските медиуми јавуваат дека во пожарот немало повредени.

Турција се подготвува за бегалска криза од Африн


Турската Црвена полумесечина соопшти дека е подготвена за можна бегалска криза во областа на сирискиот град Африн, каде Армијата на Турција од саботата спроведува офанзива против Силите за заштита на народот (УПГ) на сириските Курди. Во областа на Африн, во северозападна Сирија, живеат над 300.000 луѓе, од кои една третина се внатрешно раселени лица. Според […]

Средба Вучиќ-Рама: Ставот за Косово е основна ралика меѓу Србија и Албанија


Србија и Албанија имаат добри односи, кои се особено важни за стабилноста на Западниот Балкан, изјави денеска во Давос српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со албанскиот премиер Еди Рама. – Фактот дека имаме различни ставови за одредени прашања, не значи дека не сме свесни за фактот дека нашите две земји играат важна улога во […]

Општинскиот совет на Атина отфрли барање за резолуција за протестот против името Македонија


Со осум гласа „против“ и три „за“, Општинскиот совет на Атина го отфрли барањето на пратеникот на Златна зора, Илијас Касидијарис за издавање резолуција за поддршка на протестот во Атина. Според грчката новинска агенција, АПЕ-МПЕ, јавува дописникот на МИА од Атина, атинскиот градоначалник Јоргос Каминис, предложил барањето да се отфрли со објаснување дека референдумите и […]

Борисов: ЕУ треба да ја исправи неправдата нанесена на Западен Балкан


Потребно е Европската унија да ја исправи неправдата нанесена на Западниот Балкан и да ги интегрира балканските земји, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос. – Државите од Западниот Балкан прават се што е потребно и се што е во рамките на нивните сили да одговорат на очекувањата […]

УНХЦР бара ЕУ да не се откаже од планот за рамномерна распределба на мигранти


Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска ја повика Европската унија да не се откажува од концептот на рамномерна распределба на барателите на азил меѓу државите членки. Некои од членки на ЕУ, како Германија, Шведска и Грција, кои примија најголем број бегалци за време на мигрантскиот бран во 2015 и 2016 година, инсистираат […]

ЕУ покрена законска постапка против пет земји членки


Европска унија покрена законска постапка против пет земји членки поради загриженоста од нивното постапување со договорите за одбрана и условите кои можеби им ги наметнуваат на снабдувачите со воена опрема. Европска комисија днеска соопшти дека испратила формални предупредувања во кои бара објаснување од Данска, Италија, Холандија, Полска и Португалија. ЕК истакнува дека е загрижена поради […]

Вучиќ и Тачи разговараа за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Давос изјави дека со косовскиот претседател Хашим Тачи разговарал за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во Брисел. Вучиќ изјави дека без продолжување на дијалогот нема ни продолжување на европскиот пат на Србија, ниту пак инвестиции. – Можете да купите три месеци, шест месеци, […]

Германија ја прекина испораката на оружје на Турција поради операцијата во Африн


Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска изјави дека Германија го прекинала извозот на оружје во Турција поради операцијата на Анкара против кудските формации во реонот на сирискиот град Африн. – Што се однесува до тековните консултации за извоз на оружје, за Владата е јасно дека немаме право да испорачаме оружје во регион каде […]

Европските новинарски здруженија се загрижени за состојбата на медиумите во Србија


Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер и повеќе европски новинарски здруженија изразија загриженост за состојбата во која се наоѓаат медиумите во Србија. Мекалистер за опозициониот весник „Данас“ изјави дека на Србија и е потребен јасен напредок во почитувањето на независноста на медиумите, решавање на заканите и нападите врз новинарите, како и воспоставување на […]

Турските вооружени сили неутрализирале повеќе од 300 терористи во Африн


Турските вооружени сили неутрализирале повеќе од 300 терористи во сириската област Африн, каде продолжува операцијата „Маслиново грaнче“, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој додаде дека операцијата во Африн продолжува според планот. Во исто време, турската агенција Анадолија цитира изјава на Јилдирим во која тој вели дека „за САД е крајно самопонижувачко тоа што во […]

Јилдирим: Турските вооружени сили неутрализирале повеќе од 300 терористи во Африн


Турските вооружени сили неутрализирале повеќе од 300 терористи во сириската област Африн, каде продолжива операцијата „Маслиново грaнче“, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој додаде дека операцијата во Африн продолжува според планот. Во исто време, турската агенција Анадолија цитира изјава на Јилдирим во која тој вели дека „за САД е крајно самопонижувачко тоа што во […]

Вучиќ: Се надевам на компромис со Приштина, но не оваа година


о поддржувам дијалгот со Приштина, се надевам на компромисно решение, но не верувам дека тоа ќе се случи до крајот на 2018 година, посочи српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод барањето на Брисел, пред пристапувањето на Србија во Европската унија да биде решено прашањето за границата со Косово. Во интервју за „Спутник“ во Давос, зошто […]