„Бојкотирам“ ќе бојкотира и на 21 април


Предизборни поделби или игри во десничарскиот табор? Поранешниот пратеник Александар Пандов е уште еден од низата личности од десничарската орбита кои деновиве отворено најавуваат неучество на претседателските избори. Наспроти стравувањата за тивок бојкот на ВМРО-ДПМНЕ во одлучувачкиот изборен круг, Пандов е меѓу оние кои најавуваат комплетна апстиненција. Гостувајќи на ТВ 21, Пандов истакна дека нема […]

Почнува летното сметање на времето


Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето. Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h […]

Почина актерката Мушереф Лозана – Мишка, доајенка на македонскиот театар


Вчера во Скопје почина актерката Мушереф Лозана – Мишка (18.08.1933 – 29.03.2019), доајенката на македонскиот театар. Таа во Театарот на народностите во Скопје работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија. Погребот ќе се одржи денеска во 15:30 часот на градските гробишта Бутел во Скопје, а комеморацијата […]

Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија


Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Букурешт, по средбата со премиерката на Романија, Вјорица Данчила. -Договорот од Преспа дава особена динамика на Балканот и е модел на соработка. Покажува дека преку решавање на разликите, преку економката соработка, културната, можеме да дадеме перспектива на мир, стабилност […]

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин


Државната изборна комисија-ДИК денеска на седница го заклучи Избирачкиот список. Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи. Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април. В недела напладне во просториите на ДИК тројцата […]

Апанажа од Северна Македонија го чека Иванов


Десетина закони, кои во средата ги донесе парламентот, се испратени на потпис кај претседателот Ѓорге Иванов, кој во рок од седум дена треба да одлучи дали ќе ги потпише или ќе стави вето. Во претседателскиот кабинет се враќаат и дваесетина закони на кои Иванов одби да стави потпис, а парламентот ги усвои повторно. Во овој […]

Заев очекува Вашингтон најдоцна до октомври да го ратификува Протоколот за НАТО


Премиерот Зоран Заев очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври. Тој денеска во Охрид истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот. -Тоа е постапка која трае, поприлично е […]

Омбудсманот апелира за спроведување фер и демократски избори


Народниот правобранител во пресрет на претседателските избори и предвремените избори за градоначалници на оштините Охрид, Дебар и Ново Село во денешното соопштение упатува апел до институциите и сите други за обврската и одговорноста од создавање на реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски […]

Ново чудо на архитектурата: Се отвори Националниот музеј на Катар


„Тоа не е сосема лудо. Само изгледа лудо“, вели Жан Нувел, францускиот архитект и добитник на Прицкеровата награда кога го опишува системот што го користел за изградба на Националниот музеј на Катар. Изработен од 250.000 различни елементи од армирано стаклено влакно, фиксирани на челична рамка во заоблени делови, зградата се шири како расфрлани преклопени ливчиња […]

Манчевски и Поповски од Атина: Најголемо оружје против лажните вести е вистината


Во периодот од 1 април 2018 до 15 март 2019 година во земјава се објавени вкупно 35.261 написи на македонски јазик и 13.995 на албански јазик. Анализите покажуваат дека во просек десет отсто од овие написи може да се вбројат во информации чија цел не е информирање на јавноста, односно имаа за цел да презентираат […]

Новак: Модерните војни се насочени против цивили, ова ниво на бруталност е невидено


Поранешниот специјален известувач на ОН за злоставување Манфред Новак истакна дека насилството во модерните војни примарно е насочено против цивили. – За жал во овој момент имаме тенденција на брутализација на вооружените конфликти, констатираше Новак во изјава за агенцијата АПА. Тој рече дека тоа е голема разлика меѓу класичните војни од претходните векови до Првата […]

М-НАВ „лета“ по свои правила: Земаат илјадници евра, а не доаѓаат на работа


Вработени во М-НАВ земаат плата, а не доаѓаат редовно на работа, велат извори од државното АД кое дава услуги во воздухопловна навигација. Појавата не е нова, а во Компанијата се говори дека има различни забошотувачи, па дури и такви кои во М-НАВ се појавуваат само за да земат боледување. „Независен весник“ побара официјално појаснување за […]

Предизборно разрешен директор во М-НАВ, по налог на влада


Во М-НАВ се случуваат промени во органите на управување во време по распишани претседателски избори. Во вторникот бил разрешен еден од тројцата членови на управниот одбор. Претседателот на надзорниот одбор вели дека одлуката за разрешување ја донеле по насоките што ги добиле од Владата. „Ние постапивме по инструкции од Владата, добивме насоки како да постапиме, […]

Посебните училишта ќе се трансформираат во ресурсни центри


Вкупно 795 ученици со попреченост се вклучени во редовниот образовен процес, што е двојно повеќе од пред четири години кога тој број изнесувал 471. Од друга страна, пак, се намалува бројот на ученици во посебни основни училишта, па ако во учебната 2015/16 имало 431, во 2017/2018 запишани биле 411 ученици. Министерот за образование и наука, Арбер […]

Судирот со Синдикатот и Интеруниверзитетска конференција ќе го решава Адеми


Секторот за високо образование при Министерството за образование и наука ги разгледува забелешките на Независниот академски синдикат кој обвини за неправилности во работењето на ова тело и го повикаа министерот Арбер Адеми веднаш да ја поништи одлуката за избор на членови на Националниот совет, Одборот за акредитација и Одборот за евалуација. Побараа да се конституира […]

За Катица Јанева ќе се гласа по изборите


Власта чекор по чекор се осигурува дека ќе има двотретинско мнозинство за законот со кој се решава статусот на Специјалното јавно обвинителство дури и ако не биде постигнат договор со опозицијата за иднината на Катица Јанева и нејзиниот тим. Премиерот Зоран Заев се сретна со лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами, […]

Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство


Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И по вечерашната средба во Министерството за правда остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите. Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата вечерва изјавија […]

Апанажа од Северна Македонија го чека Иванов


Десетина закони, кои во средата ги донесе парламентот, се испратени на потпис кај претседателот Ѓорге Иванов, кој во рок од седум дена треба да одлучи дали ќе ги потпише или ќе стави вето. Во претседателскиот кабинет се враќаат и дваесетина закони на кои Иванов одби да стави потпис, а парламентот ги усвои повторно. Во овој […]

Заев со апел до банките да ги намалат каматите


Премиерот Зоран Заев ги повика банките да преземат похрабри одлуки и да придонесат повеќе за поддршка на економијата и севкупниот развој. Да преземат похрабри чекори во делот на паѓање на каматите, намалување на провизиите и флексибилност во одобрување на кредитите. – Силно го поздравивме последното намалување на референтната каматна стапка на 2,25 проценти, кое е […]

Рама: Нема компромис, локални избори ќе има со или без опозицијата


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компромис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избори. Тој додаде дека евентуалното неучество на Демократската партија и на Социјалистичкото движење за интеграција на локалните избори предвидени за 30 јуни, ќе […]