Викендов температури над 40 степени Целзиусови


Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=35°C. P=975hPa. U=27%. V=4m/s. UV […]

Четири топлотни бранови, црвени аларми, 20 дена пекол – Италија е во голема неволја


Се очекува дека сегашниот топлотен бран во Италија ќе биде најдолгиот од четирите што ја погодија земјата оваа година и ќе трае најмалку до 17 август, изјави денес физичарот од Универзитетот во Тренто, Лоренцо Џованини. Тој изјави за Анса дека климатските промени влијаеле периодите на екстремна топлина да бидат подолги и почести. Џованини изјави дека […]

Пеколните горештини продолжуваат и следната недела – температури до 40 степени Целзиусови


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и температури до 39 степени Целзиусови.  Оттаму посочуваат дека попладнето, во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и […]

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август


 Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува […]

И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода


По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување.  Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага […]

Во Германија регистрирани речиси 10.000 смртни случаи од жештината


Според податоците од Институтот „Роберт Кох“, оваа година во Германија се регистрирани речиси 10.000 смртни случаи поврзани со топлина. Во Обединетото Кралство објавија дека 3.000 луѓе веќе починале. Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) објави во својот неделен извештај дека 9.800 луѓе веќе починале во Германија оваа година поради високите температури од 19 јули, а овој број […]

Топол бран во наредните денови, УХМР со предупредување за температури над 40°C


Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот […]

Западна Европа го преживеа најтоплиот јуни во историјата на мерењата


 Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“. Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта. Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил […]

Жештините го земаат данокот: Утрово повеќе колапси на јавни места во Скопје


Високите температури веќе ги земаат првите жртви. Само утрово, Брзата помош во Скопје интервенирала во повеќе случаи на колапс на јавни места, а значително е зголемен и бројот на повици од граѓани кои побарале медицинска помош. Доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје изјави за МИА дека утрово се евидентирани повеќе од пет колапси […]

Како да се преживее екстремна топлина? Жителите на јужна Европа ја знаат тајната


  Туристите трчаат наоколу на светлото сонце без покривки за глава. Некои го пијат своето прво пиво веќе за време на појадокот, а други поминуваат многу часови на плажа, поради што завршуваат со изгореници од сонце. Како што топлотните бранови ги креваат температурите до рекордни максимуми во централна и северна Европа, многумина се обраќаат кон […]

Американскиот државен секретар им порача на Европејците да престанат да се жалат: „Повеќе луѓе умираат од студ“


Европа се соочува со еден од најинтензивните топлотни бранови во последните години. Во оваа прилика, американскиот министер за енергетика Крис Рајт им порача на Европејците да не се грижат премногу за топлината и дека „студот е сè уште многу посмртоносен од топлината“ „Повеќе луѓе умираат во зима отколку во лето затоа што студот е многу […]

Викендов топлотен бран во Македонија – температури до 39 степени


Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне од 29 до 37°C. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во делови од котлината […]

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе


 Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На […]

Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица


Климатските промени и растот на температурите предизвикани од човечкиот фактор се одговорни за смртта на околу 16.500 лица во Европа во текот на ова лето, се наведува во студија на група британски истражувачи на климата и здравјето.  Врз основа на истражување на климатскиот модел во 854 европски градови, научници од Империјалниот колеџ во Лондон и […]

Скопје со 40, Гевгелија со 42 степени Целзиусови – утре исто


 Највисока температура од 42 степена денеска е измерана во Гевгелија, 41 во Велес, а 40 во Скопје, Демир Капија и Струмица. Најсвежо е на Попова Шапка со 24 степени. УХМР и за утре најавува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Пеколни 45 степени во Италија – луѓе умираат на плажите


Во рок од само 24 часа во понеделник и вторник, пет лица починаа на плажите во Саленто, крајбрежната област на Јадранското Море на југот од регионот Апулија, на петицата од чизмата на Италија. Сомнежите се дека  смртните случаи се поврзани со високите летни температури, кои, според извештаите на медиумите, ќе се искачат над 40 степени […]

Врвулици луѓе во скопската чаршија на +40 степени Целзиусови


Скопје „гори“ на температури од над 40 степени Целзиусови, но Старата скопска чаршија е полна луѓе. На пладне, тесните чашриски улички ги врват бројни намерници. Дел од нив туристи, дел наши граѓани, кои летниот одмор го поминуваат во татковината, а наскоро ќе се вратат на својот живот, некаде преку границите.  Покрај препораките од надлежните, да […]

Од 11 до 17 часот не излегувајте надвор!


  Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и сè подолги и потопли, а ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува, алармираат од Институтот за јавно здравје, од каде ги споделија препораките за справување со топлината.  Избегнување на изложување на сонце Најважниот чекор е […]

Сончево и топло, со температура до 39 степени


Сончево и топло време со температура до 39 степени Целзиусови се очекува денеска, а под влијание на топла воздушна маса од југ, високите температури ќе продолжат и во наредните денови. Поради зголемениот УВ индекс и ризикот од топлотни бранови, надлежните институции препорачуваат престој во разладени простории, внесување доволно течности, избегнување физички активности во најтоплите часови, […]

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови


Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.   По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од […]