Петровска: Покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, овојпат со Португалија


Денеска е важен ден за нашите министерства и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција по […]

Петровска: Споменици ќе има на сите три локации и тоа ќе го направи Министерството за одбрана


 Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА, да даде коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик […]

За Словенија утре заминуваат најмалку 100 војници


  Министерката за одбрана Славјанка Петровска најави дека утре за Словенија ќе заминат сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија. – Жалам што и оваа трагедија што се случува во Словенија се користеше за разни шпекулации, изнесување лаги и невистини во македонската јавност, дека доцниме со помошта. Не сакавме […]

Петровска понуди помош на Словенија во справувањето со последиците од невремето


Подаваме рака на пријателска Словенија. Подготвени сме да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа посочи дека со големо жалење ја следат состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и […]

(Фото) Кученце се качи на бината додека зборуваше Петровска – министерката одлучи да го вдоми


Несекојдневен настан се случи денеска во касарната „Јане Сандански“ во Скопје. Додека свој говор имаше министерката за одбрана Славјанка Петровска, мало улично кученце се качи на бината срамежливо барајќи вода. Истото кученце дефилираше и додека им честитаа на новите потпоручници и офицери во Армијата, со што ова кученце ги освои срцата на сите присутни. Пред […]

Петровска: Армијата забрзано се модернизира, пристигнати се 32 оклопни возила


Министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за ТВ24 рече дека продолжува силното темпо на модернизација на Армијата поддржано со значајни инвестиции. – При процесот на модернизација на Армијата многу се важни два сегмента: прво е важно да имате стабилен план кој е одржлив и може да биде реализиран и второ да имате соодветно финансирање, […]

Петровска: Безбедносната реалност бара да бидеме јасни во осудата на воената агресија на една врз друга суверена земја


Реалноста на нашиот континент, колевката на човековата цивилизација, се соочува со конвенционална војна, нешто што беше незамисливо пред нешто повеќе од една година. Токму оваа нова безбедносна реалност побарува сите ние, чинителите во безбедносната сфера, да бидеме јасни во осудата на воената агресија на една земја врз друга независна и суверена држава, да бидеме гласни […]

Петровска со иницијатива за подигање спомен-обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце


Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје, објави министерката за одбрана Славјнка Петровска. – Овие настани не […]

Македонската армија набавува модерни оклопни возила и транспортери, а се ослободува од застарените од 1984 година


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на брифинг со уредници и новинари информираше за процесот на модернизација и опремување на Армијата со кој во континуитет се менува ликот на Армијата и се зголемува нејзината борбена готовност. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении, министерката порача дека станува збор за сеопфатни […]

Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република


Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката Славјанка Петровска денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република. За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, а бидат одржани и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти Министерството за одбрана. Петровска ќе се сретне и со […]

Петровска: 24 лица и кучиња трагачи ќе бидат испратени во Турција да помогнат


– Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва објави дека Министерството за одбрана и Армијата испраќаат итна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција.   -На предлог на Министерството за одбрана, Владата на вонредната седница донесе одлука да бидат испратени тим за заштита и спасување од Армијата, кучиња трагачи и хуманитарна помош во […]

Петровска: Да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски


Треба да продолжиме со брзо спроведување на нашите обврски со почитување на временската релевантност на идните активности. Првенствено, треба да се фокусираме на надминување на идентификуваните празнини во развојот на нашите способности и да ги усогласиме доделените цели за способности и треба да бидеме целосно посветени на имплементацијата на ветувањето за инвестиции во одбраната. Ова […]

(Во живо) Ковачевски и Петровска за буџетот за одбраната


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска ќе одржат прес-конференција за новиот Буџет на министерството за одбрана за 2023 година.

НАТО студентска симулација: Бидете гласни за вредностите и се тоа што НАТО го штити


Почитувани идни мои колеги, демократските вредности и слободи се толку втемелени во нашето секојдневие, но тие се кревки и затоа треба повторно и повторно да укажуваме дека борбата за демократија, слободна еднаквост никогаш не запира, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на студентите кои беа дел од денешната „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по […]

Петровска: Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата


Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата и тоа е она што граѓаните треба да го знаат. Не оставаме ништо на случајност и службите, секоја во своја надлежност преземаат дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Во одговор на новинарско прашање на денешната деветта НАТО студентска симулација, […]

Инфраструктурната заштита значајна во процесот на подобрувањето на безбедносниот систем


 Преку јакнење на инфраструктурната заштита ќе се обезбеди подобрување на безбедносниот систем, што е особено значајно во овој период кога светот се соочува со кризи од кои произлегуваат различни закани и опасности, заклучија учесниците на денешната Меѓународна конференција „Приватната безбедност во заштита на критична инфраструктура“ што се одржува во рамки на Деновите на приватно обезбедување […]

Петровска ги поднела до одговорните лица за истрага сомнежите и материјалите од Ковачки


„Благодарам за упатената доверба од страна на пратеникот Ковачки во мене како министерка. Неговите сомнежи и доказни материјали денес се поднесени до одговорните лица за понатамошна истрага“, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска не нејзиниот фејсбук профил. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Драган Ковачки синоќа во ТВ дуелот во „Само […]

Предметот на донација е сè уште во фаза на преговори со украинската страна, вели министерката Петровска


 Во моментов, генералштабот на Армијата како стручно тело ја прави анализата, штом ја завршат и донесат свој став, јас нема да има проблем тоа политички да го поддржам и проследам понатаму, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во врска со најавениот четврт пакет донација за Украина. Министерката Петровска во гостување на „Топ Тема“ истакна дека […]

Петровска: Придонесот на жените како лидери е поважен од зголемувањето на процентите


„Северна Македонија е позитивен пример во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива и тоа го кажувам од личен пример – јас сум министерка за одбрана и не сум првата жена која била поставена на оваа позиција. За мене е многу важно придонесот на жените да се гледа од квалитативен аспект, како жени лидери и […]

Петровска: Решавањето на отворените прашања на Балканот клучно за заедничката безбедност


На последниот Самит во Мадрид, што беше многу важен во ова критично време, НАТО порача дека секој сантиметар од својата територија е важен и, второ, дека ги зајакнуваме нашите капацитети за да одвратиме и да се одбраниме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на форумот „2BS – To Be Secure“ во Будва, Црна Гора, на […]