Коѕијас: Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли


Убеденост дека до јуни ќе се реши прашањето за името, изразува шефот на грчката дипломатија во интервју за Ројтерс и вели дека решението е во интерес и на Грција и на регионот. – Во животот, Александар Велики… докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме со такви прашања. – […]

Во Иран уапсени 29 жени затоа што го симнале велот од лице


Иранската полиција притвори 29 жени, кои во знак на протест ги симнале своите велови од лицата. Уапсените жени учествувале во кампањата против носењето хиџаб, позната како „Бела среда“, во рамки на која на тој ден жените ги симнуваат своите бели шамии. Жените кои во јавност ќе ја покажат косата можат да бидат казнети со два […]

Силна експлозија одекна во Анкара


Силна експлозија одекна вечерва во турскиот главен град Анкара, тврдат очевидци. Според нив, експлозијата се случила во квартот Чукурамбар. Кон местото на инцидентот се упатени возила на итна медицинска помош

Косово: Наркобосот Кељменди осуден на шест години затвор


Балканскиот наркобос Насер Кељменди од Косово денеска е осуден на шест годишен затвор поради трговија со дрога, но е ослободен по обвинението за убиство, организиран криминал и други кривични дела. Американските власти го ставија на „црна листа“ Кељменди во 2012 година, обвинувајќи го дека ја предводел семејната мрежа за дистрибуција на хероин и други дроги […]

ЈАР: Заробени 950 рудари под земја поради прекин на струја


Во рудникот за злато „Беатрикс“ во Јужноафриканската република, 950 рудари останаа под земја поради прекин на електрична енергија, соопшти фирмата Сибање-Стилвотер, која е сопственик на рудникот. Портпаролот на фирмата Џејмс Велстед денеска изјави дека „веројатно“ рударите се живи и здрави. – Бура ја зафати синоќа покраината Фри Стејт предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија […]

По половина век, падна снег во Мароко


Прв пат во последните 50 години, снег падна во југоисточниот дел на Мароко и според метеоролозите тоа е резултат на ладниот бран кој ја зафати земјата. „Вашингтон Пост“ објави дека во Загора паднало од 5 до 8 сантиметри снег. Овој феномен е последица на ладниот бран кој најмногу го погоди подрачјето Аин Сефру, северен Алжир, […]

Кај Ратко Младиќ ризикот од смрт зголемен за 6 пати


Поранешниот воен лидер на босанските Срби генерал Ратко Младиќ може да почине во следните неколку денови, изјави денеска неговиот адвокат Драган Иветиќ. – Генерал Младиќ може да почине денеска или утре. Таквиот третман, како што му го пружи Хашкиот трибунал, беше како на генералот да му беше дадено да игра „руски рулет“, но не со […]

Харадинај доби британска виза


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби британска виза и ќе може да патува во Велика Британија за учество на Самит за инвестиции во Западен Балкан, што ќе се одржи кон крајот на февруари. Тоа го изјави Авни Арифи, шеф на Кабинетот на премиерот Харадинај. Деновиве медиумите јавија дека по Амариканците и Британците одбиле да му дадат […]

Потона товарен брод по судар со патнички брод во Јадранското Море


Патничкиот брод „Тијат” синоќа се судрил со товарниот брод „Син Јадран” на околу 200 метри од хрватскиот остров Првиќ, по што 28-метарскиот карго брод потонал на длабочина од околу 20-25 метри, јави Хина. Локалните жители ги спасиле двајцата членови на екипажот. Пристанишните власти во блискиот град Шибеник соопштија дека потонатиот брод имал дизел мотор, но […]

Бутарис: Ние губиме ако соседите не се интегрираат во НАТО и ЕУ


Наместо да му олесниме на соседот, ние ги нарекуваме Цигано – скопјани, вели солунскиот градоначалник и се прашува „однесување ли е ова?“. Во изјава за локалните медиуми од Солун, Јанис Бутарис коментира дали и што губи Грција, доколку нашата земја не се интегрира во евро- атлантските институции. – Ние губиме многу работи, го губиме нашето […]

