Сиљановска-Давкова се сретна со Славески, во фокусот макроекономската стабилност и финансиите


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика, соопштија од Кабинетот на Претседателката. Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и […]

Сиљановска – Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше не приемот по повод 14 Јули, Националниот ден на Француската Република. – Искрени честитки до претседателот Емануел Макрон и до францускиот слободарски народ! Амбасадорот Кристоф Ле Риголер нѐ потсети на Француската револуција и нејзината длабока верба во „слободата, братството и еднаквоста“, на непресушната демократска инспирација на „Француската декларација за […]

Сиљановска-Давкова на промоција на иницијативата за обновување и одржлив развој на Галичник


Под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник, како еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставници на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис-секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово […]

Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг


Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики или да му помогнете на тој другиот да седне до вас, за да можете полесно да ги надминете проблемите кои ви се заеднички. Но, ние, како и досега, некако сме исклучок. Не поради нашата себеисклученост […]

Не се само уставните измени за кревање на ветото, Бугарија има барања поврзани со историската комисија, вели Сиљановска Давкова


Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на ПСЈИЕ во Софија, на маргините билатерална средба со Јотова


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. На Самитот, како што јави […]

Сиљановска-Давкова в среда на средба со Јотова во Софија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју за „360 степени”  на МРТ 1, Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение […]

Силјановска Давкова: Шест децении театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност


Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.   Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот  рече дека […]

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“.  На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.   […]

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка, средби со највисокото државно раководство


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот […]

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словачка. Сиљановска-Давкова утре во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка […]

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј се темел на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, порача дека нивното дело претставува темел на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот народ. „Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа. […]

Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората


Македонската држава има „насушна потреба од соработка со дијаспората“, не само преку инвестиции, туку и преку знаењето и искуството, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на приемот во пресрет на традиционалниот Самит „Македонија 2025“, нагласувајќи дека „човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него“. Обраќајќи се пред присутните, претседателката истакна […]

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме секој облик на фашизам или слични идеологии


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, наведе дека македонскиот народ застана на вистинската страна – антифашистичката и како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии. -9 Мај за нас е […]

Велигденска честитка од Сиљановска-Давкова: Во време на големи искушенија, да истраеме обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници. -Во овие возвишени и благодатни […]

Претседателката Сиљановска-Давкова на комеморација за македонските Евреи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ на местото на некогашниот нацистички логор во Треблинка во окупирана Полска. Како што информира Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе положи […]

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност


По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Сиљановска Давкова очекува да се направи исчекор кон ЕУ


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува земјава годинава да продолжи да се развива, да го продолжи реформскиот процес во повеќе области за да се избегнат системските слабости, да се работи на владеењето на правото, но и на вложувањето во образованието, науката и културата, во кои како што вели можеме да бидеме поголеми од најголемите. Посакува Македонија […]

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата


Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе […]

Доделено признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година


Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по КОВИД-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна […]