Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година на авторите Методи Хаџи-Андов, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев и Димитар Стефановски, од проектантското биро „Параметар студио“, за проектот Мултинаменски комплекс во општина Петровец, Скопје. Големата годишна награда традиционално ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, под покровителство на претседателот […]

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат. Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата… Обраќањето на шефицата на државата е во рамки на 25. собраниска седница.

Сиљановска Давкова: Најголемото дело на Св. Климент е духовното и етичко воздигнување на народот


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод државниот празник Свети Климент Охридски. -Би сакала да упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Свети Климент Охридски. Денешниот значаен ден е повод да се потсетиме на, веројатно, најголемото дело на Св. Климент – духовното и етичко воздигнување на народот. Со […]

Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, на вториот ден од официјална посета на Црна Гора, ќе има средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ. Во рамки на официјалната посета, Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“. Вчера, Сиљановска Давкова во Цетиње оствари средба со […]

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави. Сиљановска Давкова […]

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова


Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ. 

Претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан


Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29. Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова, како што денеска соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе се […]

Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад. – Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша […]

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување, вели Сиљановска-Давкова


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека по колективната оставка на Комисијата за помилување почнати се разговори за нов состав на Комисијата, но оти нема да брза со нејзиното формирање. -Не даде Комисијата отказ. Комисијата од лични и професионални причини поднесе оставка и тоа е нешто друго. И јас, ние сме во разговори за нов состав […]

Сиљановска: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина


Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова преку „Твитер“ испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата, во кои досега загинаа повеќе од 20 луѓе. „Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо […]

Сиљановска Давкова со Гутереш разговарала за македонската евроинтеграција


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. На средбата претседателката Сиљановска Давкова ги потенцираше принципите на светската организација како основа на којашто мора да функционира меѓународниот поредок, без разлика дали се работи за мали или […]

Сиљановска-Давкова се сретна со американскиот претседател Бајден и неговата сопруга


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на својот фејсбук-профил објави заедничка фотографија со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и неговата сопруга Џил. – Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави, напиша Сиљановска-Давкова во објавата […]

Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери


Во Њујорк денеска во 9 часот започнува Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.  […]

Честитка од Сиљановска Давкова по повод 8 Септември: Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, во која посочува дека наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. -На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја […]

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица


Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед. – Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите […]

Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и да го обновува духот на македонската република


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, истакнувајќи дека на овој празник на светлината се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна. -На 2 август 1944-та, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја […]

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопшти нејзиниот кабинет. Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и […]

Сиљановска Давкова на комеморацијата за Стојан Андов: Тој беше либерал – најдобар писател меѓу политичарите


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија. Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, […]

65 години ФЕИТ, родното место на информатиката и на техничките системи (фото)


Вечерва во Скопје се одржа Свечена академија по повод 65 години од формирањето на Факултетот за електротхеника и информациски технологии (ФЕИТ), при што беа промовирани магистри и дипломирани инженери за 2024. На Академијата, организирана под мотото „65 години наставна и научна извонредност“ беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на иновативноста, […]