Зеленски: Луѓето се важни, но тоа не значи дека Украина може да се откаже од 30 отсто од својата територија


Невозможно е да се спореди загубата на луѓе со загубата на територија. Луѓето се важни. Но, тоа не значи дека Украина е подготвена да се откаже од 30 отсто од својата територија, истакна претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за британската телевизија Би-Би-Си, пренесоа украинските медиуми. -Некои прашуваат: што ви е поважно – територијата […]

Кличко: Зеленски ризикува политичко самоубиство


Володимир Зеленски ќе се соочи со многу тежок период во наредните месеци, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во изјава за италијанскиот портал „Кориере дела сера“, Кличко рече дека украинскиот претседател ќе мора да донесе тешки одлуки кои би можеле да доведат до „политичко самоубиство“. Тој предупреди дека Зеленски можеби ќе треба да распише референдум […]

Стармер му вети поддршка на Зеленски за Украина


 Промената на владата нема да направи „никаква разлика“ за британската поддршка за одбраната на Украина од руската инвазија, го увери новоименуваниот премиер Кир Стармер денеска во Вашингтон украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Само што имав многу добар состанок со претседателот Зеленски, каде што јасно ставив до знаење дека што се однесува до Велика Британија, промената […]

Зеленски по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ: Историски ден за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата што е борба против руската инвазија. -Денеска е историски ден. Никогаш нема да дозволиме да скршнеме од патот кон обединета Европа, кон нашиот заеднички дом на сите европски […]

Зеленски нареди чистка на државната гарда. Полковниците планирале атентати


Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на шефот на Националната гарда на Украина да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивните претпоставени. Државната безбедносна агенција СБУ минатиот месец објави дека заробила двајца гардиски полковници кои наводно соработувале со Русија во […]

Зеленски го назначи Алексиј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Алексиј Морозов за шеф на Управата за државна безбедност (СДА). Соодветниот декрет е објавен на веб-страницата на претседателот, пренесува Укринформ. „Олексеј Володимирович Морозов е назначен на позицијата шеф на Управата за државна безбедност на Украина“, се наведува во документот. 

Зеленски: Путин нема да стави крај на војната


Киев утре ќе одржи мировни преговори со Русија ако Москва се повлече од целата украинска територија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски по завршувањето на дводневната мировна конференција во Швајцарија. – Но, Владимир Путин нема да стави крај на војната. Затоа, мораме да го спречиме со какви било средства, било воени или дипломатски. Западната помош […]

Зеленски: Украина ќе и претстави конкретни мерки на Русија на вториот мировен самит


 Украина на вториот мировен самит ќе и претстави на Русија конкретни мерки за постигнување мирно решавање на конфликтот во Украина, изјави синоќа во Швајцарија претседателот на Украина Володимир Зеленски на глобалната мировна конференција за Украина. Зборувајќи на пленарниот состанок на самитот, Зеленски им рече на присутните дека Русија не е заинтересирана за мир и дека […]

Зеленски: Мировната конференција ќе го зголеми притисокот врз Москва


Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва, но другите учесници на форумот не се толку оптимисти, јави ДПА. -На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај […]

Зеленски пристигна во Германија на конференција за повоена обнова на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Германија на конференција посветена на повоената обнова на Украина и на разговори со канцеларот Олаф Шолц. На Телеграм, Зеленски објави дека мерките поврзани со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата, што се свикува секоја година. Разговорите на Зеленски со Шолц ќе […]

Путин: НАТО си игра со оган. Имајте на ум, вашите држави се мали и густо населени


Рускиот претседател Владимир Путин денеска уште еднаш го доведе во прашање легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тој само ќе ги признае овластувањата на парламентот на земјата во Киев. Путин рече дека, според украинскиот устав, вонредната состојба наложува да се прошират овластувањата на Врховната Рада, но не и на претседателот. Украинските адвокати велат […]

Зеленски го отфрли предлогот на Макрон за олимписко примирје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за примирје во војната меѓу Украина и Русија за време на Летните олимписки игри во Париз. Русија би го искористила секое суспендирање на непријателствата за да ја притисне својата воена предност, рече Зеленски во петокот во интервју за агенцијата Франс прес. „Да бидеме […]

Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека ја отфрлил идејата на шефот на француската држава Емануиел Макрон за „примирје“ со Русија за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз. Според Зеленски примирјето „ќе му користи на непријателот“. – Да замислиме за момент дека има прекин на огнот. Прво, […]

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев. Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас. Тој ги […]

Зеленски ѝ го честита изборот на Сиљановска-Давкова за претседател на Македонија


Денеска, на социјалната мрежа Х по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори, се огласи ѝ претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски. Во неговата честитка упатена до професорката Гордана Сиљановска-Давкова на англиски и на украински јазик, стои: „Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. Ѝ посакувам успешен и плоден мандат. […]

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август. Зеленски на 6 мај достави до Парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“. Украинскиот Парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена […]

Украинците објавија видео: „Ова се руски агенти, сакаа да го убијат Зеленски“


Украинските разузнавачи соопштија дека спречиле руски заговор за атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската служба за државна безбедност (СБУ) објави дека фатила руски агенти кои биле вработени во Украинската државна гарда. Претставници на разузнавањето велат дека руски агенти планирале да го убијат претседателот и други високи владини функционери. Шефот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека […]

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка


Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин за да се стави крај на војната во Украина. Гвидо Крозето за весникот „Ил Месаџеро“ изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да […]

Русија распиша потерница по Зеленски


Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не беше наведен написот по кој беше издаден налогот за апсење на украинскиот […]

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА. Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето. Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Претходно, украинските медиуми објавија […]