Пенов : Општините не ги користат ингеренциите што им ги дава Законот


Податоците укажуваат дека оваа година сите општини имаат зголемен трошоците и долгови во споредба со лани, вели министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за МИА, посочувајќи дека земјава е пониско децентрализирана од европските стандарди, при што имаме неискористеност и на овие ингеренции коишто законот им ги дава на општините. Во однос на спорот […]

Со пари од ИПА ќе се отвора граничниот премин Берово – Струмјани


Во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка, заедно, во двете држави, досега се реализирани 178 проекти во вкупна вредност од скоро 40 милиони евра, додека во новиот, трет програмски период за периодот од 2021-2027 година, се предвидени над 30 милиони евра со фокус на проекти за интегриран развој, за развој на мали и средни […]

Пенов: Имаме инструмент за отстранување на блокадите, протестот добива политички облик


Владата има инструмент за отстранување на блокадите на Скопје од страна приватните превозници. Засега ситуацијата се следи и анализира, и сè уште не се исрпени сите можности за решение, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител. Протестот, според него, зема се поголем замав и по она како […]

За данокот на имот ќе се бара системско решение, општините да вложат напор за да ја подобрат наплатата


  Заштитата на животната средина, транспарентноста, урбанистичкото планирање, локалниот економски развој и социјалната заштита, се услугите од кои граѓаните на локално ниво се најнезадоволни. Постигнати се едвидентни успеси во однос на намалувањето на наследените долгови на општините, но овој проблем не е целосно затворен. И денес има општини со наследени долгови кои ги надминуваат нивните […]

Девет општини од земјава добитници на „Европската ознака за извонредно управување” на АЛДА


На девет општини од Северна Македонија, шест од Косово и три од Хрватска денеска им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа […]

Пенов-Ангелов: Целосно реализирани ИПА прекуграничните проекти помеѓу Северна Македонија и Бугарија


 Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов оствари средба со амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов. На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, како и за перспективите на процесот на интегрирање на државата во Европската Унија, информира Министерството за локална самоуправа. Пенов […]

Министерството за култура ќе ја доградува Универзална сала


  Министерството за култура ќе ја доградува Универзална сала, а Министерството за локална самоуправа ќе соработува со Градот Скопје за реализација на капиталните објекти во метрополата. Ова е резултатот од денешната средба која ја имаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Средбата […]

Пенов: Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП


Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат. – Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. […]

Продолжува расправата за изборот на Пенов за министер за локална самоуправа


  Во Собранието денеска треба да продолжи 88. седница на која ќе се расправа за изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и за изборот на уставните судии. Предлогот Пенов да биде министер за локална самоуправа доаѓа откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини. Премиерот Димитар […]

Расправата за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува в петок


  Во Собранието денеска втор ден пратениците расправаа за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. И денеска ставовите на пратениците од опозицијата и власта беа спротивставени. Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да […]

Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа


Во Собранието денеска продолжи дебатата на пратениците за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Расправата траеше два часа, по што потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде пауза до 15 часот. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните се дискутира за министерски функции и фотелји. […]

Собранието ќе расправа за избор на Пенов за министер за локална самоуправа


Собранието денеска се очекува да отвори дебата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, откако неговиот сопартијец и претходник Горан Милевски поднесе оставка на функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница, на која денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски. […]

Владата ќе ја испрати до Собранието номинацијата на Пенов за министер за локална самоуправа


  Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини. […]

Зајкова откри зошто ЛДП го предложи Пенов за нов министер за локална самоуправа


Ристо Пенов никогаш не се оддалечил од Либералдемократската партија и секогаш бил тука во рамките на својата советодавна улога, но и како претседател кој што одбележил добри резултати во текот на неговото претседателство со партијата, изјави потпретседателката и пратеничка од ЛДП, Моника Зајкова, откривајќи зошто поранешниот градоначалник на Скопје е предложен да биде министер за […]

Милевски се повлекува од Владата, ќе го замени Ристо Пенов?


Горан Милевски идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата. Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално. -После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска […]