Народните канцеларии на Иванов го завршија мандатот


Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје не работи веќе подолго време. Просториите што свечено беа отворени во 2010 година, а беа планирани да опстојат додека трае и мандатот на Иванов, сепак, предвреме заминаа во пензија. Тие се сопственост на државата и е неизвесно дали новиот претседател ќе продолжи со иста пракса […]

Бети Бацијана, партнерката на Ципрас : Изглед според протокол


Елегантна, во строг костум, со бела блуза и елегантни салонки на потпетица Бети Бацијана (45), невенчаната сопруга на грчкиот премиер Алексис Ципрас (44) , вчера, сама, се поклони пред гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на женската програма, но тоа беше […]

Мијалков за Бошкоски: И јас би се срамел да ме фатеа со 100.000 евра


Поранешниот министер и лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, по апсењето во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ бил депресивен, вознемирен и посрамен. Ваква оценка во своите сведочења дадоа вчера затворските лекари кои го прегледувале Бошкоски во затворот. Општиот лекар рече дека во истражниот затвор „Скопје“ веднаш го прегледал Бошкоски штом бил притворен. „Беше психички […]

Нов обид за договор за законот за обвинителство: Прво избори, па закон за СЈО


Мали се шансите законот за јавното обвинителство, со кој се уредува и статусот на Специјалното јавно обвинителство, да биде донесен пред 5 мај, односно пред завршувањето на вториот круг од претседателските избори. Во оваа насока се информациите што доаѓаат од преговарачките тимови во Министерството за правда, кои не влеваат многу оптимизам дека во скоро време […]

Во Кривичен нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир […]

Хан: Заев и Ципрас го поплочија патот кон нова ера на соработка


Белгија– Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за проодлабочувањето на односите меѓу двете земји. – Им честитам на лидерите на Грција и на Северна Македонија зашто го поплочија патот кон нова ера на пријателски и продуктивни односи, во интерес на своите граѓани и […]

Димитров во Вашингтон на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО


Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Вашингтон. Ова е прв состанок на министерско ниво на кој, претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство. Димитров во […]

Познат идентитетот на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава


Бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки загинаа во авионската несреќа што попладнево се случи кај Солунска Глава, објавија дел од бугарските медиуми. -Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по […]

Потрагата е прекината: Лоцирани се остатоците од авионот и телата на патниците


Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по малиот авион од типот Цесна П210Н, кој попладнево се урна кај Солунска Глава при што загинаа четири лица бугарски државјани. Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина, информираат од КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Оттаму додаваат […]

Авион исчезна од радарот кај Солунска Глава, полициски хеликоптери вршат потрага


Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Слунска Глава. Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената Цесна, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески. -Во 16:16 часот […]

Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство


И денешната четврта по ред средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство со што треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, заврши без договор. Министерката за правда Рената Дескоска посочи дека на средбата било разговарано за две клучни теми: за статусот на СЈО и во делот […]

Ципрас: Без надомест ќе го штитиме македонското небо


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, при денешната историска посета на Северна Македонија, изјави дека ќе има подобрување на обуката, сајбер-одбраната и военото разузнавање, како и надзорот на македонското небо од страна на грчката авијација. „Надзорот над македонското небо ќе овозможи стабилност во поглед на безбедноста на нашиот сосед, наведе Ципрас. Грција има врвни знаења во авијацијата, […]

(Галерија) Сопругата на Ципрас на гробот на Зорба


Бети Бацијана, сопруга на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, која е заедно со него во посета на Скопје, околу пладне беше на гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на програмата на сопругата на Ципрас, но тоа беше направено дискретно. Георгиос Зорба живеел […]

(Во живо) Заедничка прес-конференција на Заев и Ципрас


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна во Скопје, што е прва официјална посета на Северна Македонија на некој грчки премиер. По средбата на Ципрас со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев, двајцата даваат изјави. Проследете ја во живо прес-конференцијата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/333582230843023/UzpfSTE0Nzk4MTc1ODU5NDM1NzoyMjQ2NDg0NzUyMDc3Mzcw/

(ФОТО) Утринска јога со Силјановска на брегот на Охридското Езеро


Гордана Силјановска – Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го искористи убавиот сончев ден преку практикување јога – вежби на брегот на Охридското Езеро да собере енергија за престојните активности поврзани со предизборната кампања. – Јогата е комуникација со себе, со другите, јогата е размена на позитивна енергија потребна во ова време-невреме. Живееме во […]

(Фото) Стилот на Заев и Ципрас во Скопје: Вратоврската ги раздели


Ципрас лежерен без вратоврска, Заев сериозен, со црвена кравата. И двајцата во добро скроени тегет костуми, закопчани, во бела кошула. Елегантни, денес, во Скопје, за првата историска посета на грчки премиер на Македонија. Моден додаток им беа насмевките и доброто расположение и селфи фотки за долго сеќавање. Вратоврската и во политиката и во животот ги […]

Пендаровски ја почна кампањата со песна на Дуке Бојаџиев


Стево Пендаровски, кандидат за претседател, зад кого застанаа 30 политички субјекти, меѓу кои и СДСМ, на првиот ден од кампањата промовираше песна и спот под наслов „Сите едно пееме“, како дополнување на неговиот слоган „Заедно напред“. Од СДСМ велат дека спотот носи силна визуелна поткрепа од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и […]

Ципрас и Заев правеа селфи пред Влада


Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во прва посета на нашата земја, а пред Владата го пречека премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери направија историско селфи пред Владата. При пристигнувањето на премиерот Ципрас пред Владата во Скопје, не беа интонирани грчката и македонската химна, наводно поради доцнење на церемонијата.

Сведоштва на измамени: Ни денар не зедовме од „Допир“


Деца болни од церебрална парализа и Даунов синдром, кои се надевале дека ќе им помогне фондацијата „Допир“, чиј основач е Миле Шулевски, односно ќе собере пари за да заминат и да се излекуваат во странство, останале без ниту еден денар помош од фондацијата и добиле само загубено скапоцено време. Според сведоштвата на дел од измамените […]

Ципрас доаѓа без вратоврска, без предрасуди и со многу елан


Алексис Ципрас ќе слета денеска на аеродромот во Скопје, со што во досегашната турбулентна хронологија на македонско-грчките односи ќе биде запишан како прв премиер на Грција кој допатувал во официјална посета на земјава. Неговата посета значи остварување на она што се чинеше малку веројатно во првите години од независноста, а што стана невозможно во 2006 […]