Ердоган во посета на Ватикан, прва на турски претседател по 60 години


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Ватикан ќе има средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Ова е прва посета на турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последна посета оствари турскиот претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и трети во април 1960 година, кога Турција […]

Ципрас и Каменос со различни ставови за вчерашниот протест во Атина


Мнозинството грчки граѓани, кои протестот го следеа преку телевизиските екрани, сметаат дека важните прашања од надворешната политика не треба да се соочуваат со фанатизам и нетолеранција, велат од кабинетот на грчкиот премиер во однос на вчерашниот собир во Атина. Протестот собра илјадници граѓани, но не и милиони, како што „замислувале организаторите и Самарас и Мицотакис“ […]

Ципрас: Милионите демонстранти остана само желба на Мицотакис и Самарас


По протести во Атина, од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас се огласија со соопштение до јавноста во кое наведуваат дека најавуваниот „земјотрес“ и милионите демонстранти останале само желба на лидерот на опозицијска “Неа Димократија„Киријакос Мицотакис и поранешниот лидер на таа партија,  Андонис Самарас кој присуствуваше на протестите  . „Мнозинството граѓани кои останаа пред телевизорите […]

Анастасијадис повторно избран за претседател на Кипар


Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис е реизбран на денешниот втор круг претседателски избори. Од преброените сто отсто од гласовите, тој доби 55,99 проценти. Одѕивот беше 73 отсто, помал од претседателските избори во 2013 година, кога изнесуваше 83 отсто, но два отсто повисок од првиот круг избори годинава. Гласањето започна во 7.00 часот, по локално време, […]

Ердоган: Сакаме целосен пристап во ЕУ, други опции не прифаќаме


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој утре ќе ја посети Италија, во интервју за италијанскиот весник „Стампа“, ги отфрли сите опции освен пристапот на Турција во ЕУ, отфрлајќи го францускиот предлог за партнерство. – ЕУ треба да ги одржи ветувањата дадени на Турција, рече турскиот претседател, кој вечерва ќе пристигне во Рим во 24-часовна посета, […]

Истражување: 71 отсто од Грците прифаќаат решение без терминот „Македонија“


Само 22,5 отсто од Грците прифаќаат сложено име, а седум од 10, односно 71,5 отсто сакаат решение без терминот Македонија, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од солунскиот Универзитет Македонија и фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП, кое денеска го објавува грчкиот весник „Катимерини“. Во 2016, јавува дописникот на МИА од Атина, на истото прашање, во […]

Во Атина протести и контрапротести за „Македонија“


Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро станици утре на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, јавува дописникот на МИА од Атина, ќе се одржи долго најавуваниот протест. Сите погледи во Грција се вперени кон собирот. Грците, според најавите масовно „ќе го бранат името Македонија“. Од сите краишта на земјата, организирани со автобуси, бесплатно […]

Тврдење на српски новинар: Убиецот на Оливер Ивановиќ е познат, добил 40 илјади евра за атентатот


Српскиот новинар Стефан Цветковиќ објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. До сликите дошол заедно со неколку негови колеги Албанци во Косово со кои истражувале и дошле до информација дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 […]

Протест во Тирана по најавата дека Албанија и подарила на Грција 12 милји во Јонско море


Во организација на граѓанскиот сектор денеска пред Владата во Тирана беше одржан протест против, како што беше наведено,последнот договор со што Албанија на Грција и отстапува 12 милји од Јонско Море. Стотици граѓани со пароли на кои пишуваше „Татковината во опасност“,„Се продава достонството на Чамите“, бараа поништување на договорот. „Овие ни го земаат имотот, го […]

Грчки медиуми со детали од заканите до Коѕијас: Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија


„Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија“, пишувало, според грчките телевизии Стар, ЕРТ и Скај, во дописот со закани испратен завчера до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Освен ова, јавува дописникот на МИА од Атина, според истите извори, било откриено и второ писмо што било адресирано до уште тројца министри во грчката влада. […]

