Зеленски шокира со подарокот што му го донесе на Трамп


Украинскиот претседател го донесе светскиот појас во тешка категорија на Олександр Усик во Овалната соба пред клучниот состанок кој заврши со кавга меѓу Зеленски, Трамп и Џеј Ди Венс. Зеленски го поздрави Трамп на влезот во Белата куќа и му подаде рака пред средбата. Кога влегле, членовите на неговата придружба биле видени како го носат […]

Каспаров: НАТО алијансата е готова


НАТО заврши, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс предизвика кавга меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски, а Европа мора да прифати нова реалност, изјави Гари Каспаров, познатиот руски шахист и активист против Кремљ, кој доби хрватско државјанство откако избега од Русија, по вчерашната кавга во Белата куќа. „Украинските застапници со добра волја се обидоа да ѝ дадат […]

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка. – Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе […]

(Видео) Трамп: Реков дека Зеленски е диктатор? Не ми се верува дека го кажав тоа


Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон за да разговара за клучните прашања, со посебен акцент на војната во Украина и идната улога на САД во европската безбедност. За време на состанокот со Стармер во Белата куќа, Трамп се соочи со непријатно прашање од новинар за неговите претходни изјави во […]

Украинскиот Парламент не ја изгласа резолуцијата за поддршка на Зеленски


Украинскиот парламент не успеа да изгласа резолуција со која се потврдува легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски, откако на денешната седница не доби доволно гласови за усвојување таков документ, јави ДПА. На специјалната седница на Врховната рада, свикана по повод третата годишнина од руската инвазија, резолуцијата доби 218 гласови, осум помалку од потребните 226. Од присутните […]

Зеленски попушти? Ќе се договара со Трамп за инвестиции и безбедност


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата со специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина и Русија, Кит Келог, денеска изјави дека Украина е подготвена за договор за инвестиции и безбедност. „Украина е подготвена за силен, навистина корисен договор со претседателот на Соединетите Американски Држави за инвестиции и безбедност. Предложивме најбрз и најконструктивен начин за постигнување […]

Републикански сенатори се разидоа со Трамп околу коментарите за Зеленски


Неколку истакнати американски републикански сенатори и други републиканци изразија несогласување со неодамнешните коментари на претседателот Доналд Трамп, исто така републиканец, за украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп го нарече Зеленски „диктатор без избори“ поради неговото одбивање да одржи избори во време на прогласена воена состојба, а исто така изјави дека украинските власти се одговорни за руската […]

Западот создава голема коалиција за отпор по нападот на Трамп на Зеленски


  Се појавува нова коалиција на држави за да се справи со најголемата безбедносна криза што ја погоди Европа во последните децении, откако претседателот Доналд Трамп во средата целосно ги усогласи интересите на САД со Кремљ искажувајќи бурни тиради против украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го нарече „диктатор“. Новата групација ја сочинуваат сите земји кои […]

Стармер: Зеленски е демократски избран лидер


 Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер во телефонскиот разговор со Володимир Зеленски го поддржа украинскиот претседател, истакнувајќи оти тој е демократски избран лидер. Изјавата на Стармер уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече Зеленски диктатор. Британскиот премиер не го спомна Трамп, кој изјави дека Зеленски е „диктатор кој владее без избори, но истакна […]

Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп


Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ги засили критиките кон Украина и го предупреди претседателот Володимир Зеленски да не го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп. – Идејата дека Зеленски ќе го смени мислењето на претседателот на претседателот со клеветење во јавните медиуми … секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е многу […]

Трамп го нарече Зеленски диктатор


  Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на неговата социјална мрежа Truth Social. „Замислете, умерено успешен комичар, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да се започне, но војна која тој, […]

Трамп наседнал на лагите на Путин, рејтингот на Зеленски е 57 отсто


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека само 4% од Украинците му веруваат, наведувајќи дека оваа информација доаѓа од Русија.Иако одби директно да коментира за анкетата, тој укажа на неодамнешното истражување на Меѓународниот институт за социологија во Киев, кое покажа дека 57 отсто од Украинците му веруваат. „Ако […]

Зеленски пристигна во Турција, денеска средба со Ердоган


Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска синоќаа пристигнаа во официјална посета на Турција. „Официјална посета на Турција заедно со првата дама. Средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган и првата дама Емине Ердоган. Продолжуваме со сите напори за размена на воените заробеници – нашите луѓе мора да се вратат дома“, објави Зеленски на […]

Зеленски го отфрли договорот за минерали со САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД. „За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција“, рече […]

Зеленски одби да ја потпише понудата на Трамп за украинските минерали


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Минхен дека одбил да потпише договор со САД за украински минерали, нагласувајќи дека тоа не ја штити неговата земја во оваа фаза. „Не ги овластив министрите да го потпишат договорот бидејќи тој не е подготвен. Според мене, тој не не заштитува нас“, рече Зеленски на маргините на Минхенската […]

Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека е дојдено време да се формираат „европски вооружени сили“, наведувајќи дека борбата на Украина против Русија докажала дека веќе има причина за тоа. Зеленски рече дека Европа не може да ја исклучи можноста САД да одбијат да и помогнат за прашања што и се […]

Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД


Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без американска поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по одделните телефонски разговори оваа недела меѓу американскиот претседател Доналд Трамп со него и со рускиот претседател Владимир Путин. „Веројатно ќе биде многу, многу тешко. Се разбира, во сите тешки ситуации имате шанса, но ние ќе имаме […]

Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: украински области заземени од Русија во замена за Курск


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија. – Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан. Тој […]

Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми. „Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската […]

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна. Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа бби го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на […]