Зеленски го потпиша договорот за економско партнерство со САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се ратификува економскиот партнерски договор меѓу Украина и САД. Статусот на законот, кој беше синоќа објавен на онлајн порталот на Врховната Рада, парламентот на Украина, е ажуриран, наведувајќи дека е вратен со потпис на Зеленски. Парламентот го ратификуваше договорот на 8 мај. Зеленски го опиша како […]

Првиот чекор на Русија кон завршување на војната е прекин на огнот од 12 мај, смета Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го оцени како позитивен знак тоа што Русија почнала да размислува за прекин на војната, но нагласи дека првиот чекор кон тоа е прекин на огнот од утре, 12 мај. „Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната. Секој во светот долго време го чекаше ова. […]

Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера остварил „многу добар и продуктивен“ разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска Белата куќа и додаде дека Трамп се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор следната недела за предложеното 30-дневно примирје. Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која денеска се обрати пред новинарите на брифинг во Белата […]

Зеленски: Украина е подготвена за прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во траење од најмалку 30 дена.  Зеленски во синоќешното видео обраќање рече дека се подготвува за важни состаноци и разговори со странски партнери за […]

Зеленски: Договорот за минералите е првиот резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го нарече договорот за суровини меѓу САД и Украина „историски“. „Ова е првиот опиплив исход од состанокот во Ватикан, што го прави навистина историски“, рече Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на погребот на папата Франциск во саботата. Договорот наскоро треба да биде ратификуван […]

Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во своето традиционално вечерно обраќање, изјави дека првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје. -Тие мора да преземат јасни чекори кон завршување на војната, а ние инсистираме првиот чекор да биде безусловно и целосно прекин на огнот. Русија мора да го стори тоа, […]

Зеленски ја поздравува „ликвидацијата“ на високи руски воени лица


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали службата за надворешно разузнавање на земјата за „елиминацијата“ на високо рангиран руски воен персонал за време на повеќе од тригодишната целосна руска инвазија на Украина. Во коментар на социјалната мрежа Телеграм, Зеленски не спомена конкретни примери, но според медиумите „тој индиректно се осврнал на убиството минатата недела во близина […]

Зеленски по разговорот со Трамп: „Ви благодарам, ова може да биде историски состанок“


Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски се сретнаа за време на погребната церемонија на папата Франциск во Ватикан и одржаа краток состанок. На почетокот, тој рече дека тоа било добра средба каде што разговарале „еден на еден“. „Се надеваме на резултати во сè што опфативме. Заштита на животите на нашите луѓе. Целосен […]

Макрон: Средбата со Трамп, Зеленски и Стармер за Украина беше позитивна – Трамп си замина


Претседателите на САД, Доналд Трамп, Володимир Зеленски од Украина, Емануел Макрон од Франција и британскиот премиер Кир Стармер имаа „позитивна“ размена на мислења за Украина, на маргините на последното испраќање на папата Франциск, соопшти Елисејската палата. „Потврдувам дека имаше размена на мислења меѓу претседателот и Трамп, Зеленски и Стармер, што беше позитивно“, рече советникот од […]

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. – Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина. Според Уставот на Украина сите привремено окупирани територии … ѝ припаѓаат […]

Зеленски: Повеќето компоненти од севернокорејската ракета испукана кон Киев доаѓаат од САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја. „Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука во Европа. […]

Масивен руски удар на Киев, додека Трамп го напаѓа Зеленски


  Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во Киев откако Русија го изведе еден од најразорните воздушни напади врз Украина по многу месеци, а цел беа и Харков и други градови. Бранови беспилотни летала, како и балистички и наведувани проектили го погодија украинскиот главен град рано во четвртокот. Имаше експлозии во […]

Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи […]

Кина ги отфрли тврдењата на Зеленски дека и испорачува оружје на Русија


 Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како „политичка манипулација и лага“ тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Кина и испорачува оружје на Русија. – Кина ги отфрла лажните обвинувања и политичките манипулации. Кина никогаш не испорачала смртоносно оружје на ниту една од страните во конфликтот, изјави на редовната прес-конференција Лин Џиан, портпарол […]

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Кина дека и доставува оружје на Русија. „Имаме информации од Службата за безбедност на Украина (СБУ)“, нагласи Зеленски, додавајќи дека Кинезите им испраќаат барут и артилериска муниција на Русите. „Мислам дека следната недела ќе можеме да објавиме детали за кинеските претставници вклучени во производството на оружје на територијата на […]

Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите


Русија веќе 36 дена го игнорира американскиот предлог за прекин на воздушните, морските и копнените напади, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето традиционално вечерно обраќање до нацијата, пренесоа украинските медиуми. -Пред 36 дена, САД предложија целосен и безусловен прекин на воздушните, морските и копнените напади. Украина го прифати тој предлог веднаш – пред […]

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските претставници кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. -Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. […]

Би-Би-Си: Војната го промени Зеленски, но сега е време повторно да се трансформира


„Најдобриот продавач во историјата“. Така Доналд Трамп еднаш го нарече Володимир Зеленски поради количината помош што Соединетите Американски Држави и ја дадоа на Украина. Без разлика дали таа споредба е фер или не, улогата на Зеленски во задржувањето на светското внимание на неговата земја беше секако клучна за украинската борба. Неговата трансформација од телевизиски комичар […]

Зеленски: Русија отворено одбива да се согласи на прекин на огнот


 Украина никогаш не сакаше ниту еден момент од оваа војна, рече претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање, цитирано од украинските медиуми. Зеленски истакна дека тоа веќе стана навика на руската страна – да води војна против соседите, да извезува омраза и да уништува човечки животи. -Сите сакаме ова да заврши. Потребен е мир […]

Зеленски: Ова не е изолиран случај, Русија систематски регрутира кинески државјани за војната во Украина


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија спроведува „систематска активност“ за регрутирање кинески државјани во својата армија за борба против Украина. Зеленски, кој денеска е во посета на Јужноафриканската Република, на социјалната мрежа Икс напиша дека ова не е изолиран случај, туку дел од поширок план кој се одвива на територија под кинеска јурисдикција. „Продолжуваме […]