Судење „Пулс“: Суштинските прашања како да се најтешки за поставување


 Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.  На минатото рочиште […]

Внатрешните преправки во „Пулс“ го оневозможиле евакуирањето


Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е […]

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека


Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е […]

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски,  кој […]

Дигитализацијата не е доволна да се спречат трагедии – треба инспекции, предупредува Институтот за демократија


Дигитализацијата не е доволна за да се спречат нови трагедии, а системот за контрола на угостителските објекти сè уште има сериозни слабости, предупредува Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Во нова анализа се бараат посуштински реформи, построг надзор и поголема одговорност на институциите. Петнаесет месеци по трагедијата во Кочани, измените на Законот за угостителска […]

Началничка Марија, Весна Инспекторка приватен, Лазе Ж`ти, Ацо командант: Со овие лица газда Деко контактирал за да „тера“ бизнисот


Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки […]

Нови кривични пријави за „Пулс“: Осум инспектори осомничени дека со години не вршеле контроли


Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата овозможиле дискотеката „Пулс“ во Кочани со години да работи без инспекциски надзор. Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство во Кочани и се однесува на С.Ш.С. (53) од […]

Родителите на починатите деца од „Пулс“ не сакаат изземање на обвинителката Сарамандова


Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат […]

Нови докази во случајот „Пулс“


 Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на […]

Шабан Салиу не потпишал дел од контролите на ДЗС за „Пулс“: Кој го држел пенкалото?


Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на […]

На рочиштето за „Пулс“ презентирани видеа со времето на пристигнување на полицајците пред дискотеката


Видеозаписи, од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и на активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Судењето продолжува на 8 јули со сослушување сведоци предложени од Обвинителството. Пред судот денеска […]

На судењето за „Пулс“ презентирани докази како работеле градежните инспектори


Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази, кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни […]

Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот […]

Обвинителството изведе докази за фирмите и управителите поврзани со „Пулс“


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – […]

Документи за сопственоста и доградбите на „Пулс“ се презентираа на денешното рочиште


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, треба да се изведуваат материјални докази од Обвинителството


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, […]

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази


Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на […]

Ниеден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници […]

Одбиено барањето за изземање на судијка поротничка, предметот за 13 полицајци од Кочани оди на главна расправа


Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.  На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од […]