Капки врел сунѓер најдени и на јакната на Андреј Ѓорѓиевски – што покажуваат материјалните докази за „Пулс“


 При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше […]

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството


Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, одржано на 4 мај, свој исказ пред судот даде директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во својство на […]

Родителите на загинатите од Пулс: Системот сам се штити, условни пресуди за системски пропусти со фатални последици


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира на изречените условни казни за злоупотреба на службена должност, посочувајќи дека ваквата судска пракса е во спротивност со законските одредби и тежината на последиците. Според нив, законската рамка предвидува казни затвор од шест месеци до десет години, во зависност од тежината на делото. Сепак, во конкретниот случај, и […]

Жртвите во дискотеката „Пулс“ дишеле токсични гасови и жежок воздух


Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор – доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење […]

Судење за „Пулс“: Прочитани искази на сведоци кои не се достапни на органите на прогон


Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка беа прочитани во судницата во Идризово на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон.  Одбраната се противеше на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие […]

Со исказ на вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со исказ не вешто лице од Судска медицина денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот.  […]

Дури 59 од жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглероден моноксид


 Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.  Кај пет од жртвите обдукциското мислење од Институтот за судска медицина исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат […]

Одбраната на сопственикот на дискотеката „Пулс“, побара куќен притвор, родителите негодуваа


Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор.  На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите […]

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди


Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што […]

„Пулс“ не е последица само на еден фактор – затоа обвинението е за сите


Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, влегува во фаза на изведување материјални докази. Обвинителствто, на брифинг со медиумите, денеска информираше дека утре се очекува во судницата во „Идризово“ да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите […]

Одложено судењето за деветмината полицајци за случајот „Пулс“


Судењето за деветмината полициски службеници обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ денеска е одложено за 1 јуни. Причина за одложувањето е потребата на одбраната да обезбеди и изврши увид во доказите неопходни за постапката. Со овој судски процес претседава судијката Ленка Давиткова, додека застапник на обвинението е обвинителката Спасенка Андонова. Пред почетокот […]

Ѓорѓиева сведочеше дека почетокот на огнот во „Пулс“ го има на нејзино видео


Сведокот на обвинителството, Теа Ѓорѓиева, денеска пред судот даде потресно сведоштво за кобната ноќ кога избувнал пожарот, опишувајќи како забавата за неколку секунди се претворила во хаос, паника и борба за живот. Одговарајќи на прашања од Обвинителството, таа откри дека пиротехничките средства не биле поставени од самиот почеток, туку дополнително, додека посетителите веќе биле внатре. […]

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, но забавата не беше прекината


Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки […]

Родителите на загинатите во „Пулс“ од Штип: Чекориме затоа што вистината мора да излезе на виделина и одговорност мора да има


Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска маршираа низ Штип. Од градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порачаа дека денес во Штип чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили – оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата.  -Во рацете ги носиме […]

Адвокатите на обвинетите во „Пулс“ инсистираат да сведочат повредени од пожарот и покрај нивните трауми


На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, одбраната на обвинетите предизвика бурни реакции со инсистирањето да сведочат повредени кои се наоѓаат во тешка психофизичка состојба. Поточно одбраната не дозволува повлекување на сведоците, иако обвинителството побара повлекување на дел од сведоците поради […]

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“


На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина.  Сведокот пред судот појасни […]

Судење за „Пулс“: Пожарот се раширил за 30 секунди предизвикувајќи општ хаос и стампедо кон единствениот излез


Околу 2 и пол почна огинот и им реков на другарите да излезат, тие не беа свесни сè уште, ја фатив девојка ми и ја истуркав заедно со другарка ѝ. На масата остана таа, не сакаше да излезе, и јас и нејзиниот дечко ја фативме за раката, зад нас имаше девојчиња на маса, не беа […]

Анализи имало, но резултатите се во Обвинителството – родителите прашуваат од што им умреле децата во „Пулс“


Дел од родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ утрово, на Велики Четврток, ја посетија Судска медицина во обид да добијат одговори за обдукциските наоди, но наместо конкретни информации добиле само потврда дека се направени токсиколошки анализи, без да им бидат соопштени резултатите. Посетата следува по повеќедневен институционален молк, а семејствата и по овој […]

На Величетврток родители на загинатите во Пулс одат пред Судска медицина во потрага по одговори


Дел од родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ утрово, на Велики Четврток, се упатија кон Судска медицина, во обид да добијат одговори за обдукциските наоди, откако поминаа пет дена без институционален одговор на нивните барања. Овој чекор следува по низа обвинувања дека институциите повеќе од една година не обезбедуваат јасни информации за причините […]

Починатиот управител на „МММ кафе“ никогаш не работел во „Пулс“


Во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, со сведочење на Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски. Сведокот изнесе шокантни тврдења за работниот ангажман на неговиот син, посочувајќи дека тој бил поставен за управител на фирмата „МММ кафе“ без своја волја и без здравствено осигурување. Според сведочењето, Александар […]