За Димитриеска-Кочоска навредата кон Петровска била „лажна тема“, служела за дефокус


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска изјави дека нејзиниот настап вчера во Собранието со кој што ја омаловажи пратеничката Славјанка Петровска дека не може да дискутира за потрошувачката кошница бидејќи нема деца, била „лажна тема“ и служела за дефокусирање на јавноста од поважни теми. Одговарајќи на прашање на новинарите на прес конференција во […]

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме


ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача  пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во  емисијата „Само вистина“ на Канал 5. -Од една средба, која навидум требаше да […]

На ден пред изборoт: Петровска се откажа од трката за лидер на СДСМ


На еден пред изборот за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска официјално се откажа од трката. Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка на опозициската партија веќе испратила и официјално писмо до Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува својата кандидатура. Причината како што вели таа, се бројните неправилности кои ги направиле општинските организации, за […]

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата


Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба. Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ. „Мојата програма “Манифест на социјалдемократијата” во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на […]

Петровска: На Северна Македонија не ѝ треба слаба опозиција


Славјанка Петровска, досегашната министерка за одбрана, денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. – Денес, после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа […]

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ


Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во текот на утрешниот ден се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ.  Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи […]

Петровска во посета на компанијата „Актива“ во Штип, компанија која е регистрирана за учество на пазарот на НАТО


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ја посети компанијата „Актива“ во Штип, која од крајот на февруари е внесена во евиденцијата на економски оператори од Северна Македонија кои можат да учествуваат на тендерите на НАТО. Со членството во НАТО, како што информира Министерството за одбрана, македонските компании добија можност за пристап до пазарот на […]

Петровска ќе информира за набавката на нови хеликоптери за Армијата


Министерката за одбрана во техничката Влада Славјанка Петровска, денеска на брифинг со претставниците на медиумите ќе информира за набавката на нови хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија. На брифингот, како што соопшти Министерството за одбрана,  презентација ќе одржи заменикот командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Игор Чкоров. 

Не се исклучува можноста да примиме на лекување војници од Украина


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина. – Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе […]

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид


Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се […]

Нема причини за враќање на задолжителниот воен рок, вели министерката Петровска


Немаме зголемена безбедносна закана во земјата за да го враќаме служењето на задолжителниот воен рок, а за тоа ќе треба вложување и на многу дополнителни финансиски средства, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за МИА дадено по завршувањето на денешното заседание на Северноатлантскиот совет во Брисел. – Кога зборуваме за можноста за враќање […]

Меморандум за соработка меѓу Скопскиот универзитет и Министерството за одбрана


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и Министерството за одбрана потпишаа Меморандум за соработка со кој на студентите им се овозможува практична настава, препораки за вработување на најдобрите во областите од интерес на одбраната, стипендирање студенти од критични специјалности и промоција на воената професија на студентите на Скопскиот универзитет. Меморандумот денеска го потпишаа министерката за одбрана […]

АРМ набавува хеликоптери од Италија, тенкови од САД, артилерија од Франција и Турција


Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во интервјуто за 360 степени најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако во рамките на Министерството и Армијата, понудата на италијанската компанија „Леонардо“ била потврдена како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на армијата. „Пред […]

Став на Министерството за одбрана за Ревизорскиот извештај за 2022 година


Министерката за одбрана уште на 30 септември 2022 година од Државниот завод за ревизија побара да се изврши ревизија во Министерството за одбрана заради зголемување на транспарентноста, отчетноста во користењето на јавните средства и во одговорноста во извршувањето на законските надлежности, токму за да се согледа ситуацијата и да се утврдат евентуалните неусогласености за да […]

Петровска потпиша договор за набавка на делови за воздухоплови од Чешка


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денеска во Министерството потпишаа Рамковна спогодба со која прв пат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хеликоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите Злин 242Л. Од […]

Петровска: Нема реална закана за безбедноста во државата


 Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, службите, безбедносно – разузнавачката заедница будно ги следат случувањата во Израел и Украина, разменуваат информации и на национално ниво и во рамките на НАТО алијансата и соодветно се подотвуваат доколку се лоцира предизвик да се реагира, изјави министерката за […]

Петровска: Придонесот на Командата за операции е сеопфатен


Припадниците на Армијата кои со своето учество во мултинационалните сили во НАТО, Латвија, Романија и Бугарија даваат суштински придонес кон колективната безбедност на НАТО, во најголем дел доаѓаат токму од Командата за операции. Вашиот придонес е сеопфатен, а ние ќе работиме на подобрување на условите и на поголема мотивираност кај секој припадник од единиците на […]

Петровска ќе ги посети македонските војници кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија, соопшти Министерството за одбрана. Во базата во Ново Село каде што се сместени мултинационалните сили на НАТО, министерката Петровска и нејзиниот бугарски колега Тодор Тагарев ќе бидат пречекани од […]

Петровска: Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се чувствуваат


Тие имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Правото на самоопределување на секој еден граѓанин, без разлика каде и на која територија се наоѓа, е една од темелните европски вредности, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска прашана за коментар во врска со бугарски притисоци кон […]