Подметната бомба e причина за експлозијата во Даночната управа во Анкара


Експлозијата во Даночната управа во Анкара била предизвикана од подметната бомба, а осомничениот за нападот е убиен во полициска операција, соопштија денеска турските власти. Во вчерашната експлозија беше уништена зградата на Даночната управа и три лица беа повредени.. Властите соопштија дека се уапсени осум лица осомничени за поврзаност со убиениот, кој е идентификуван како Ерсен […]

Хан в среда во Белград, ден по објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ


Европскиот комесар за преговори за проширување и соседство Јоханес Хан на 7 и 8 февруари доаѓа во официјална посета на Србија. Хан ќе го посети Белград само еден ден по објавувањето на новата Стратегија за проширување на Европската комисија за Западен Балкан, а по Белград на 9 февруари ќе ја посети Подгорица. Се очекува комесарот […]

Харадинај доби американска виза откако одлучи да не го укине Специјалниот суд


Американската амбасада му издаде виза на косовскиот премер Рамуш Харадинај, веднаш откако се повлече од намерата за укинување на Специјалниот суд, потврдил добро информиран извор за весникот „Експрес“. – За повлекувањето од намерата за укинување на Специјалниот суд премерот Рамуш Хараднај е награден со американска виза,за што неодамна беше одбиен, бидејќи не успеа да ги […]

Можно е зголемување на уплатата во буџетот на ЕУ по излегувањето на Британија


Осум источноевропски членки на ЕУ се согласија да ги зголемат уплатите во буџетот на Унијата за 1,1 отсто, откако Велика Британија, која значително придонесуваше за европскиот буџет, ја напушти ЕУ, изјави Јанос Лазар, шеф на Кабинетот на украинскиот премиер Виктор Орбан. Министри и други претставници на Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Бугарија и Романија […]

Косовски обвинител: Имаме докази за убиството на Оливер Ивановиќ


Главниот обвинител на Косово Александар Лумези изјави денеска дека обвинителството располага со определени докази за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ. – Ние имаме некои докази кои што сме ги обезбедиле досега, но треба да преземеме мерки за откривање на сторителот на кривичното дело, изјави Лумези во интервју за поратлот „Арбреши“. Лумези изјави […]

Британија дозволи третман за раѓање бебе од ДНК од три лица


Британски официјални лица за плодност денеска издадоа дозвола на лекарите на една клиника во североисточна Англија со која можат да применат третман за раѓање бебе од ДНК од три лица, две жени и еден маж. Тој третман би требало да им помогне на двете жени да спречат нивните деца да наследат смртоносни генетски болести. Третманот […]

Се зголеми приливот на бегалци на грчките острови


На грчките острови деновиве е регистиран зголемен прилив на мигранти, што се должи на подобрените временски услови. Во последните три дена од Турција на грчките острови пристигнале 373 лица, соопштија локалните власти. Во меѓувреме, кампот Виал на Хиос останува пренатрупан и покрај тоа што во последните денови на копно се префрлаат мигранти и бегалци за […]

Ѕанакопулос: Изјавите на Димитров не помагаат


Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада во интервју за државната ТВ ЕРТ, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со Нимиц. – Политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија, во последните месеци има променето низа изјави од минатото, има усвоено една поумерена позиција и тоа […]

Средба Ципрас – Коѕијас за текот на разговорите за името


Последните случувања во разговорите за името му ги презентирал Никос Коѕијас на Алексис Ципрас, според грчките медиуми, на вчерашната средба во премиерската палата. Министерот за надворешни работи на Грција, го известил грчкиот премиер за текот на преговорите и средбата со Нимиц, а според истите извори Ципрас и Коѕијас се во континуирана и постојана комуникација за […]

Закани до Коѕијас: Имаме три куршуми за тебе


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера добил писмо со закани до него и неговото семејство во кое меѓу другото пишувало: „Имаме три куршуми за тебе“, соопшти министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Тоскас. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Тоскас, утрово говорејќи за грчката телевизија Антена изјави дека анонимниот допис бил […]