Застрашувачки податоци од европските земји: 76 предупредувања, 1.180 мртви


Високите температури предизвикаа 1.180 смртни случаи во Шпанија во текот на изминатите два месеци, што е нагло зголемување во споредба со истиот период минатата година, соопшти шпанското Министерство за животна средина. Според податоците засновани на статистика од Здравствениот институт „Карлос III“, помеѓу 16 мај и 13 јули, 1.180 луѓе починале од причини поврзани со топлината, […]

Доаѓа топол бран – од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени


Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и […]

Повеќе улици во Илинден добија ново осветлување


Продолжува проектот за проширување и модернизација на уличното осветлување во сите населени места „Илинден-Светла Општина”. Изминативе неколку години поставени се нови линии за улично осветлување во сите населени места, а заедно со ЈКП „Илинден” ќе продолжиме со активностите со засилено темпо, сподели денеска градоначалникот Александар Георгиевски преку социјалните мрежи. Станува збор за нови линии во должина […]

Измерени 46 степени Целзиусови во еден српски град


Топлотниот бран, поради кој е на сила црвена временска тревога во поголемиот дел од земјата, продолжува да „пржи“ во Србија. Во текот на попладнето, на еден од мерачите во строгиот центар на Чачак беа измерени неверојатни 46 степени, јавуваат српските медиуми. Како што може да се види на фотографијата, која ја сподели Рина на својот […]

Владата со мерки против топлотниот бран – климатизиран јавен превоз во жешките денови


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат […]

ИЈЗ со препораки за претстојниот топлотен бран


Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни 2025 година, Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. Покрај другите, за ранливи категории на […]

В година ни следи пекол – 2025 година ќе биде третата најтопла година


Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата. Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла од пред индустриската ера, а можно е […]

Рекордни летни температури во Југоисточна Европа


Рекордни високи температури се забележани летово во југоисточна Европа, покажува првата проценка на европската служба за климатски промени Коперник. Луѓето во тој регион биле изложени на „силен топлотен стрес“ бидејќи максималната дневна температура била најмалку 32 Целзиусови степени во 66 дена меѓу јуни и август, објави Коперник. Тоа беше убедливо најголем број денови со ваков […]

Велес и Демир Капија се печат на 42 степени Целзиусови


Во Велес и Демир Капија денеска била измерена највисоката температура на територијата на Македонија од 42 степени целзиусови. Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно до крајот на работната седмица. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, 41 степен денеска биле измерени во Кавадарци, Виница, Гевгелија, 40 Струмица, 39 Штип, 38 Битола, […]

Вечерва во Скопје измерени 30 степени Целзиусови, за утре жолт аларм


Близу 30 степени Целзиусови вечерва во 20 часот биле измерени во Скопје, односно во мерната станица на Зајчев Рид. Како што соопшти УХМР, измерена температура во 20 часот, односно најтопло вечерва е во Скопје-Зајчев Рид со измерени 29.7°C. За утре пак, прогласен е жолт аларм за Вардарскиот односно Скопскиот регион.  Сончево и многу топло со […]

Минатото лето беше најжешкото во последните 2000 години


Минатогодишното лето на северната хемисфера беше најжешкото во последните 2.000 години, покажува новото истражување објавено вчера. Научниците претходно објавија дека 2023 година беше најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но студијата во списанието Nature сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснаа летните врвови многу подалеку од сè […]

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава


Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по редкордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. Голем број училишта на Филипините немаат климатизација. Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени […]

Почитувајте ги препораките за заштита од топлотниот бран – продолжени се денеска и утре


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува работодавците, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат. Од МТСП известуваат дека мерките продолжуваат да важат и […]

Во Грција очекуваат над 45°С. Аризона веќе 22 дена со температури е над 43°C


Грција денеска е во максимална готовност поради топлотен бран со очекувани температури над 44 Целзиусови степени, а во исто време рекордно високите температури го горат југот на САД со очекување дека ќе ги зафати и другите делови од земјата. До недела сите археолошки локалитети, вклучително и познатиот атински Акропол, ќе бидат затворени за посетители во […]

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури


До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. -Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре […]

Во Рим измерена рекордна температура, Пекинг го собори рекордот за високи температурни денови во една година


Италијанската престолнина денеска забележа нова рекордно висока температура од 41,8 степени Целзиусови,  додека топлотниот бран опустоши поголем дел од јужна Европа, објави метеоролошката служба на регионот Лацио. Претходниот рекорд од 40,7 степени Целзиусови беше  во јуни минатата година. Таа температура денеска беше надмината во различни делови на Рим, а метеоролошката станица во источните предградија забележа […]

Рекордни температури во Кина, измерени 52,2 степени


Рекордно висока температура од 52,2  степени Целзиусови е забележана во неделата во градот Санбао во Ксинџијанг во северозападна Кина, објавија денеска кинеските медиуми. Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена. Претходниот рекорд од 50,3 Целзиусови степени беше измерен во 2015 година во близина на Идинг во Ксинџијанг, пренесува „Ројтерс“. Земјите […]

Следната недела – пекол, температура до 40 степени Целзиусови


  УХМР најавува стабилизација на времето, а следната недела температурите растат, за во четврток да достигант до 40 степени Целзиусови. Следува период на стабилно и суво време. Во деновите од викендот ќе дува засилен, а вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник температурата насекаде […]

Пекол во Иран: Температурата достигна неверојатни 50 степени, еден почина


Во градовите Зехек и Хирманд во иранската провинција Систан-Балучистан измерени се 50 степени Целзиусови. Според иранската официјална агенција ИРНА, генералниот директор за метеорологија на Систан-Балучистан, Мухсин Хајдари, изјави дека градовите Зехек и Хирманд се најтопли во земјата со температури до 50 степени. Хајдари истакна дека температурата на воздухот ќе опадне од понеделник со засилување на […]

Пекинг и делови од северна Кина погодени од рекордно високи температури


Пекинг и делови од северна Кина се погодени од рекордно високи температури, властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат да бидат на отворено. Опсерваторијата Нанјао во Пекинг за првпат трет ден по ред забележа температура над 40 степени Целзиусови, соопшти кинеската метеоролошка управа. Во соседната провинција Хебеј и пристанишниот град Тијанџин, температурите исто така достигнаа 40 […]