Протест и контрапротести во Атина в недела, на 4 фавруари


Солун кажа, сега е редот на Атина да викне: Македонија е една и е грчка, порачуваат организаторите на протестот закажан за в недела, во официјалниот видео спот објавен на социјалните мрежи. Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да излезат на атинскиот централен плоштад, пред грчкиот парламент. „Гркинки и Грци, Македонци и Македонки, сите во Атина в […]

Грција ќе казнува за пушење во возила и пред деца


Грчкото Министерство за здравство побара од полицијата да го засили казнувањето на граѓаните кои пушат во нивните автомобили или во присуство на деца. Барањето е издадено врз основа на Законот за забрана за пушење цигари на јавни места. Со Законот се предвидени казни од 1.500 евра за секој што ќе пуши во автомобил, а 3.000 […]

Грчки анархисти: Ќе се лее крв“ на протестот во Атина


„На 4 февруари може да се лее крв“, предупреди грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на протестот во Атина за името „Македонија“, што го организираат десничарски здруженија со поддршка на некои политички партии и на црквата. На социјалните мрежи анархистите објавија дека „4 февруари ќе биде нивниот ден и нема да помине без жртви“ и […]

Во Албанија се обновуваат православни цркви


Албанската влада и Албанската православна црква почнаа со обнова на одделни објекти од Византискиот период, кои се наоѓаат во јужниот дел на земјата. Стручни лица тврдат дека голем број стари албански православни цркви и уметнчки дела во нив се оштетени,бидејќи со децении биле оставени на забот на времето. -Голем број од црквите се наоѓаат на […]

Пацоли тврди дека Србија дала 300 милиони долари за лобирање


Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека има информации оти Србија издвоила 300 милиони долари за лобирање кај државите кои ја признале независноста на Косово со цел да ја повлечат таквата одлука. Според информациите на Пацоли, Србија ангажирала тим од 20 лица, експерти во дипломатија, со цел да посетуваат различни земји и […]

Косовската влада го одложи зголемувањето на платите за државните службеници


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го одложи зголемувањето на платите за високи државни претставници по бранот критики во јавноста. Тој изјави денеска дека владата чека одлука на Уставниот суд за тоа прашање. Косовската агенција за борба против корупцијата соопшти вчера дека нема законска основа за одлуката на владата да зголеми значително плати на високи државни службеници. […]

Влада на Косово: Демаркацијата со Црна Гора главна тема на разговорите со Марковиќ


Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на 6 февруари ќе престојува во Приштина и една од главните теми, според косовската Влада, ќе биде демаркацијата, иако Подгорица го ратификува тој договор летото 2015 година. Во соопштение од косовската Влада се наведува дека Марковиќ ќе има состанок со премиерот Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи и претседателот на […]

Грчката црква го поддржува протестот во Атина


Со официјални претставници, тројца митрополити од Светиот синод, Грчката православна црква ќе учествува на протестот во недела во Атина, за името на Македонија. За ставот на црквата против употребата на терминот Македонија и за учеството на ГПЦ во протестот на 4 февруари во Атина, архиепископот Јеронимос ги известил организаторите на собирот на нивната средба во […]

Повеќе од половина Грци против терминот Македонија во името


„Не“ за сложено име со вклучен термин Македонија, велат над половина Грци, односно 59 проценти, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција. Во анкетата спроведена од агенцијата Pulse за телевизијата Action 24, за 72% од испитаниците е важен спорот за името, а 65% оценуваат дека се позитивни протестите за „Македонија“. Поголема доверба анкетираните Грци […]

Поради сомнеж за шпионажа pоманската Влада се откажа од услугите на Службата за обезбедување


Романската премиерка Виорика Данчила и членовите на нејзиниот кабинет се откажаа од услугите на државната Служба за обезбедување и заштита и ќе бидат обезбедувани од полицијата, соопшти заменик генералниот секретар на владејачката Социјадемократска партија (СДП) Кодрин Штефанеску. Тој посочи дека решението било донесено како резултат на конфликтот меѓу началникот на службата Лучиан Пахонцу и лидерот […]