Поставена плоча на три јазици со новото име пред влезот на Владата
Владата вечерва ја постави плочата со новото име пред влезот на зградата. Името „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено и на албански и англиски.
Владата вечерва ја постави плочата со новото име пред влезот на зградата. Името „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено и на албански и англиски.
Коцката е жива болест. Викаат можеш да испиеш колку сакаш, да бркаш жени колку сакаш, сè проаѓа, ама коцката никако, вели скопјанец, кој е загрижен за своето детe, кое, како што признава, најголем дел од времето го минува во казината и во спортските обложувачници. Самиот тој, кога бил млад, многупати си ја пробал среќата во […]
Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд. -Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда […]
Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги […]
Со над 500 пожари во март, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување многу често се гледаат на македонското небо. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, вели дека пожарите се подметнуваат смислено, за да се добие дрво за огрев, како и поради палење стрништа и сува трева. Бара ригорозни казни за потпалувачите, […]
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ деновиве патувал за Виена, преку Будимпешта, но не се сретнал со својот претходник на лидерската позиција во партијата, Никола Груевски, кој бегајќи од правдата во Македонија доби азил во Унгарија. По пат, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, бил следен од возило „бентли“, сопственост на братучед на премиерот Зоран Заев. Со вакви информации […]
Предизборната кампања за претседателските избори закажани за 21 април и официјално почнува денеска – на денот на шегата или како што го нарекуваат некои – денот на лагата. Совпаѓањето на двата датума беше џек-пот во рацете на граѓаните за дополнителна тривијализација на предизборната трка со оглед на нивната разочараност и изневереност во поглед на големиот […]
Управата за јавни приходи од денеска ќе почне да ги доставува претпополетите годишни даночни пријави на даночните обврзници за приходи остварени во 2018 година. Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна […]
Во пресрет на 2 Април – Светскиот ден на аутизмот вечер во 20 часот во сина боја ќе бидат осветлени зградите на Владата, на Археолошкиот музеј, на МОБ, објектите на општините Тетово, Битола и Охрид, во знак на солидарност со децата со аутизам. Активноста е на иницијатива на Амбасададата на Република Бугарија во Скопје, а се […]
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ утринава во 4:30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска Река, го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. Како што соопшти МВР, по кажување на мигрантите, тие […]
Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. -Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно […]
Откако ќе завршат разгледувањата на забелешките на учебниците по историја и географија од страна на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија и Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција и ќе се усогласат ставовите, ќе почне ревидирањето на учебниците во земјава, вели […]
Предизборни поделби или игри во десничарскиот табор? Поранешниот пратеник Александар Пандов е уште еден од низата личности од десничарската орбита кои деновиве отворено најавуваат неучество на претседателските избори. Наспроти стравувањата за тивок бојкот на ВМРО-ДПМНЕ во одлучувачкиот изборен круг, Пандов е меѓу оние кои најавуваат комплетна апстиненција. Гостувајќи на ТВ 21, Пандов истакна дека нема […]
Десетици помали и поголеми пожари секојдневно се регистрираат во Битолскиот Регион, а покрај запалени стрништа во нивите горат и шуми во Потпелистерието. Територијалната противпожарна единица на ден има од пет до 10 интервенции, а поголемиот дел од нив, велат, се пожари на отворено, додека останатите на објекти. Неделава, за само пет часа во еден ден […]
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ. Како што соопштуваат од МВР, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација […]
Вкупно 1.808.131 избирачи ќе може да учествуваат на шестите претседателски избори во земјава. Државната изборна комисија вчера го заклучи Избирачкиот список за изборите на 21 април, односно 5 мај, кога ќе се гласа и за нови градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село. Според ДИК, 1.726.696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, а […]
Врховниот суд ја донесе првата одлука согласно своето јануарско решение, според кое, Специјалното јавно обвинителство нема мандат да раководи со случаи покренати по 30 јуни 2017 година. Прв што ја искористи привилегијата од правното мислење на Врховниот суд, кое ја разбранува јавноста и политичките кругови, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо […]
Министерот за култура Асаф Адеми се повлекува од функцијата поради здравствени причини. Името на неговиот наследник сè уште не е познато, во оптек се повеќе имиња. Од Владата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори. Адеми го навлече револтот на јавноста […]
Скопје три дена е центар на високата и кежуал мода, со нови и етаблирани манекенки, со нови и стари гости и спонзори, со стари-нови хостеси, со нови и стари сеирџии, во нова или веќе видена гардероба, во нов, авангарден простор- Европски универзитет (ЕУРМ), со старо-нови дизајнери, нови идеи и концепт и со професионален и уникатен […]
„Кроација рекордс“, најголемата дискографска куќа во регионот, се врати во Македонија по повеќе од четвртина век. Што значи тоа за македонската поп-сцена, кои сè македонски изведувачи беа под нејзината капа, а кои се новите ексклузивци, во ексклузивното интервју за „Независен весник“ ни откри долгогодишниот новинар и уредник во македонските медиуми Иван Бечковиќ, сега ангажиран како […]